СУГС Раде Јовчевски - Корчагин

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Не ти е рано? Сеедно, не е толку страшно како што викаат, ама треба да си го фатиш редот уште од почеток и да учиш континуирано.
--- надополнето: 14 мај 2013 во 21:01 ---


На крај на година попуштаат? Имам 4 четворки....
Зависи кај кого. Напињај ги дека сакаш да поправаш, да те испрашаат, по можност фати ги професорите кога се сами, дали на крај на час или па иди специјално и канцеларија, и да се у добро расположение :D.
Ако успееш првите две да ги поправиш, после со другите лесно, кажи дека ти фали уште една оценка за скроз одлична и ваљда ке се смилува некој :).
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Кај е поубаво, ПМБ или ОХА да одиш?
Решен си отприлика што факултет сакаш? Гледај според тоа.
ПМБ ти е за медицина главно, исто и за ПМФ, биологии, хемии и тие глупости.
ОХА ти е за економија, право, јазици...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Кај е поубаво, ПМБ или ОХА да одиш?
Не дека со ОХА не можеш да одиш на електро. Само таму ќе ти треба повеќе време да се уходаш, додека другите што ги слушале тие математиките ќе им биде полесно. Истото важи и за ПМБ.
Углавном, многу побитно е дали на матура ќе полагаш математика или англиски, за интерните исто треба да пазиш кои ги одбираш и да ги гледаш конкурсите од претходната година. Мада, вие ќе имате 4 екстерни, без интерни...ве жалам :place:

Иначе, заврши ерата на генерација 2009-2013 во Корчагин, убави денови беа тоа, добро искуство, запознав луѓе кои ми се во поблискиот круг на пријатели, на некој начин ја запознав и девојката, една година постара ( :D), така да....не можам да кажам дека нема да ми фали Корчагин, тоа ќе го осетам тек јуни месец, па и кога ќе тргнам на факс. Мада имаше некои ствари што ми направија да посакам едвај да завршиме. Секако, ова не е се', во недела идеме јако!! :D :vozbud:
А после тоа, учење македонски и математика за тие што полагаат (ок де, и англиски, мада искрено нема да се замарам многу со тоа). Интерниве се мачкина кашлица, прашања треба да научиме, уау. :D

Сега малце иам повеќе слободно време, така да ќе пробам колку е можно повеќе да ви одговорам на тие што сега сакаат да се запишат или што се прва/втора. Трета веќе се уходани. :) Нема да ве цитирам, да не направам кармакаш, кој си ја чита темава ќе прочита.

Прво околу попуштањето оценки на крај. Мене досега ми има попуштено само Глобочка (физика, сега во пензија веќе), и тоа во трета година пошто ми остана само таа 4ка (имав 4 4ки во дневник :D). Другите години си немав проблем. Е сега, зависи многу и од професорите кои се, какви се, исто како што пиша Мамбата погоре. Може да ти прават проблем ако имаш две, така да гледај некако три да поправиш, имаш време до 10. јуни (мада треба реално да видиш дали имаш основа за да ти стават 5ка). Има и такви кои самите попуштаат, но памтат и ќе треба да им вратиш во втора. Крај краева, не е страшно ако имаш 2-3 четворки. Знам еден другар од клас, прва имаше две 4ки, следните три години 5.0. Ти одзима поенчиња за упис на факс, ама и не дотолку. (не знам како точно идеше сметањето на бодови од оценките во текот на 4 години).

Дали е тешко во Корчагин? Зависи од многу фактори, пред се' од самата генерација, колкава е конкуренцијата (ако има некои што се истакнуваат со знаење и другите ќе сакаат да имаат исто убави оценки, се зголемува конкуренцијата, се дига малце стандардот). Битно е многу и какви професори ќе ти се паднат. Искрено, ние имавме многу кул професори, освен 2-3 строги онака, ама и кај нив се научивме што како. Битно ти е да се уходаш од старт, да заборавиш што било во основно, пошто ова е на повисоко ниво. Дали ќе се истакнуваш од почеток со активност, или ќе си бидеш повлечен, твој избор. Ќе учиш редовно, знам дека звучи клише, сите го викаат тоа, ама стварно е полесно така, имам еднаш пробано. Не дека и кампањците не проаѓаат, ама моли се професорите да ти најавуваат испрашување за да знаеш кога да научиш. Иначе, си го обрал бостанот. :icon_lol:

Толку засега, се изморив....многу зборови се овоа, на матура дали ќе напишам толку. :P Ако имате уште некое прашање, ќе гледам да ви одговорам.
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Сакам да прашам за школото? Многу имам желба да учам во Корчагин но слабо стојам со Англискиот,дали ако одам таму ќе имам некои проблеми дали се добри проф. по англиски?:vozbud:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Сакам да прашам за школото? Многу имам желба да учам во Корчагин но слабо стојам со Англискиот,дали ако одам таму ќе имам некои проблеми дали се добри проф. по англиски?:vozbud:
Од есен ќе бидеш прва? Многу е можно Тања да ти предава англиски, мене ми предаваше четири години. Нора е ќерка и', исто има шанса и она да ти предава пошто и она остава сега 4та (т.е. Нора има поголеми шанси да ти предава бидејќи Тања ќе предава во трета и четврта). Другите се Каролина, Мекнолти и Маја. Не ги знам што како се.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Сакам да прашам за школото? Многу имам желба да учам во Корчагин но слабо стојам со Англискиот,дали ако одам таму ќе имам некои проблеми дали се добри проф. по англиски?:vozbud:
Немој само еден предмет да те премислува, само тоа да ти кажам. :)
Секој си има Ахилова пета што се вика, ама неможеѓ ради тоа да се мислиш дали да се запишеш негде или не.
Како и сите професорки во Корчагин, така и англиски си бараат знаење, али не е нешто којзнае што. Мене лично Маја ми предаваше и супер е, оценките ги формира најчесто според испрашувања што ги најавува, тестовите и се изгор тешки, ама ретки се, дали еднаш у година и не влијаат многу на оценката.

За другите незнам, ама прилично сум сигурен дека не се нешто поразлични, нека не те плаши тоа.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Сакам да прашам за школото? Многу имам желба да учам во Корчагин но слабо стојам со Англискиот,дали ако одам таму ќе имам некои проблеми дали се добри проф. по англиски?:vozbud:

Мене ми предаваше Каролина Кузмановска (прва и втора година ми беше класна). Кај неа наставата е нон-стоп интерактивна, се збори цело време на англиски, нема класично испрашување затоа што самата таа си кажува дека усно оценува исклучиво од часовите.
Освен тестови, дава и писмени, исто како македонски јазик, само што на многу поинтересни теми.
Бара и домашна и води евиденција за тоа. Домашната најчесто се состои во пишување есеи или пак некоја вежба од работна.

Сепак не е ништо страшно. Просечно познавање на јазикот од основно би требало да не претставува проблем дури и висока оцена да се има кај неа затоа што знае да цени труд.
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
ПМБ знам тоа за медицина е но може некој да ми каже што предмети се изучуваат? И каква професорка е Снеже-биологија?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.599
Поени од реакции
59.369
ПМБ знам тоа за медицина е но може некој да ми каже што предмети се изучуваат? И каква професорка е Снеже-биологија?
Трета година - латински јазик, програмски јазици и географија (по 2 часа неделно)
Четврта година - хемија, биологија и физика (по 3 часа неделно)
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
ПМБ знам тоа за медицина е но може некој да ми каже што предмети се изучуваат? И каква професорка е Снеже-биологија?

Снеже е царица :icon_mrgr:, ептен е добра, се зеза многу и ако сакаш да нешто да прочиташ додека те испрашува сигурно ке го слушнеш добро познатото: Don't even think about it! :D. Ама, како и сите други, и она си бара знаење, значи не е нешто премногу да неможеш петка да имаш, ама треба да си фатиш сериозно. Објективна е секад, значи нема да ти се деси кај нејзе да не те сака или да те фати на пик нешто, тоа што ке го кажеш тоа ке
ти го пише.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Shame on you RJK... После 5 години не сме први на матурата :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom