Сакам да студирам Архитектура

Член од
27 јуни 2012
Мислења
15
Поени од реакции
10
За физика не се плаши, еден семестар мислам беше, и ако предава уште истата професорка нема да имаш проблеми, ќе ви дава семинарска во која треба да имаш куп текст и слики и тоа е.... не се сеќавам дали имаше колоквиум, значи лесен било...
Тригонометрија? има предмет нацртна геометрија, еден од најинтересните и најважните, трае само првата година, ако редовно си ги завршуваш вежбите нема да имаш проблеми... и асистентите се фини, ќе ти помагаат многу.... Бранко веќе е пензиониран, новиот тогаш беше асистент...
Во прва година ќе имаш проблеми со Архитектонски Конструкции и Принципи на статика...

Ова важи ако се примиш, а за приемниот не знам што има сега.....

Архитектура историја??? ќе те здосади историјата на архитектурата, верувај ми...
Знам малку касно дека реагирам, АМА

Нема дефинитивно да си имаш проблем со конструкции пошо Марина ги држи сега и ич не се замара. Десетка извадив лани а на ниедни вежби не работев.

Исто така, статика, јакост на материјали, теорија на конструкции, дрво, челик, бетон, шо и да е од таа низа, се тоа се предмети поврзани со физика. То ест, не се физика ко од средно, кога учевме генерално за сите области, туку конкретно се бави (општо кажано) со тоа шо треба да направиш за да не се сруши нешто. Тромбева ги држи предметиве до втора година (освен Теорија на конструкции) и направени и се за да имаш повеќе шанси за поени да собереш (4 тематски вежби и 2 колоквиума (плус семинарска за дрвени)), така што треба да учиш во текот на годината, ама се поминува и само со тематските + присутство (зашто колоквиумите и се невозможни). А Теорија на конструкции мислам и дека нема некој паднато, зашто професорката е многу фина и треба само една семинарска да напишеш на крајот на семестарот, а колоквиумите и се прелесни. До прв колоквиум има прелесни задачи шо ги дава за домашна, а после тоа е рашавање на некоја конструкција во еден програм (шо некој од асистентите ќе ви ја реши и треба да ги средите резултатите само) За предметите од физика за трета и погоре не знам, ама засега е вака.

АМА ОД ИСТОРИЈА ЌЕ УМРЕШ. Сериозен сум. Кога ќе видиш колку многу работи имаш да научиш, колку многу цркви има и дека треба да знаеш да ги нацрташ, да знаеш кога се изградени, од кого, каде, што е специфично за нив, фасадна обработка, куполи, фрески, атриуми, аркади, нартекси, транзени, трансепти, тромпи, пандантифи, аркосолиуми, не знам што уште не, ИИИИИ ова се у сред колоквиумска во која треба да учиш и за 8 други предмети, ќе посакаш да си умреш. И нели, паѓаш ако ПОМИСЛИШ на препишување, пошо Касапова чита мисли. Само стар век е лесно, ама тоа е еден семестар. На нас само шо ни заврши колоквиумска и не знам како преживеав.

Мислам, да не те плашам, ама малку си е тешко некогаш, пошо професорите немаат осет и не комуницираат меѓу себе, па ни закажуваат ден за ден презентации и слични срања и некад не знаеш главата кај ти е.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
24
Поени од реакции
0
Дали некој ја има Конструкции од Деплацес на Македонски Јазик во pdf? :))
 
Член од
6 април 2014
Мислења
57
Поени од реакции
44
Ги прочитав скоро сите коментари но тие се од 2007-2011 но сепак како да не ми се доволни одговориве хаха :cautious:. Значи учам средно економско училиште математика имавме само во прва и втора година но џабе математика сум тапа едвај 2 :S , не цртам уметнички ама ми оди. Сакам да знам дали многу се бара математика да се знае :( и некој како мене шо нема појма математика да се запиши на архитектонски? и дали се исти приемните како и порано.. Фала :oops:
 
Член од
16 март 2013
Мислења
78
Поени од реакции
95

на архитектонски нема никој појма од математика :) така да, ќе се влечеш со толпата надевајќи се дека професорот ќе ти даде шестка :D
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.542
Поени од реакции
5.096
Po kolku predmeti se polagaat vo eden semestar?
Колку ти душа сака....
Но зависи од кој семестар, некои предмети се со семинарски само, кај некои само треба да бидеш редовен итн.
Колку што се сеќавам имаме по 9 предмети во семестар.[DOUBLEPOST=1397669399][/DOUBLEPOST]
Ги прочитав скоро сите коментари но тие се од 2007-2011 но сепак како да не ми се доволни одговориве хаха :cautious:. Значи учам средно економско училиште математика имавме само во прва и втора година но џабе математика сум тапа едвај 2 :S , не цртам уметнички ама ми оди. Сакам да знам дали многу се бара математика да се знае :( и некој како мене шо нема појма математика да се запиши на архитектонски? и дали се исти приемните како и порано.. Фала :oops:
Ако ни математика ни цртањето не ти идат, не се регистрирај брат во архитектонски.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
57
Поени од реакции
44
Абе за цртање цртам убо сеа не можам портрет да ти напрам ама цртам убо . А за математика тро послабо ич не ми оди :(:( а само архитектонскиов факултет ми е по ќеф .. :unsure:
 
Член од
19 јануари 2014
Мислења
4
Поени од реакции
0
Колку ти душа сака....
Но зависи од кој семестар, некои предмети се со семинарски само, кај некои само треба да бидеш редовен итн.
Колку што се сеќавам имаме по 9 предмети во семестар.[DOUBLEPOST=1397669399][/DOUBLEPOST]
Ако ни математика ни цртањето не ти идат, не се регистрирај брат во архитектонски.
a ima li mnogu teorija ili poveke e crtanje ?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.542
Поени од реакции
5.096
Абе за цртање цртам убо сеа не можам портрет да ти напрам ама цртам убо . А за математика тро послабо ич не ми оди :(:( а само архитектонскиов факултет ми е по ќеф .. :unsure:
Не ти треба портрет, треба перспективата да ја разбираш, да имаш око за цртање.
Поентата ми беше тоа мора да имаш или талент(око) за цртање, или интелигенција, двете веќе е супер.
Математика имаш само првата година, но три години имап статика кај кои се бара знаење на елементарна математика.

Ако имаш волја можеш многу лесно да завршиш, но да станеш архитект малце потешко иде.[DOUBLEPOST=1397683941][/DOUBLEPOST]
a ima li mnogu teorija ili poveke e crtanje ?
Повеќе цртање има, но и теоријата не е за потценување, историтре очи ќе бодат, до 4 гоф се.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Se bara rabotnik za 3D vizualizacija

Потребно познавање на следните програми:
3d studio max
vray
photoshop

Исто така лицето треба да има способност за интерпретација на архитектонски планови од кои ќе се прават визуализациите.

Сите кандидати треба да пратат слики/рендери од нивните трудови.

cv и слики/рендери на следниот емаил: oglas3d@vizcraft.com
 
Член од
18 јуни 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Zdravo, planiram da opisham arhitektura dali bi mozel nekoj da mi kaze kakov e priemniot ispit i sho potocno se baralo od kandidatite pri upis? :)
 
Член од
7 септември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo planiram da se zapisam arhitektura vo skopje sega sum cetvrta godina gimnazija i imam zapisano prirodno matematicki podracje A i sakam da znam kakov e priemniot ispt dali treba dobro znaenje na matematika imam slusnato deka ima golem broj crtezi na testot dali se teski bidejki koga ucevme proekcii na tocki vo prostorot ili dadena ramnina ne se snaogav bas dobro :D
 
Член од
7 октомври 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
dali nekoj moze da mi kazit kade da najdam priemni ispiti za arhitektura ..ili da odam na casovi za arhitektura kako odi toa potocno so se polagat i nekoe prasane primer ? :D
 
Член од
25 февруари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
dali nekoj moze da mi kazit kade da najdam priemni ispiti za arhitektura ..ili da odam na casovi za arhitektura kako odi toa potocno so se polagat i nekoe prasane primer ? :D
Одев на подготвителна настава што ја организира факултетот (отприлика се одржува во периодот од 20 јуни до 5 јули). Она од часови што го научив со тоа и отидов на приемен, без некое си вежбање дома и влегов во државна квота. Задачите на испитот се ЕПТЕН лесни. Прво имаш 3 тела кои треба да ги зголемиш односно да ги намалиш во даден размер. После имаш неколку логички задачи како делење фигура на еднакви делови и други глупости, битно едноставно е. Трето, ќе ти бидат дадени коцки поделени на помали коцкички обично 3x3 или 4x4, и од тие малите коцки некои ќе ти бидат одбележани, па треба да ги исфрлиш и да го нацрташ телото како ќе изгледа без нив. И последно 3 тела кои треба три пати да ги изротираш. И во главно тоа е се'. Ќе се потрудам да најдам некои тестови, па ќе ги постирам. И сега си викаш гајле и е на оваа сигурно нема да бара, ама напротив знам како ми беше мене кога немаше кој да ми објасни, па бев целата збунета, така да ако ти треба нешто слободно прашај.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom