Потребни состојки за тавче гравче:
-Грав 400 гр
-Кромид 1 главица
-Зејтин
-Нане сушено
-Црвен пипер 2 лажици
-2 суви пиперки
-Сол
Подготовка:
Претходно исчистениот грав се мие и се става да се вари со малку зејтин, на тивок оган околу 90 мин. (во зависност од свареноста на гравот), само да не се развари (зрната треба цели да останат). Откако ќе се свари се цеди водата, но не целосно. Во тава се става зејтин да се загрее и се пропржува кромидот. Откако ќе зарумени, се трга на страна и се ставаат 2 супени лажици црвен пипер. Гравот се става во намрсена земјена тава и се меша заедно со кромидот, црвениот пипер и сол по желба. Откако ќе се измеша му се става ситно сушено нане и суви пиперки. Се става во рерна и се пече на температура од 250 степени, околу 30 мин (додека да му испари водата).