Сакам да студирам Архитектура

Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Ја прв семестар уште сум,ама знам со сигурност дека немав време да се ишишам два месеци xD Не е толку напорно поголемиот дел од времето и нема многу губење сон ако си фатиш се со ред, ама мене некако не ми доаѓа со ред да фатам ништо, па све у последен момент завршувам, па редовно губам сон. Ако си работлив ќе немаш проблем, само ќе мораш од многу работи да се откажеш, затоа што од 9 до 6 си на факс најчесто, а работата од факс ја носиш и дома, па немаш многу време за себе и за пријатели. Односно, имаш време или за одмарање, или за пријатели; можеш неколку часа од денот за едното или за другото да извлечеш, ама двете, барем јас колку што имам увидено, не можеш да ги имаш :Р Викаат полесно било после прва година, само сега мучење е затоа што се на хартија работиме и најпроста работа зафаќа многу време. Ама на слатки маки си барем, ако уживаш во тоа што го правиш (да не беше студиото ќе полудев).
Читав на претходните страни нешто, но какко што сфатив измени нешто не знам што, можеш ли точно да ми прецизираш што има и што да се спремам за приемниот?
 
Член од
27 јуни 2012
Мислења
15
Поени од реакции
10
Епа вака. Имаше бајаги различен тест годинава. Колку што разбрав, имало порано слободорачно цртање; помладиве наши професори столици цртале, што е ужасно тешко да се нарта. За нечива среќа, сфатиле професориве дека не им треба толку способност за цртање на архитектите, па го смениле во перцептивна способност тестот. Имало порано и математика и статика нешто основно, ама и тоа го исфрлиле.

На овој испит имаше само премногу основна нацртна геометрија, ако може и така да се нарече. Имаше да се зголеми даден предмет двапати (финтата беше да согледаш дека е впиша во коцка 3х3 или 4х4), да нацрташ поглед од напред, одозгора, од страна (односно прва, втора и трета проекција), да нацрташ како би изгледала рубикова коцка кога би извадил одредени нејзини делчиња (знае да биде заебано,иако делува просто; многу се заебаа на овие зашто не пазеа на внатрешните коцки), да нацрташ како и изгледал остатокот од таа коцка ако ти се дадени делчињата што биле извадени, да нацрташ како би изгледало некое сложено геометриско тело, доколку би се ротирало на одреден начин (дадено ти е тело со обележани 5 точки, после ти се дадени две други позиции на тие точки ама без цело тело, само две-три линии од телото, а ти треба да го доцрташ (полни линии кај видливиот дел, испрекинати кај задниот дел)), а на крај имаше „тест за интелигенција“ што беше уствари тест за визуелна интелигенција само (пет задачи во стил „колку триаголници/агли/квадрати гледаш“, „исцртај форма со иста површиуна како дадената слика“, „подели ја сликата на еднакви делови“ и не знам што друго имаше). Мислам дека само ова ни беа задачите. Нека не те плашат збровите „нацртна геометрија“ и „проекции“, ова се по логика теба да можеш да го решиш, доволно е упростено за да може секој да го сфати, мада имаше некои поспори што дури после часовите сфатија што всушност им била задачата. Мислам дека нема да зажалиш ако ги земеш часовите, само немој и часовите и демо-тест да земеш, зашто на крајот на часовите и онака ќе правиш демо-тест. Јас, на пример, ги земав и часовите и демо-тестот и кога го видов демото,зажалив што ги уолатив часовите, зашто премногу беше лесно. Ама барем можеш да оставиш впечаток на некој професор ако ги земеш часовите и ако те бива :) А ако мислиш дека не те бива, земи ги обавезно часовите. Бојан Каранаков ни предаваше на нас, а можам да кажам дека ни е најдобар од асистентите по нацртна (требал да биде професор, колку што разбрав, ама го ставиле Косто, не знам зошто). Во секој случај, нема да ти дозволи да не сфатиш се што ти треба.:)
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Фала многу на одговорот! Просторна интелигенција ми е најјака страна, а припремните часови секако ќе ги земам, едино се плашев дали да се спремам нацртна сеа преку годината (сепак изгледа малку ќе се потспремам). Инаку во врска со примањето, не сум одличен, односно многу добар сум сите години. Ако поминам исто и оваа година и со добра матура и секако добар приемен би требало да влезам?
 
Член од
26 ноември 2012
Мислења
26
Поени од реакции
4
Ги прочитав сите коментари на оваа тема, но сепак се' уште ме мачат некои работи... Дали се доволни САМО оние часови за приемните што ги организира Факултетот (за добар приемен)? И дали математиката има поголема улога од англискиот во екстерните предмети на матура... Знам дека бодовите се најважни, но сепак...? Ве молам за одговор... Благодарам однапред
 
Член од
19 декември 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
jas sum treta godina vo orce i se dvoumam megu arhitektura i finki, ali nekako arhitektura poveke me vlece pa sakav da prasam, od kakov vid e priemniot na arhitektura ima nekoi primeri online..? fala
 
3 поста над тебе пишува ТОЧНО каков бил приемниот од оваа година. Разгледајте БАР МАЛКУ (на истата страна е бе!) по темата пред да постирате нешто
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
7
Поени од реакции
11
Ги прочитав сите коментари на оваа тема, но сепак се' уште ме мачат некои работи... Дали се доволни САМО оние часови за приемните што ги организира Факултетот (за добар приемен)? И дали математиката има поголема улога од англискиот во екстерните предмети на матура... Знам дека бодовите се најважни, но сепак...? Ве молам за одговор... Благодарам однапред
Значи што ке избереш за полагање на матура ама ич нема врска.. единствено аку мислиш дека нешто од спремањето за матура (аку полагаш математика) ке ти остане во сеќавање, единствено може да ти е полесно за првиот колоквиум математика и ништо повеќе(а и ова нема врска, посекако математика резултатите од колоквиуми се страшно лоши) така да аку сакас и физичко полагај. А за приемниот мене ми беше доволно само спремањето што го организираше факултето, многу одеа и на приватни часови и пак имаа дури и помалку поени од некој што ич на ништо не оделе, то значи се е до чоекот.. аку не си сигурен колку си способен за приемниот, нај убаво е да одиш на предавањата, на крај последниот ден ќе ви дадат демо тестирање, па според резултатите одлучи дали ке имаш потреба да земаш дополнителни часови..
 
Член од
19 декември 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
3 поста над тебе пишува ТОЧНО каков бил приемниот од оваа година. Разгледајте БАР МАЛКУ (на истата страна е бе!) по темата пред да постирате нешто
gi procitav site 34 strani i iako nekoj go objasnil priemniot, prasuvav dali ima PRIMERI online...pa ako moze nekoj da pomogne
 
Член од
12 јануари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Видете математка никако не ми оди едвај 2-че а и не предава убаво професорот цртањето го обожавам дали ке имам шанси да се запишам на арихитектура... а инаку со 3ка си минам секоја година а учам општествено.. социологија педагогија психилогија?
 
Не ти треба математика, само прва година имаш тоа, а за после факс, градежниците се замараат со математики само :Р
Иначе, математика се катастрофа резултатите од овој семестар, ама искрено, колоквиумите не личат на колоквиуми. Секој со секого си прави муабет, од сегде кај шо ќе најдеш можеш да препишеш, само шо не се наоѓа некој шо знае математика, па сепак ќе паднат доста годинава (се надевам не сум и јас меѓу нив, немав среќа првиот колоквиум) :Ѕ
Буквално мислам дека математика добро знаат само четворица од цела генерација која брои 130 студенти (150 мислам дека слушаат математика, сосе квадратите) и изгледа ќе положат тие што седеа до нив xD
 
Член од
12 јануари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Знаеш колку ми олесни инаку цртањето ми иде од рака и сакам да пробам во приватна квота колку е во приватна и дали ми го препорачуваш овој факс ?
 
Член од
27 јуни 2012
Мислења
15
Поени од реакции
10
Знаеш колку ми олесни инаку цртањето ми иде од рака и сакам да пробам во приватна квота колку е во приватна и дали ми го препорачуваш овој факс ?
Приватна е како кај сите други факултети, а и државна.
Многу нормално дека би ти го препорачал, зашто и јас учам таму :Р Барај препорака од некој што не е на факултетов :).
 
Член од
16 март 2013
Мислења
78
Поени од реакции
95
одамна нема некој пишувано за темава па еве јас да почнам пак. :)
сакам да прашам дали знае некој зашто некој матурант кој завршил стрдно во ГУЦ архитектонски техничар, би требало да оди на предавања за приемен на архитектура и на демо-тестот? зарем не е доволно се она што сум го учел во Гуц за перспективи и проектирање? сите од гуц што ќе се запишат на архитектура веќе владеат со просторот. јас мислам дека тие подготовки се направени за кандидативе од гимназиите што ќе дојдат на архитектура, или јас грешам?
 
Најискрено, баш тие што беа од средно градежно не поминаа на приемниот, иаку идеа и на припремите, а и според резултати на fax сега не се нешто во најјаките, иаку така би било логично...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom