Сакам да студирам Архитектура

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Не бе, не мислам за цртање. Мислам дека за со 6ка може секој да помине, а исто ги вреднуваат дипломите. Многу нормално дека не може баш секој да го заврши факултетот, ама не значи тоа дека сите се исти. И на светско ниво има добри и лоши архитекти. Само што тука имаат иста шанса да добијат работа и тие подобрите и тие не толку добрите и затоа викам дека е штета што од факултетот ќе излезат толку многу архитекти. Мислам, за мојата генерација карикирав, не дека стварно има 300, нема ни капацитет за толку, ама и 130 се многу, според мене.
Сега си втора? 6ка е 10ка на Архитектонски, буквално. За бројот на примени студенти се согласувам, Македонија е втора мислам во светот по архитекти на жители.
Пак се буниш добри лоши криви прави ситни крупни се е од лична перпектива,од нечиво мислење итн итн такви коментари. Ако ти од 500 души си успеал да влезиш во тие 120 значи те бивало и си ни помалку ни повеќе појак/послаб од колегите твои и крај на муабетот. :)
 
Член од
27 јуни 2012
Мислења
15
Поени од реакции
10

Добро, крај нека биде, само да не дојде до некаква забуна - не се споредував себеси со другите, да не испадне дека напишав така за да се фалам. Поентата ми беше токму тоа дека има премногу архитекти и не може да се истакнат најдобрите заради таа ситуација. Ама ај, стварно е така, некој за некого е добар, истиот за друг е лош, па бесцелен е муабетот :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
Добри коментари.. но сепак стари-2007-2010... ако може некој да прати нешто поново за факултетот.Јас сум трета па за 1,5год факултет.Како што гледам ќе се донесе закон државна матура морално е математика..
Најпрво да прашам што би било доколку се запишеш со завршен испит и со државна матура завршено?
Прочитав дека математика има само една година понатаму е лесно со дигитрон итн...2007-дали е сеуште така?
Исто така прочитав дека едни од поважните предмети се физика,техничко цртање, математика.Бидејќи немам физика а сепак сум средно стручно Владо Тасевски-скопје дали ќе може некој да прати кој делови највеќе се користат:светлина,топлина,звук друго?
Освен физика математика кој делови највеќе се користат:тригонометрија?? нешто друго?...
Доколку ги имате задолжителните предмети ако може да ги пратите?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
Предлози за книги кој ќе ми користат.. мислам да идам во областа на архитектура-историја...
сакав да прашам што би било подобро autocad2000.. или да пробам со поновите autocad2010... иначе го знам autocad2000 -две години го имам изучувано...планирам истовремено да пробам и од другите програми.. но да прашам за овој..
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.302
Поени од реакции
4.685

За физика не се плаши, еден семестар мислам беше, и ако предава уште истата професорка нема да имаш проблеми, ќе ви дава семинарска во која треба да имаш куп текст и слики и тоа е.... не се сеќавам дали имаше колоквиум, значи лесен било...
Тригонометрија? има предмет нацртна геометрија, еден од најинтересните и најважните, трае само првата година, ако редовно си ги завршуваш вежбите нема да имаш проблеми... и асистентите се фини, ќе ти помагаат многу.... Бранко веќе е пензиониран, новиот тогаш беше асистент...
Во прва година ќе имаш проблеми со Архитектонски Конструкции и Принципи на статика...

Ова важи ако се примиш, а за приемниот не знам што има сега.....

Архитектура историја??? ќе те здосади историјата на архитектурата, верувај ми...

Аутокад е добар, сега мислам може да го најдеш и Аутокад 2014, но до 2012 ја работев и нема многу разлика од 2010 - та
Арчикадот е добар програм, ќе ти помага да ги дигнеш објектите во 3Д многу лесно и брзо, и може некако да соработува со Аутокадот...
 
фала.. иначе за историја.. дефинитивно нема да ми здосади.Јас мислев да се запишам за историја нешто професор...-ама дека имаме само 2 год историја баталив..а тоа ќе ми биде главен предмет таму..
 
Член од
16 март 2013
Мислења
78
Поени од реакции
95
Предлози за книги кој ќе ми користат.. мислам да идам во областа на архитектура-историја...
сакав да прашам што би било подобро autocad2000.. или да пробам со поновите autocad2010... иначе го знам autocad2000 -две години го имам изучувано...планирам истовремено да пробам и од другите програми.. но да прашам за овој..
некои посебни книги засега не ти требаат можеш на нет да си бараш инфо за архитектонскиот простор да се обидеш да го разбереш просторот, да бараш како треба да размислуваш за просторот како архитект, затоа што тоа е суштината ПРОСТОРОТ. има некои интересни клипчиња по нетов how to thing like architect и слично можеш да навлезеш малку во тоа но не премногу да си го тупиш. гледам дека си се попалил малку за архитектура, олади човече, не е којзнае што и тоа е само една професија која се учи.
совет да продолжиш со стредното и да учиш со разбирање а не да ги имаш сите 5ки начукано и кога ке дојдеш на архитектонски да немаш појма што се дешава околу тебе, зашто во стредно ти биле важни оценките само, кај нас во архитектонски се снаоѓаат најбистрите и логичарите, и они кои гледаат реално на работите а не оние кои за целите студии се во некој филм дека се архитекти и се кој знае што паметни затоа што можеле во средно да набубаат цела книга. кај нас нема бубање во нашиот факс.
друго можеш да си вежбаш во слободно време слободорачно цртање и да увежбаш цртање на прави линии сигурно со еден потег, тоа ти е скил кој ти треба за приемен.
аутокад 2000 не користиме, работи си на 2010 или 2012, во принцип сите аутокад верзии ги имаат истите команди и функции со мали измени така да ако знаеш 2010 аутокад ќе знаеш да бараташ и со другите понови или постари верзии.
исто ти е ако знаеш да работиш на word 2003 не ти треба да некој посебен курс за да работиш на word 2007 само малку ти треба да се навикнеш на новата верзија.
 
Јас сум среќен што стигнав до тука.. и што планирам факултет :) основно требаше да паднам некако се спасив.. кога одев на запишување средно немав каде да се запишам сакав гимназија па морав птт.Почнав да учам и не очекувам све пет... не ни можам.Слаб сум математика иначе шарени оценки од се по малце математика така послабо.. ама имам со кого да вежбам за да знам повеќе.
--- надополнето: 29 ноември 2013 во 00:23 ---
Јас сум среќен што стигнав до тука.. и што планирам факултет :) основно требаше да паднам некако се спасив.. кога одев на запишување средно немав каде да се запишам сакав гимназија па морав птт.Почнав да учам и не очекувам све пет... не ни можам.Слаб сум математика иначе шарени оценки од се по малце математика така послабо.. ама имам со кого да вежбам за да знам повеќе.
освен кецови..
но некад може да се деси да стаат некој али се поправа
 
Член од
22 декември 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво! Ги имам прочитано речиси повеќето коментари, но некако не пронајдов соодветен одговор на моите прашања а тоа се: Дали би имала можност за влез на Архитектонскиот факултет доколку годините во гим. ги имам завшено со 4, и дали повеќе влијае приемниот испит отколку резултатите од средно. Ви благодарам однапред. :)
 
ако направиш добар приемен ќе поминеш иако не си бил одличен во средно
 
Член од
22 септември 2013
Мислења
19
Поени од реакции
2
Има некој на форумов кој се запиша на АФ оваа година за да сподели информации како мина на приемниот ( што имаше, тоа ли што го вежбаат на часовите што ги нуди факултеот и сл. ) :D
--- надополнето: 7 јануари 2014 во 01:01 ---
Инаку бесплатна ли е подготвителната настава што ја нуди факултетот ?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
Еве јас сум бруцош. Ќе се потрудам да ти одговорам најдобро што можам, зошто знам како ми беше мене кога барав одговори :D
Подготвителната настава што ја дава факултетот НЕ е бесплатна, 6 дена припреми 6000денарчиња, и плус имаше Демо испит кој чинеше плус 2000 и беше ден пред да почнат припремите. А на крајот од припремите си имаше вклучен уште еден демо исипит, така да ќе си земеш едно од овие две. На припремите ги решивме и задачите што паднале на првото демо и плус уште дополнителни примери и задачи со истите принципи паднаа и на последното демо и на приемниот испит.
Тоа што најмногу те интересира што задачи беа, знам :D
Епа, 3 логички, за тоа не те спремаат, сам треба да си спремен, ама беа мноооогу лесни, барем според мене. Броење на отсечки и делење на исцртана фигура на еднакви делови и слично.
Другото... Имаше 3 задачи со дадени погледи на тело, ти да го исцрташ телото во 3Д.
Дадено тело ти да му исцрташ погледи, од напред, од страна, од горе.
Дадено тело и да го зголемиш 2 пати.
Ротација на тела. Дадено тело и даден да речеме еден раб на телото за ориентација и да го исцрташ во бараната ротирана положба. Мислам беа 2 тела ама по 2 положби за исцртување.
И коцки 3х3; 4х4, поделени на квадратчиња, обележано кои квадратчиња да минусираш и да го исцрташ како би изгледало конечното тело.
Значи за се` ова ве спремаат на факултет. На припремите потешки примери решававме, на приемен дадоја полесни. Ма да пак, имаа тежина. Испитот се решава СТРОГО со слободна рака. Тие ти даваат молив, гума и машинка и ќе ти нагласат дека гумата не смееш да ја користиш како лењир за поправи да ти бидат линиите. Само моливот за мерење пропорции. :D
Инаку овогодинешнава генерација не беа нешто јаки резултатите во однос на минатите. Се` си зависи до конкуренцијата.
Има и професори кои даваат часови и земаат многу пари. Доволно е да си појдеш на факултетот ти и топ си. Ја не повежбав ништо настрана од примерите кои ни ги даваа на припреми па еве ме. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom