Извинете господа од УКИМ, ама пријавувањето ниту е целосно електронско, како што велите, ниту системот ви функционира. Веќе создадовте општа конфузија, бидејќи системот час ги дава, час не ги дава потребните документи, а за факултетите со приемен, како архитектонскиот, исфрла погрешна уплатница (која, патем, ќе се појави ако електронскиот систем е расположен). Универзитетската пријава се појавува и во електронска форма (ако се појави) и истовремено се наложува (исто така ако се појави) истата да се купи во книжара, но овојпат со уплата за такса 50 ден. На видео упатството на страната на УКИМ, се дава пример на внесување моминско презиме за машки кандидат - претпоставувам манифестација на духовитост. Електронскиот систем веќе се блокира, поради навалата на апликантите за мал временски период, диктирана од задоцнетото давање на матурските дипломи, два-три дена пред пријавувањето. Значи, електронски е само хаосот, а студентите пред себе имаат неколкудневна одисеја по пошти, банки, шалтери и сл. Што е најинтересно, службите на факултетите ден пред пријавувањето не знаат да кажат од колку до колку часот е пријавувањето - чекале усогласување со УКИМ. УЖАС!!!!!