Плескавици од јаболка
Потребни состојки
- 2 киселкасти јаболка, рендани
- 1 кромид, сецкан/мелен
- 2 шољи лебни трошки
- 1 зелена пиперка, сецкана (без семки)
- 1 супена лажичка ѓумбир, мелен
- 2 шољи кафеав ориз, варен
- 6 супени лашици овес, подварен, мелен
- ½ кафена лажичка сол
- Црн пипер
- Кајен пипер
- 1-2 супени лажички маслиново масло (ладно цедено)
Начин на приготвување
Пробајте да исцедите малку јаболков сок од јаболката при нивното рендање, потоа ставете ги јаболката во длабок сад, додајте го кромидот, лебните трошки, пиперката, ѓумбирот оризот, половина од овесот, солта, црниот пипер, кајен пиперот и убаво пормешајте додека не стане еднолична смеса. Поделете ги во еднакви и округли плескавици. Додадете лебни трошки доколку е потребно и доколку не сте успеале доволно да го извадите сокот од јаболката.
Загрејте го маслото во поголема тава на средно умерен оган. Ставете ги претходно подготвените плескавици во тавата и попрскајте ги со преостанатиот овес. Повремено превртувајте ги додека не дбоијат златно-кафеава боја (2-3 минути од секоја страна).
Послужете ги со салата од варени компири.
Тестенини (Лингвини) со сос од мисиркино месо
Потребни состојки
- 150 грама тестенини (шпагети/лингвини) неварени
- 300 грама мисирскино мелено месо
- 1 1/2 шољи сецкан кромид
- 1 сецкана бабура
- 1 супена лажица лук, ситно сецкан (мелен)
- 1 супена лажичка лут буковец или чили пипер (мелен)
- 2 пире од домати
- 1 кафена лажичка мелен ким
- 1 кафена лажичка оригано (сушено)
- 1/4 кафена лажичка мелен цимет
- 1/2 кафена лажичка вегета
- 1/2 шоља варена вода
- 1 конзерва варен грав (или домашен грав, претходно сварен)
- 2 ситно сецкани домати
- 2 1/2 супени лажички полублага чоколада за готвење, ситно сецкана или рендана
- 1/4 кафена лажичка сол
- 3/4 шоља ситно сецкан кашкавал (шарски, мавровски, бел чедар, белѓосо пресато или асиаго)
- 1 супена лажиза маслиново масло
Начин на приготвување
Сварете ги тестенините ал денте, без сол и масло.Исцедете ги.
Во соодветен сад (средно длабок/длабок), загрејте го маслиновото масло, на средно силен оган, додадете го мисиркиното месо, повремено мешајте го додека не почне да се рони и одвојува (три минути) Додадете во садот 1 шоља кромид, бабурата и лукот, повремено мешајте, (околу 3-4 минути). Потоа додадете ги следните состојки од рецептот, (без да ги додадете тестенитите, половината шоља кромид, чоколадата и солта) до водата (супата), гравот и доматите. Печете уште една минута. Потоа додатете го претходно сварениот грав (конзервата грав), доматите и водата, доведете го до вриење на силен оган, намалете ја јачината и варете 20 минути. На кјрајот додадете ја солта и чоколадата. Вака приготвената семса измешајте ја со тестенините, ставете го преостанатиот кромид врз јадењето и потоа ренданиот кашкавал.
Кокошкина/пилешка чорба/манџа
Потребни состојки
1 супена лажица маслоново масло
2 супени лажици маргарин
2 кафеави комира, сецкани
1 кромид, сецкан
2 страка целер, ситно сецкани
2 моркова, сецкани
1 ловоров лист, свеж, сецкан
1 кафена лажичка вегета
3 супени лажици брашно тип 500
1 шоља суво бело вино (Совињон бланк)
5 шољи вода од варена кокошка
500-750 грама кокошка, варена, одвоена од кожа, коски, ситно сецкана
1 аспарагус, сецкан
1 шоља грашок (замрзнат или свеж)
2 супени лажички тарагон
Сол
Црн пипер
Начин на приготвување:
Во длабок сад, сварете ја кокошката, потоа одвојте ја кожата, коските и исецкајте ја на парченца. Водата тргнете ја во посебен сад. Потоа, во длабок и голем сад ставете ја водата од сварената кокошка и загрејте ја на средно јак оган, додадете го маслото, потоа маргаринот додека не се стопи, штом се стопи додадете ги компирите, кромидот, целерот, морковите, ловоровиот лист и додадете ја солта, црниот пипер и вегетата додека повремено мешате. Варете 5 до 7 минути додека зеленчукот не почне да омекнува. Потоа додадете го брашното брзо мешајќи да не се гранулира и додадете го виното и варете уште една до двое минути. Ставате капак врз садот и на силен оган зворијте ја водата. Додадете го кокочкиното сецкано месо и варете уште 5 минути, а потоа додадете го аспарагусот. Варете уште 3 минути. Тргнете го сдадот од шпоретот и додадете го тарагонот и грашокот. Измешајте убаво.
Во зависност од желбите, додадете сол, лут пипер, буковец, лимунов сок. Исто така може да го варитре јадењето во зависност дали сакате да биде повеќе чорбесто или повеќе манџесто
Се служи со пченкарен леб.
Малку од руската кујна:
Баба Кулички (особено погодни за Велигден
Потребни состојки:
1 шоља млеко
1/2 квасец (свеж)
250 грама бел шеќер
250 грама путер
3 јајца
1 кесичка валинин шеќер
кардамон
сол
суво грозје (по желба)
125-150 грама брашно тип 500
Начин на приготвување:
Растворете го квасецот и една кафена лажичка шеќер во малку млеко. Штом смеата се подгине додадете го преостанатото млеко, јајцата и изматете ја смесата внимателно. Потоа, во така изматената смеса додајте го шеќерот, кардамонот и претходно стопениот путер. Внимателно додавајте го брашното со цел да не се згрутчи во грануломи. На крајот, додајте го сувото грозје. Откако сето тоа внимателно ќе го измешате, поделете ја смесата на делови, во облик по желба (јас претпочитам малечки лепчиња), покријте ги со крпа и оставете да се накренат, отприлика два до три часа. Потоа, наредете ги во сад за печење и ставете ги во претходно загреана рерна и печете додека не станат со светлозлатнеста боја. Внимавајте многу лесто да не ја отворате рерната или ќе спласнат. Проверувајте дали се готови со чепкалка за заби, ако излезе чиста, без траги на тесто, готови се. Се служат и топли и студени.
Урденки/Сиренки
Потребни состојки:
250 грама урда или ситно рендано бело сирење
2 супени лажици семолина брашно
3 супени лажици шеќер
2 супена лажица пченично брашно
2 јајца
Маслиново масло
Начин на приготвување:
Измешајте ги сите состојки одеднаш, освен пшеничното брашно и измешајте внимателно додека не се зацврсне масата. Потоа поделете ја смесата на малечки парченца и прпелкајте ги во брашното. Во тава, на силен оган испржете ги, повремено превртувајте ги. Готови се кога ќе станат златнокафеави.