Сакам да зготвам: ... помош!

Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Вака сега значи темава нее за мали деца јадам нејадам, блјак гадно и шо уште не во тој стил или останти идиостски постови од два збора колку радиреда,

Значи кажете некој ваш рецепт за спремање на пафлак, бидејки тоа месо навистина го ценам како што мислам дека и доста други боемџии кафанџии и скараџии го ценат, една од работите што ми се допаѓа кај тоа месо е што носи доста алкохол па можеш даја распалиш до миле воље без дамуја мислиш за последици од истиот,мјожеш да го мезиш со пиво вино црно бело шприцер чисто, како ти милува.

Јас го спремам така жто вечерта пред главниот настан го сечам на потенги парчиња го сместувам во тепсија и сиго зачинувам малку сол вегетичка,црн бибер зејтин колку дасе подмачка сето тоа, два три ловорови листа и потоа сето тоа го полевам со една чаша бело вино кеси отстои до сабајлето а потоа доага скарата. Друга особина што мисе допаѓа кај пафлакот е тоа што нему треба долго време дасе приготви па и набрзина се пече,
Ако имате вие некој рецепт кажувајте ако не може само импресии:pos2:
Ај ради реда ќе те замолам да се вратиш во второ накај трето за да научиш да пишуваш за сите да можат да те разберат.Има тука народ и од Источно/латински регион.Вакви термини јас до сега немам сретнато: нее,нејадам,радиреда,даја,дамуја,сиго,дасе,кеси,мисе,нему...

Налет тоа,поимот пафлак не ти е образложен,а со оглед на тоа дека отвараш тема треба да пишеш што е тоа што ќе се дискутира.Јас си помислив дека ова пафлак можда се муда (бели бубрези) од нилски коњ.А уствари било нешто сосем друго.

Пример: Копишпиле,знаеш што е? Јадење,ама што? :smir:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
АЈДЕ бе некој нека стаи за топено сирење
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
АЈДЕ бе некој нека стаи за топено сирење
Ако е тврдо сирење, увалкај го во брашно и во врел зејтин може да го испржиш иако најдобро е на плотна за скара, зошто топеното сирење со вистинскиот вкус е само на жар.
 
Г

Господ

Гостин
Од риби најубава ми е туната

Туна Салата

-Црн бибер
-200 грама Туна од конзерва
-Сол
-1 лажица Масло
-150 грама Маслинки
-500 грама Компир
-200 грама кисела павлака

Маслинките ситно се сецкаат, се додаваат ренданите компири и туната, па убаво се меша.
Се додаваат сол и бибер по вкус, сосема малку маслиново масло и на крај се додава павлаката.
Се мешаат сите состојки, па се остава во фрижидер најмалку 1 час да отстои.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Гаро спомна риби,дај нафрли некој рецепт,не дека ги обожавам,но не сум налетала на такви специјалитети:smir:

Похувани филети

Состојки:
  • 120g свежи лебни трошки
  • 3 лажичиња рендана лимунова кора
  • 2 лажичиња кари во прав
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1 лажица миродија (копра) сува
  • 8 филети риба (ослиќ или слично)
  • обично брашно
  • 2 јајца (малку заматени)
  • масло (маслиново)

Прелив од краставица:
  • 250 ml јогурт
  • 2 лажици свежо сецкано нане
  • 1 мала краставица ситно исецкана
  • малку лук
  • 1 лажиче шеќер

Припрема:
Направете го преливот од краставица (верзија на таратур), мешајќи ги состојките во еден сад. Покријте го садот и ставете го фрижидер.
Измешајте ги лебните трошки, лимуновата кора, карито и магдоносот. Извалкајте ја рибата во брашното. Истресете го вишокот. Потопете ја во матените јајца и извалкате ја во лебните трошки. Благо притиснете ги трошките. Ствете ги во фрижидер 30 минути.
Потоа испржете ја рибата и сервирајте заедно со преливот и некое ливче свежо нане и кришка лимун.


Кај состојките три лажичиња рендана кора од лимон беше премногу, се осеќаше поприлично лимонот, а кај сосот една лажичка шеќер е преблаго.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
До сега имам јадено пафлак од дива свиња, печен во рерна. Што да кажам, се топи во уста, мераци! Иначе треба да се проба ова на скара.
 
B

Borg_Drone

Гостин
За најпрецизно да не го утнеш оризот е сооднос 3 спрема 1. Значи 1 чаша ориз, со истата чаша мереш и ставаш 3 чаши вода. Тогаш може да си дозволиш и на 250 да го правиш и ќе излезе супер.

Точно и најубаво е пред тоа оризот да го динсташ (односно малку да го пропржиш) со морков (сецкан), пашканат (сецкан), една главица кромид излупена (неисецкана) и се става една до две лажици вегета.
Откако ќе добие златеста боја, тогаш се става водата ама пред тоа мора константно да се промешува за да не загори.
Додуша ова е најосновниот начин на приготвување на ориз, ама ете за тие што не знаат. :)

АЈДЕ бе некој нека стаи за топено сирење
За топено сирење не али ако земеш земјен сад (од оние што се за 1 (една) порција тавче гравче), исечеш до 150 гр. парче кравјо сирење, го полиеш малку со маслинов зејтин, врз него едно парче патлиџан исечен на тркалце, посипано со оригано и покриено со алуминиумска фолија, и го ставиш да се пече 5-6 мин. на 250 степени целзиусови во рерна ќе добиеш.....Пробај.;)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
За најпрецизно да не го утнеш оризот е сооднос 3 спрема 1. Значи 1 чаша ориз, со истата чаша мереш и ставаш 3 чаши вода. Тогаш може да си дозволиш и на 250 да го правиш и ќе излезе супер.

Да се надополнам.
И покрај пржењето на оризот, за да останат цели и убави зрна треба да се повнимава и на: да е доволно загреан шпоретот и водата која ја ставате во оризот секогаш да врие. Без разлика дали станува збор за обична вода, вода со коцка од супа или вода во која имате варено пилешко месо.
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Гаро спомна риби,дај нафрли некој рецепт,не дека ги обожавам,но не сум налетала на такви специјалитети:smir:


фаља

купуваш филети лосос било каков секако е превкусен... особено ако е пресен.

ги саваш во плиток сад и додаваш измешано: маслиново масло, лимон, лук, оцет, рузмарин, може и босилок и сол секако, и ги поливаш филетите. ги ставаш во фрижидер минимум 30мин.

вадиш отстрануваш сосот, и го ставаш ...
највкусен е на скара, но може и во тавче... со многу малку масло на средно загреана рингла и пржиш (печеш) по 5мин од 2те страни . месото треба да се двои само со вилушче.

комбинирано со ориз или рестовани компири... мммммхххх

Да се надополнам.
И покрај пржењето на оризот, за да останат цели и убави зрна треба да се повнимава и на: да е доволно загреан шпоретот и водата која ја ставате во оризот секогаш да врие. Без разлика дали станува збор за обична вода, вода со коцка од супа или вода во која имате варено пилешко месо.

ееееее ете кај ми е грешката... топлината на водата. фала многу
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Како се подготвуваат брокулите? На пример, како се прави салата од брокули? Ако знаете дајте и други рецепти со нив.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како се подготвуваат брокулите? На пример, како се прави салата од брокули? Ако знаете дајте и други рецепти со нив.
Не ги јадам,ама имам гледано како ги приготвуваат.
Ги ставаш да се варат,додека не омекнат.Ги вадиш,цедиш и ги ставаш во подлабок сад.Врз нив ставаш павлака да не го сеќаваш вкусот :)
Друг рецепт незнам :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Гаро спомна риби,дај нафрли некој рецепт,не дека ги обожавам,но не сум налетала на такви специјалитети:smir:
Гаро замалку ќе умреше од труење со храна :)
Ама кога неделава не умре, ќе живее над 1000 години, како орлине и оние желкине од Галапагос.

Нови рецепти кога малку ќе ми биде поарно. Сега, еден стар, брз, лесен.

Печена тилапиа (ослиќ) во сос од лимон, лук и бело вино

_Потребни состојки:


  • 4 парчиња филети од тилапиа
  • 3 супени лажици свежо исцеден лимонов сок
  • 1 супена лажижка сок од зелен лимон (лајм)
  • 1 супена лажица маргарин или путер (за оние кои немаат проблем со холестеролот)
  • 1/3 чаша бело вино
  • 1 чешне лук, исецкан
  • 1 кафена лажичка сув, сушен магдонос
  • Црн пипер
  • Сол
Начин на приготвување

Загрејте ја рерната на 190 степени (Целзиусови). Потоа земете тепсија, покријте ја со алу-фолија или попрскајте ја со некој вид на PAM спреј за на се одбегне моментот на запекување и лепење на храната на дното на тепсијата. Во меѓувреме, свежите филети тилапиа измијте ги со студена вода, потоа убаво исушете ги со хартиени марамици или весник. Ставете ги во тепсијата, прелијте ги со сокот од лимон, лајмот и виното, потоа попрскајте ги со стопениот маргарин или путер и потоа ставете ги лукчињата, магдоносот, солта и црниот пипер. Печете ја отприлика 30 минути или додека не побели и местото почне лесно да се двои со вилушка.



П.С. Бај д веј, ако некој некогаш посака да зготви гулаш, нека зготви, а нека купува конзерва од пред Исуса Христа, да ја загрее, да му засмрди, ама сепак да ја изеде.
Не јадете расипани конзерви гулаш!

Кејџун шкампи или Луизијански шкампи

  • 1/2 лимон
  • 1/3 шоља вода
  • 1 мал без (не црвен) кромид, ситно исецкан
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 1 супена лажица маслиново масло (ладно цедено)
  • 2 чешниња лук, толчен
  • 1 супена лажица Кејџун зачин (или: црн пипер, кајен, чили, црвен пипер, лимонова кора, рузмарин, нане, копар, ситно смелени)
  • 1/4 кафена лажичка сол
  • ½ килограм свежи или замрзнати, средно големи, шкампи
  • 1/2 шоња ситно сецкана зелена, блага (или полулута) пиперка
  • Листови марула

Начин на приготвување:
Внимателно излупете ја кората од лимонот, но внимавајте да ја излупите без белиот слој и исечете ја на ситни парченца. Лкако лентички. Додадете ја кората, водата, кромидот, сокот од лимон, маслото, зачините и солта во еден сад. На средно јак оган, во длабок сад доведете ги до вриење, потоа одржувајте ја температурата и смесата на граница на зовривање и додадете ги шкампите. По три до пет минути, повторно намалете го огнот и покријте го садот и оставете го на тивок оган да се вари уште пет до 7 минути. Додадете ја зелената пиперка, промешајте ја убаво и потоа смесата ставете ја во длабок сад за служење салата и оставете ги вака приготвените шкампи во ладилникот да се маринираат околу 4 часа, но повремено промешувјте ги. Исцедете ги, префрлете ги во друг сад или чинија на кој претходно сте наредиле листови марула.
Се консумираат со сласт, вино, љубов и разбирање за оние кои имаат проблем со зачинета или луткаста храна!



P.S. Од ова труење нема, само уживање.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
104
Поени од реакции
3
za salata :se stavaat vo zovriena voda nekolku min. 3-5 potoa gi cepkas na parcenca i dodavas maslinovo maslo, limonov sok i lukce.
za corbi se stavaat pri kraj za da ne omeknat mnogu i da ne go izgubat seto sto e korisno vo niv
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Плескавици од јаболка


Потребни состојки

  • 2 киселкасти јаболка, рендани
  • 1 кромид, сецкан/мелен
  • 2 шољи лебни трошки
  • 1 зелена пиперка, сецкана (без семки)
  • 1 супена лажичка ѓумбир, мелен
  • 2 шољи кафеав ориз, варен
  • 6 супени лашици овес, подварен, мелен
  • ½ кафена лажичка сол
  • Црн пипер
  • Кајен пипер
  • 1-2 супени лажички маслиново масло (ладно цедено)

Начин на приготвување
Пробајте да исцедите малку јаболков сок од јаболката при нивното рендање, потоа ставете ги јаболката во длабок сад, додајте го кромидот, лебните трошки, пиперката, ѓумбирот оризот, половина од овесот, солта, црниот пипер, кајен пиперот и убаво пормешајте додека не стане еднолична смеса. Поделете ги во еднакви и округли плескавици. Додадете лебни трошки доколку е потребно и доколку не сте успеале доволно да го извадите сокот од јаболката.
Загрејте го маслото во поголема тава на средно умерен оган. Ставете ги претходно подготвените плескавици во тавата и попрскајте ги со преостанатиот овес. Повремено превртувајте ги додека не дбоијат златно-кафеава боја (2-3 минути од секоја страна).
Послужете ги со салата од варени компири.

Тестенини (Лингвини) со сос од мисиркино месо

Потребни состојки


  • 150 грама тестенини (шпагети/лингвини) неварени
  • 300 грама мисирскино мелено месо
  • 1 1/2 шољи сецкан кромид
  • 1 сецкана бабура
  • 1 супена лажица лук, ситно сецкан (мелен)
  • 1 супена лажичка лут буковец или чили пипер (мелен)
  • 2 пире од домати
  • 1 кафена лажичка мелен ким
  • 1 кафена лажичка оригано (сушено)
  • 1/4 кафена лажичка мелен цимет
  • 1/2 кафена лажичка вегета
  • 1/2 шоља варена вода
  • 1 конзерва варен грав (или домашен грав, претходно сварен)
  • 2 ситно сецкани домати
  • 2 1/2 супени лажички полублага чоколада за готвење, ситно сецкана или рендана
  • 1/4 кафена лажичка сол
  • 3/4 шоља ситно сецкан кашкавал (шарски, мавровски, бел чедар, белѓосо пресато или асиаго)
  • 1 супена лажиза маслиново масло
Начин на приготвување

Сварете ги тестенините ал денте, без сол и масло.Исцедете ги.
Во соодветен сад (средно длабок/длабок), загрејте го маслиновото масло, на средно силен оган, додадете го мисиркиното месо, повремено мешајте го додека не почне да се рони и одвојува (три минути) Додадете во садот 1 шоља кромид, бабурата и лукот, повремено мешајте, (околу 3-4 минути). Потоа додадете ги следните состојки од рецептот, (без да ги додадете тестенитите, половината шоља кромид, чоколадата и солта) до водата (супата), гравот и доматите. Печете уште една минута. Потоа додатете го претходно сварениот грав (конзервата грав), доматите и водата, доведете го до вриење на силен оган, намалете ја јачината и варете 20 минути. На кјрајот додадете ја солта и чоколадата. Вака приготвената семса измешајте ја со тестенините, ставете го преостанатиот кромид врз јадењето и потоа ренданиот кашкавал.

Кокошкина/пилешка чорба/манџа

Потребни состојки

1 супена лажица маслоново масло
2 супени лажици маргарин
2 кафеави комира, сецкани
1 кромид, сецкан
2 страка целер, ситно сецкани
2 моркова, сецкани
1 ловоров лист, свеж, сецкан
1 кафена лажичка вегета
3 супени лажици брашно тип 500
1 шоља суво бело вино (Совињон бланк)
5 шољи вода од варена кокошка
500-750 грама кокошка, варена, одвоена од кожа, коски, ситно сецкана
1 аспарагус, сецкан
1 шоља грашок (замрзнат или свеж)
2 супени лажички тарагон
Сол
Црн пипер

Начин на приготвување:
Во длабок сад, сварете ја кокошката, потоа одвојте ја кожата, коските и исецкајте ја на парченца. Водата тргнете ја во посебен сад. Потоа, во длабок и голем сад ставете ја водата од сварената кокошка и загрејте ја на средно јак оган, додадете го маслото, потоа маргаринот додека не се стопи, штом се стопи додадете ги компирите, кромидот, целерот, морковите, ловоровиот лист и додадете ја солта, црниот пипер и вегетата додека повремено мешате. Варете 5 до 7 минути додека зеленчукот не почне да омекнува. Потоа додадете го брашното брзо мешајќи да не се гранулира и додадете го виното и варете уште една до двое минути. Ставате капак врз садот и на силен оган зворијте ја водата. Додадете го кокочкиното сецкано месо и варете уште 5 минути, а потоа додадете го аспарагусот. Варете уште 3 минути. Тргнете го сдадот од шпоретот и додадете го тарагонот и грашокот. Измешајте убаво.
Во зависност од желбите, додадете сол, лут пипер, буковец, лимунов сок. Исто така може да го варитре јадењето во зависност дали сакате да биде повеќе чорбесто или повеќе манџесто :)
Се служи со пченкарен леб.

Малку од руската кујна:

Баба Кулички (особено погодни за Велигден :)

Потребни состојки:
1 шоља млеко
1/2 квасец (свеж)
250 грама бел шеќер
250 грама путер
3 јајца
1 кесичка валинин шеќер
кардамон
сол
суво грозје (по желба)
125-150 грама брашно тип 500


Начин на приготвување:


Растворете го квасецот и една кафена лажичка шеќер во малку млеко. Штом смеата се подгине додадете го преостанатото млеко, јајцата и изматете ја смесата внимателно. Потоа, во така изматената смеса додајте го шеќерот, кардамонот и претходно стопениот путер. Внимателно додавајте го брашното со цел да не се згрутчи во грануломи. На крајот, додајте го сувото грозје. Откако сето тоа внимателно ќе го измешате, поделете ја смесата на делови, во облик по желба (јас претпочитам малечки лепчиња), покријте ги со крпа и оставете да се накренат, отприлика два до три часа. Потоа, наредете ги во сад за печење и ставете ги во претходно загреана рерна и печете додека не станат со светлозлатнеста боја. Внимавајте многу лесто да не ја отворате рерната или ќе спласнат. Проверувајте дали се готови со чепкалка за заби, ако излезе чиста, без траги на тесто, готови се. Се служат и топли и студени.


Урденки/Сиренки

Потребни состојки:

250 грама урда или ситно рендано бело сирење
2 супени лажици семолина брашно
3 супени лажици шеќер
2 супена лажица пченично брашно
2 јајца
Маслиново масло

Начин на приготвување:


Измешајте ги сите состојки одеднаш, освен пшеничното брашно и измешајте внимателно додека не се зацврсне масата. Потоа поделете ја смесата на малечки парченца и прпелкајте ги во брашното. Во тава, на силен оган испржете ги, повремено превртувајте ги. Готови се кога ќе станат златнокафеави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom