Кај е поубаво, ПМБ или ОХА да одиш?
Не дека со ОХА не можеш да одиш на електро. Само таму ќе ти треба повеќе време да се уходаш, додека другите што ги слушале тие математиките ќе им биде полесно. Истото важи и за ПМБ.
Углавном, многу побитно е дали на матура ќе полагаш математика или англиски, за интерните исто треба да пазиш кои ги одбираш и да ги гледаш конкурсите од претходната година. Мада, вие ќе имате 4 екстерни, без интерни...ве жалам
Иначе, заврши ерата на генерација 2009-2013 во Корчагин, убави денови беа тоа, добро искуство, запознав луѓе кои ми се во поблискиот круг на пријатели, на некој начин ја запознав и девојката, една година постара (
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
), така да....не можам да кажам дека нема да ми фали Корчагин, тоа ќе го осетам тек јуни месец, па и кога ќе тргнам на факс. Мада имаше некои ствари што ми направија да посакам едвај да завршиме. Секако, ова не е се', во недела идеме јако!!
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
А после тоа, учење македонски и математика за тие што полагаат (ок де, и англиски, мада искрено нема да се замарам многу со тоа). Интерниве се мачкина кашлица, прашања треба да научиме, уау.
Сега малце иам повеќе слободно време, така да ќе пробам колку е можно повеќе да ви одговорам на тие што сега сакаат да се запишат или што се прва/втора. Трета веќе се уходани.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Нема да ве цитирам, да не направам кармакаш, кој си ја чита темава ќе прочита.
Прво околу попуштањето оценки на крај. Мене досега ми има попуштено само Глобочка (физика, сега во пензија веќе), и тоа во трета година пошто ми остана само таа 4ка (имав 4 4ки во дневник
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
). Другите години си немав проблем. Е сега, зависи многу и од професорите кои се, какви се, исто како што пиша Мамбата погоре. Може да ти прават проблем ако имаш две, така да гледај некако три да поправиш, имаш време до 10. јуни (мада треба реално да видиш дали имаш основа за да ти стават 5ка). Има и такви кои самите попуштаат, но памтат и ќе треба да им вратиш во втора. Крај краева, не е страшно ако имаш 2-3 четворки. Знам еден другар од клас, прва имаше две 4ки, следните три години 5.0. Ти одзима поенчиња за упис на факс, ама и не дотолку. (не знам како точно идеше сметањето на бодови од оценките во текот на 4 години).
Дали е тешко во Корчагин? Зависи од многу фактори, пред се' од самата генерација, колкава е конкуренцијата (ако има некои што се истакнуваат со знаење и другите ќе сакаат да имаат исто убави оценки, се зголемува конкуренцијата, се дига малце стандардот). Битно е многу и какви професори ќе ти се паднат. Искрено, ние имавме многу кул професори, освен 2-3 строги онака, ама и кај нив се научивме што како. Битно ти е да се уходаш од старт, да заборавиш што било во основно, пошто ова е на повисоко ниво. Дали ќе се истакнуваш од почеток со активност, или ќе си бидеш повлечен, твој избор. Ќе учиш редовно, знам дека звучи клише, сите го викаат тоа, ама стварно е полесно така, имам еднаш пробано. Не дека и кампањците не проаѓаат, ама моли се професорите да ти најавуваат испрашување за да знаеш кога да научиш. Иначе, си го обрал бостанот.
Толку засега, се изморив....многу зборови се овоа, на матура дали ќе напишам толку.
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
Ако имате уште некое прашање, ќе гледам да ви одговорам.