Сакам да знам!

Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.082
Да, плус ми кажале дека сите давачки се платени.

Не знам точно како пишуваат, плата не е, хонорар веројатно, а и патни трошоци сум добивала од странство. Без договорите банката не ми ги дава парите на користење. А и сум прашала и овде, речено ми е дека сите давачки ми се платени, јас немам што да плаќам. Се случило да пријавам, на пример на крај на година, и сум немала даноци за плаќање. Освен што една година ме исклучија од бесплатното здравствено, дека претходната година парите што ми стигнале биле над сумата до која е дозволено бесплатно здравство, па требаше да си плаќам сама здравство таа една година.
@Lester Freamon
Реално, треба оданочување оти и хонорарот е доход од некаква работа. А за патните не, бидејќи тоа се трошоци кои ти се надоместуваат, немаш заработка на нив. Банката не ја интересира дали имаш платено давачки, она само мора да оправда по кој основ ти стигаат парите.
 
Последно уредено:
Член од
5 септември 2012
Мислења
136
Поени од реакции
21
Невработени ги сметаат само оние што се пријавуваат активно во Агенција за вработување дека бараат работа. Сите други невработени не им се на никаков список и не може да добијат ништо од државата кога има акција да им се помогне.
Нормално во активните спаѓам јас, и затоа не ми е јасно ништо од ова, некој ако знае да објасни ?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Да, плус ми кажале дека сите давачки се платени.

Не знам точно како пишуваат, плата не е, хонорар веројатно, а и патни трошоци сум добивала од странство. Без договорите банката не ми ги дава парите на користење. А и сум прашала и овде, речено ми е дека сите давачки ми се платени, јас немам што да плаќам. Се случило да пријавам, на пример на крај на година, и сум немала даноци за плаќање. Освен што една година ме исклучија од бесплатното здравствено, дека претходната година парите што ми стигнале биле над сумата до која е дозволено бесплатно здравство, па требаше да си плаќам сама здравство таа една година.
Од тоа што јас разбирам се плаќа персонален данок на вакви приходи, со исклучок на патните како што пиша @The Accountant.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Реално, треба оданочување оти и хонорарот е доход од некаква работа.
Од тоа што јас разбирам се плаќа персонален данок на вакви приходи
Веројатно странците ми платиле сè што требало, не знам што да ви кажам друго, јас немав овде ништо екстра за плаќање.
п.с. Еве скоро пред некој месец јас пуштав пари во странство со дознака (од сметка на Здружение), и во банка освен сите документи и договори што ги бараа и пополнување на нивните обрасци, прашаа дали јас (Здружението) ги плаќа сите давачки, реков - да, и така и беше. Луѓето таму само си ги подигнаа парите. Веројатно и мене кога ми праќале пари постапиле исто? Навистина немав даноци за плаќање, а пријавив на крај на година.
 
Здружение (правно лице) е еден муабет, физичко лице - ти, е друг муабет.
Во банка те прашуваат за трошоците - банкарски провизии - имаш 3 типови на провизии (дали ти ги плаќаш сите, дали ги делите трошоците, односно секоја страна си ги плаќа трошоците од своја страна и тој што ги прима парите ги плаќа сите провизии).
Како и да е, ако веќе има поминато така, поминало, ама за следно најдобро е сама да си направиш пресметка и да си ја платиш.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Веројатно странците ми платиле сè што требало, не знам што да ви кажам друго, јас немав овде ништо екстра за плаќање.
п.с. Еве скоро пред некој месец јас пуштав пари во странство со дознака (од сметка на Здружение), и во банка освен сите документи и договори што ги бараа и пополнување на нивните обрасци, прашаа дали јас (Здружението) ги плаќа сите давачки, реков - да, и така и беше. Луѓето таму само си ги подигнаа парите. Веројатно и мене кога ми праќале пари постапиле исто? Навистина немав даноци за плаќање, а пријавив на крај на година.
Мислам дека ти се мешаат давачките за трансакција, даноците на кои е подложна таа услуга, и твојот личен данок за годишните примања стекнати од давање на таа услуга :)

Како што ти пиша @The Accountant во поглед на давачките имаш трошоци за трансакцијата, тоа е веројатно подмирено од твојот клиент.

Вториот дел од давачките ти се даноците, од кои доколку државата има потпишано „Договор за одбегнување на двојно оданочување“ нема да треба да платиш и ти тука данок за тоа што е веќе оданочено кај нив, во спротивно ќе треба да бидат оданочени тие услуги и во земјата на клиентот, а и кај нас (има различни прагови за процентот и дали воопшто ќе платиш). За одредени прагови може да треба да платиш и данок на добивка.

Третиот дел ти е персонален данок/данок на личен доход кој тешко би го избегнала кога станува збор на услуги добиени од некаков тип на работа.

http://finance.gov.mk/персонален-данок-на-доход/

Ако куртулиш супер, само да сум на твое место би се консултирал со некој сметководител, затоа што УЈП имаат увид во сите твои трансакциски сметки.
 
Баш така, ама треба да се ѕирнат убаво договорите на линкот кој си го прикачил кои даноци (во 90% од случаите се работи за персонален данок и за капитални добивки/дивиденди, ама сепак најдобро е да се отвори и да се прочита целиот договор за да се добие реалната состојба).
@Violetova стојам на располагање доколку мислиш дека имаш потреба да се консултираш - во пп. Се што ти е дилема, можеме стручно да го поразговараме.
Не ми е целта да водам инат и да се докажуваме, туку само реално да дискутираме за ситуацијата и да видиме која е најдобра солуција.
Поздрав!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Баш така, ама треба да се ѕирнат убаво договорите на линкот кој си го прикачил кои даноци (во 90% од случаите се работи за персонален данок и за капитални добивки/дивиденди, ама сепак најдобро е да се отвори и да се прочита целиот договор за да се добие реалната состојба).
@Violetova стојам на располагање доколку мислиш дека имаш потреба да се консултираш - во пп. Се што ти е дилема, можеме стручно да го поразговараме.
Не ми е целта да водам инат и да се докажуваме, туку само реално да дискутираме за ситуацијата и да видиме која е најдобра солуција.
Поздрав!
Се разбираме, поентата на линковите ми беше да ги погледне кои се приходи се предмет на оданочување.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Ај да прашам и јас нешто, дали постои калкулатор со кој може да пресметам царина за специфични продукти?
Пример сакам да увезам 1000 парчиња од алибаба, дали има можност да добијам однапред цена на царински и шпедициски трошоци?
 
Член од
12 март 2012
Мислења
191
Поени од реакции
147

Ако ти е за во Македонија можеш да добиеш цена за шпедициски трошоци,од прилика кај сите е исто околу 2000 ден. Од шпедиција може да ти дадат информација колку проценти е царина за артикалот и после си сметаш транспорт+царина+ДДв..
Автоматски споено мислење:

Ти благодарам!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267

Овде можеш да си провериш колкава е царината за одреден производ и дали има. Дали се потребни специјални дозволи за увоз / извоз. Некаде го имаше во ексел табела за подобра прегледност и полесно наоѓање.

Најдобро е шпедитерот да го информираш точно за каков производ се работи, а од продавачот побарај кој е тарифниот код под кој тие го извезуваат.
Од Алибаба секако ќе има царина, но ако нарачуваш од ЕУ и потеклото на производот е од земјите на ЕУ, или па ако нарачуваш од држави со кои имаме склучено договори Србија, Турција и сл. + има потекло на робата ЕУР1 нема царина (зависи од производот).

Како што погоре членот кажа, на збирот од набавната цена на производот + износ транспорт + износот на царина, се пресметува ддв (зависи во која група 5% или 18% ддв).
 
Благодарам за деталното објаснување!
Бидејќи ги спомна Турците, дали имаат некоја страна како Кинезите алибаба, или уште тераат со магацини и да одиш да се пазариш директно таму?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
Благодарам за деталното објаснување!
Бидејќи ги спомна Турците, дали имаат некоја страна како Кинезите алибаба, или уште тераат со магацини и да одиш да се пазариш директно таму?
Врска немам, со други производи (на големо) се бафтарам. Линкедин имаш разни групи, па провери таму, а и ене кај е Истанбул, тебе додуша сега подалеку ти е :D.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom