Сакам да зготвам: ... помош!

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мајка ми секој петок ми правеше Тфче графче :) но сега не овде, па мноогу ми се јаде но за жал не знам како да го направам :(

Мене ми испаѓа суво,само на зрна е :))) Катастрофа,до толку неможам да го погодам.Еве некој ќе не научи :)

Гаро,убав совет даде за сукалото,ќе послужи во самоодбрана :))
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Мајка ми секој петок ми правеше Тфче графче :) но сега не овде, па мноогу ми се јаде но за жал не знам како да го направам :(
Потребни состојки за тавче гравче:
-Грав 400 гр
-Кромид 1 главица
-Зејтин
-Нане сушено
-Црвен пипер 2 лажици
-2 суви пиперки
-Сол

Подготовка:
Претходно исчистениот грав се мие и се става да се вари со малку зејтин, на тивок оган околу 90 мин. (во зависност од свареноста на гравот), само да не се развари (зрната треба цели да останат). Откако ќе се свари се цеди водата, но не целосно. Во тава се става зејтин да се загрее и се пропржува кромидот. Откако ќе зарумени, се трга на страна и се ставаат 2 супени лажици црвен пипер. Гравот се става во намрсена земјена тава и се меша заедно со кромидот, црвениот пипер и сол по желба. Откако ќе се измеша му се става ситно сушено нане и суви пиперки. Се става во рерна и се пече на температура од 250 степени, околу 30 мин (додека да му испари водата).
 
H

HITCH

Гостин
За гравчето само да надополнам за водата (најважна е!!!) на пр. за 400 грама грав се става нешто над 2 литри вода, ама да знаеш 400 грама грав за еден е многу :pos: пази на водата пошто можеш да доставаш, ама нема смисла да вадиш :pos: :pos: :pos:

--- надополнето ---

И мене никогаш не ми се погодува,сто пати имам правено до сега и никогаш не е за јадење :)
Ова пирошкиве ми фатија око, само немам сукало :pos:
Еј не зезај купувај сукало, се наоѓа :pos: :pos: :pos: многу се убави, плус нема шанси да ги утнеш :pos: :pos: :pos:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Мене ко да ми рече да направам дупла доза :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: до небо е тортава, моите 3 дена се смеат на чудово што ми испадна :pos:
Леле фала ти,од срце вака одамна се немам насмеано:pos2::pos2:со солзи се смеев:pos2::pos2:
Требало повеќе фил да ставаш,помалку бисквити.
Јас кога правам,ми излегува(со едно кило хопла)една тепсија од електичен шпорет полна со 5-6 реда бисквити и маж ми ја јаде пола за еден ден:vozbud:за наредниот јас ден веќе е при крај,оти и јас се приклучувам и некој трет...
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Потребни состојки за тавче гравче:
-Грав 400 гр
-Кромид 1 главица
-Зејтин
-Нане сушено
-Црвен пипер 2 лажици
-2 суви пиперки
-Сол

Подготовка:
Претходно исчистениот грав се мие и се става да се вари со малку зејтин, на тивок оган околу 90 мин. (во зависност од свареноста на гравот), само да не се развари (зрната треба цели да останат). Откако ќе се свари се цеди водата, но не целосно. Во тава се става зејтин да се загрее и се пропржува кромидот. Откако ќе зарумени, се трга на страна и се ставаат 2 супени лажици црвен пипер. Гравот се става во намрсена земјена тава и се меша заедно со кромидот, црвениот пипер и сол по желба. Откако ќе се измеша му се става ситно сушено нане и суви пиперки. Се става во рерна и се пече на температура од 250 степени, околу 30 мин (додека да му испари водата).
Само да ми успее, право те канам на јадење
Фала многу :smir:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Само да ми успее, право те канам на јадење
Фала многу :smir:
Ako немаш земјена тава, можеш да го направиш во обична и ако е само за тебе стави помалку грав, а друго ти останува исто.
 
H

HITCH

Гостин
Ај ако мојт некој нов рецепр за сос за шпагети, некаков гулаш, нешто интересно или ако мојт некој рецепт за тестенини
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ај ако мојт некој нов рецепр за сос за шпагети, некаков гулаш, нешто интересно или ако мојт некој рецепт за тестенини
Клик тука може ќе ти фати некој око :smir:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Иди поназад на страниве,Бети и Кафеделмар даваа рецепти за тестенини :))
Ама мене ми се слоши од тоа :pos:
 
H

HITCH

Гостин
Иди поназад на страниве,Бети и Кафеделмар даваа рецепти за тестенини :))
Ама мене ми се слоши од тоа :pos:
:pos: :pos: :pos: ништо од сосовите :pos: не ми се свиѓаат ни мене. Ќе си ставам сирење и кечап оти се сварија веќе шпагетиве, а јас немам мастраф за сосовите :pos: :pos: :pos:

--- надополнето ---

треба да се проба веднаш лесно е за правење Само не знам каде да најдам од овие ванила стапчињава, не сакам да ккористам од оние другите екстракти

--- надополнето ---

 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Едно време имаше во Рамстор, држеа премногу значини и имаше ванила стапчиња. Не верувам дека ќе ги најдеш во обичен супермаркет. Или пробај си ја среќата во овие продавниците за макробиотика, мислам дека имам видено.
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Уффф за тафче графчето го направив но малку се развари, гравот беше мн "млад" но сепак на крајта личеше и имаше вкус на Тафче Графче :) следниот пат ќе биде уште посладок. Благодарам Makedonka1985 :smir:
 
H

HITCH

Гостин
Јас имам едно прашање. Како ги правите пирошките со палачинка? Денес си наравив од тие што си ги знам, ама за овие со палачинка ми текна дури сега. Ај ако мојт помош :smir:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Палачинките ко палачинки ќе ги направиш. Филот за во пирошките исто ќе си го спремаш, а тој е по желба. Фино е да има кашкавал и кисели краставички меѓу другото, кашкавалот за поубав вкус, а краставичките да ја неутрализираат маснотијата:). Значи филот за внатре сама си го направи, ете ти пример :варено јајце рендано, кисели краставички, сувомесно по избор, кашкавал и може варен грашок тврди зрна ( за се да се направи хомогено стави живо јајце иако јас не ставам).

Од како се тоа ќе ти е готово, земаш една палачинка и со лажица ставаш од филот, но немој на едно место туку долж низ палачинката. И сега првин ќе ја свиткаш палачинката од страните значи за да не ти тече филот од внатре и после ја виткаш во ролна.

Од како тоа ќе го направиш ја валкаш во изматено јајце (јајца во зависност колку ќе направиш) и потоа во презла. Веќе знаеш како се похуваат работите претпоставувам, значи во поголема количина на врел зејтин се пржат. И после кога ќе ги вадиш на чинијата стави повеќе салфети за да колку толку ја впијат маснотијата.

Има доста работа во овие пирошки ама многу се вкусни.
Се надевам доволно објаснив, ако не сум прашај што имам испуштено:) .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom