Палачинките ко палачинки ќе ги направиш. Филот за во пирошките исто ќе си го спремаш, а тој е по желба. Фино е да има кашкавал и кисели краставички меѓу другото, кашкавалот за поубав вкус, а краставичките да ја неутрализираат маснотијата
. Значи филот за внатре сама си го направи, ете ти пример :варено јајце рендано, кисели краставички, сувомесно по избор, кашкавал и може варен грашок тврди зрна ( за се да се направи хомогено стави живо јајце иако јас не ставам).
Од како се тоа ќе ти е готово, земаш една палачинка и со лажица ставаш од филот, но немој на едно место туку долж низ палачинката. И сега првин ќе ја свиткаш палачинката од страните значи за да не ти тече филот од внатре и после ја виткаш во ролна.
Од како тоа ќе го направиш ја валкаш во изматено јајце (јајца во зависност колку ќе направиш) и потоа во презла. Веќе знаеш како се похуваат работите претпоставувам, значи во поголема количина на врел зејтин се пржат. И после кога ќе ги вадиш на чинијата стави повеќе салфети за да колку толку ја впијат маснотијата.
Има доста работа во овие пирошки ама многу се вкусни.
Се надевам доволно објаснив, ако не сум прашај што имам испуштено
.