СТОП ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО СО ГРЦИЈА

СТОП ЗА ПРЕГОВИРИТЕ СО ГРЦИЈА

  • Да се стопираат преговорите!

    Гласови: 273 83,2%
  • Преговорите мораат да продолжат

    Гласови: 55 16,8%

  • Вкупно гласачи
    328
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
не те нарекуваме ние, ти си се родил како Македонец...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
83 % на анкетава се за прекинување на преговорите.Тоа е горе долу и расположението во државава.Атињаните си го послушаа народот кој 90 % беше за вето.А нашиве изроди????
 
Член од
22 март 2008
Мислења
40
Поени од реакции
0
zašto da sam se rodil kako makedonec , do predi 5-6 godini ne znaev deka e R.Makedonija.... :) ne sam soglasen
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Дали Европа ни подготвува трет Букурешт?
понеделник, 07 април 2008
Да се стави мораториум на кандидатурата за членство во НАТО и ЕУ до прифаќањето на уставното име на државата. Треба да се работи на стратегиско партнерство за одбрана на Република Македонија со САД и посведочените пријателски држави во НАТО и ЕУ со договорно утврдени безбедносни и економски клаузули
Пишува: др. Михајло Миновски

По Букурешт одново ни се наметнува судбинското прашање што пред повеќе од едно столетие го постави Крсте П. Мисирков: што правевме, што направивме и што треба да правиме ние Македонците? Тоа сега се појавува како прашање: Што правеше, што направи и што треба да прави државното раководство на Република Македонија ?

Што правеа досегашните раководства?
Го повикуваа народот да ја заборави сопствената историја, да ги избрише од неговата меморија трагичното минато, распарчувањето, геноцидот, да простува христијански, да трпи, да се жртвува во сегашноста - за нова иднина; за благосостојба и за духовно обединување во нова Европа. Го убедуваа дека Европа се раководи од правото и правичноста. Во сето тоа македонскиот народ сакаше да верува, веруваше во минатото, верува и денес.
Ние, Македонците, верувавме и баравме од Европа: во Берлин 1878, Лондон 1913, Букурешт 1913, Париз 1919, Париз 1946 да не прифати како народ, со свој идентитет, со богато културно минато, да ни го признае правото на слободен живот во своја држава.

Што ни даде официјална Европа?
Берлин, 1878: Европа одлучи: Македонија како безимена провинција да остане под власта на Османлиската држава.
Лондон, 1913: ја одобри окупацијата на Македонија од империјалистичките балкански држави.
Букурешт, 1913: Европа ја призна поделбата на Македонија и распарчувањето на македонскиот народ.
Париз, 1919: Европа се оглуши на барањата на Македонците за примена на право на самоопределување, обединување и самостојна држава и за македонскиот народ. Ја потврди поделбата на Македонија. По силна заложба на Франција го прифати барањето на Грција и вгради клаузула во Мировниот договор со поразена Бугарија за задолжителна Конвенција за размена на малцинствата; прифати третман на тогаш мнозинскиот македонски народ во егејскиот дел на Македонија како бугарско малцинство во грчката држава, го легализира етничкото чистење спроведувано од Грција.
Лозана, 1923: Европа го поддржа потпишувањето на Конвенција за задолжителна размена на малцинствата меѓу Грција и Турција. Ја поддржа Грција за насилно протерување и на македонското население со исламска вероисповед од егејскиот дел на Македонија.
Париз, 1946: На Мировната конференција ја потврди поделбата на Македонија и распарченоста на македонскиот народ. Тогаш, Грција спроведе нов геноцид над македонскиот народ...
1991: По прогласувањето на независноста на Република Македонија. Европа се солидаризира со Грција за непризнавање на уставното име и државноправниот континуитет на државата и националниот идентитет на македонскиот државотворен народ.
Њујорк, 1993: Европа наметна прием на Република Македонија во ООН под привремено име Поранешна Југословенска Република Македонија.
Букурешт, 2008. Европа ја понижи Република Македонија со одбивањето на нејзиното барање за пристапување во НАТО, со образложение дека не го прифаќа уставното име.
Букурешт, 2008: Европа ја понижи Република Македонија со одбивањето на нејзиното барање за пристапување во НАТО, со образложение дека не го прифаќа уставното име. Приемот во НАТО и ЕУ, го услови со име на државата во меѓународните организации и во меѓународните односи различно од уставното име. Со тоа, категорично даде на знаење дека државата ја сака во НАТО и ЕУ без македонскиот народ, без Македонци, со население без македонски национален идентитет.

Битката за признавањето на нашето националното историско име (националниот идентитет, автентичното историско минато и културно наследство) ја загубивме. Европа и сега, на почетокот на 21 век, не го измени својот однос спрема македонскиот народ.

Политиката на македонското државно раководство, политика на кооперативност до степен на подаништво кон Европа, доживеа тотален крах. Но, може и мора да има и алтернатива.

Во актуелниов историски момент, витален државен интерес е да не се бараат виновниците за поразот на таа политика и тешкиот удар на националното достоинство. Се во свое време. Никој нема да биде амнестиран од судот на историјата.
Што направија (односно не направија) државните раководства да дојдеме во оваа положба на сите нам ни е познато.

По Букурешт, Европа од Република Македонија бара продолжување со досегашната (губитничка) политика и нуди две солуции:
1. Државното раководство да прифати ново име на државата за членство во ООН и во меѓународните организации (да го деноминира и обезличи сопствениот народ за надворешниот свет) само така може да биде примена во НАТО и во ЕУ. Да прифати(ме) Грција (ополномоштена од Европа) да ни го определи името, да ни го деродира идентитетот. Да признае(ме) дека не сме државотворен народ, дека нашата држава ќе постои по и според волјата на Грција, како „грчка државна творба”.
2. Да се соочи со трет Букурешт (веројатно Брисел 2009 година).

Што треба да се направи ?
1. Државното раководство, лидерите на политичките партии и интелектуалците експерти кои го создаваа јавното мислење, да најдат сили да го преиспитаат фаталистичкото гледање дека без членство во НАТО ќе ја изгубиме државата и ќе не нема како народ.
2. Национален договор за виталните национални и државни интереси.
3. Неодложно усвојување долгорочна национална и државна стратегија со приоритети.
4. Политички консензус за продолжување на реформите. Република Македонија самостојно да се развива и да ги остварува европските стандарди за лична безбедност, сигурноста на имотот, граѓански права и квалитет на животот на граѓаните.
5. Прекинување на разговорите со Грција за името. Ревидирање на досегашната позиција во меѓусебните односи по отвореното демонстрирање на непријатество.
6. Отповикување на согласноста за привремено име во Обединетите нации и воведување на уставното име Република Македонија.
7. Мораториум за кандидатурата за членство во НАТО и ЕУ до прифаќањето на уставното име на државата.
8. Билатерална и мултилатерална соработка со сите држави врз рамноправна основа, посебно со пријателските држави во НАТО и ЕУ.
9. Стратегиско партнерство за одбрана на Република Македонија со САД и посведочените пријателски држави во НАТО и ЕУ со договорно утврдени безбедносни и економски клаузули.
10. Преиспитување на одбрамбената стратегија; реактивирањето на резервниот состав на Армијата на Република Македонија и рестартирање на наменската индустрија.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Најинтересна и најадекватна според мене барем во моментот е точката 7.:

7. Мораториум за кандидатурата за членство во НАТО и ЕУ до прифаќањето на уставното име на државата.

Сега е моментот кога треба да се искористи геостратешката позиција на Македонија и да се реши проблемот со Грција.Клинот што го образуваат Србија и Македонија во срцето на НАТО доколку не се членки зборува најубаво колку Македонија им треба на ЕУ а особено на НАТО интересите во Европа,особено на Балканот,и ние доколку не ја искористиме максимално оваа состојба,можеби ни по 100 години нема да имаме ваква историска шанса.
 
Член од
24 март 2008
Мислења
10
Поени од реакции
1
ne ni treba nato ni eu ne grcija ke bideme nova clenka na usa i najbolje ke ni bide ni ke im go lizeme na sarkozi ni na karamanlis so kaubojcite najbolje ke ni bide
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
АНКЕТИ:
______________________________________________

Stop za razgovori za imeto [133 votes total]

DA (119) 89%
NE (14) 11%

http://vote.sparklit.com/poll.spark/1069637
______________________________________________

Дали треба да ги прекинеме преговорите за името со Грција ?

Да (1675)
Не (470)
Незнам (33)

http://www.kirilica.com.mk/tema.asp?r=1&t=28
______________________________________________

СТОП ЗА ПРЕГОВOРИТЕ СО ГРЦИЈА

Да се стопираат преговорите [207] 84.15%
Преговорите мораат да продолжат [39] 15.85%

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=21151
______________________________________________
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Решението за името е во ОН или во Хаг

Бидејки компромис не е можен, ја повикуваме Владата решението за името да го бара преку Советот на безбедност на ОН или преку Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, порачува Македонската алијанса

Македонската алијанса се придружува кон протестите на целиот македонски народ и неговите пријатели за кусогледото решение на НАТО со што потклекна пред грчкото вето и да го одложи во недоглед приемот на Македонија.

Во соопштението на алијансата се вели дека „со ова решение НАТО, практично, ни порачува дека приемот треба да го бараме во Атина, а не во Брисел.

Македонската алијанса повторува дека на сите треба да ни е јасно дека единствениот компромис што Грција би го прифатила е промена на нашиот идентитет и според тоа сите преговори се залудни бидејки нашиот идентитет е поважен од се друго.

На нашите пријатели во НАТО и ЕУ треба постојано да им се укажува дека промена на идентитетот не е можна и затоа преговорите не водат никаде.

Бидејки компромис не е можен, ја повикуваме Владата решението за името да го бара преку Советот на безбедност на ОН или преку Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, се вели во соопштението на Македонската алијанса.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3661
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Постапките на Грција не се акт на добрососедство

Коалицијата на невладини организации „Граѓански ТИМ“ ги повика сите граѓани на Македонија да го искористат своето демократско право на слобода на говор и мисла, и јавно да го искажат својот став
На јавно изразување на гневот и фрустрацијата поради грчкото вето на приемот на Македонија во НАТО повика коалицијата на невладини организации „Граѓански ТИМ“ од денешната прес-конференција пред грчката амбасада во Скопје. Како што самите велат, локацијата ја одбрале намерно, затоа што чувствувале дека токму пред амбасадата треба да го изразат револтот кон континуираната политика на негација и омаловажување на македонскиот народ, култура и држава кој кулминираше со ветото.

- Нашиот јужен сосед постојано води иредентистичка и експанзионистичка политика заради уништување на се што е македонско (културата, народот и државата) и трајно дестабилизирање на Балканот. Постојано сме соочени со изјави за добрососедство, соработка и помош, а во суштина се случува блокирање и омаловажување. Ние сме револтирани од овие постапки и не можеме да ги прифатиме како акт на добрососедство – изјави актерот Игор Стојчевски, член на организацијата.

Организацијата ги повика сите граѓани кои, како што беше речено, го носат истото чувство и револт, да и се приклучат и да ја поддржат.

- Ги повикуваме да го искористат своето демократско право на слобода на говор и мисла, и јавно да го искажат својот став. Само преку еднинство и сплотеност на сите граѓани ќе покажеме дека имаме право на демократски и пристоен живот во хармонија со сите граѓани – изјави Стојчевски, додавајќи дека секој граѓанин пред себе ќе си биде одговорен за постапките кои што ќе ги направи.

Грчката амбасада, за тоа време, беше обезбедувана од дваесеттина припадници на специјалната полициска единица.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3725
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Васкополус: Грција е во слаба позиција

Индоктринацијата и перењето на мозоците на нашите сограѓани Грци, сите овие години донесе до таков апсурд Грчкото право за вето, загарантирано од правилата на Алијансата, да се третира како голема победа на Грција против Македонија

Павлос Филипов Васкополус, член на политичкиот секретаријат на политичката партија на македонското малцинство во Грција „Виножито“, за „Кирилица“ објаснува дека ветото од Грција врз членството на Македонија во НАТО на последниот Самит, нема директно влијание врз положбата на Македонците во Грцја.

- Ситуацијата за правата на малцинствата е одамна влошена, така што нема ни на ова поле промена на цврстиот став на Грција да не признава постоење на националните малцинства. Грција полека но сигурно во последните децении станува една држава од поранешен источен тип, со едно тоталитарно сваќање кога зборуваме за почитување на разноликоста, конзервативно анти-западно и во суштина анти-европско општество и држава. Индоктринацијата и перењето на мозоците на нашитесограѓани Грци, сите овие години донесе до таков апсурд Грчкото право за вето, загарантирано од правилата на Алијансата, да се третира како голема победа на Грција против Македонија – вели Васкополус.

Според него ветото на Грција ја покажува во суштина слабата позиција на Грција.

- Да беше поинаку немаше ни да дојде до уценувачка употреба на вето (право што се предвидува како такво во статутот на Алијансата) од страна на Грција – вели тој.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3700
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики смета дека спорот единствено може да се реши во ООН. Смета дека земјава треба да ги прекине преговорите и да побара нова резолуција од ОН која ќе го потврди користењето на нашето уставно име.
Ако Македонија сака да си го задржи идентитетот ова мора да се реализира во ООН. Ние не можеме да очекуваме дека некој во НАТО или ЕУ ќе има симпатии кон нашето уставно име или нашиот идентитет. Мора да сфатиме дека грчкиот национализам е многу силен. За тој да се скроти ние мора да работиме таму каде што сме еднакви, а еднакви сме во ООН, изјави Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики.

Наоѓањето на излез од спорот со името е приоритет на властите во Македонија. Експертското мислење за завршување на спорот ќе го консултираат следнава недела.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
ПРЕД ВЕТОТО:

Плановите на државниот врв ако Грција стави ВЕТО за НАТО
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=68721F49F743774CBB6770B09EF6791F

БЕЕР: ГРЦИЈА ДА СЕ САНКЦИОНИРА АКО СТАВИ ВЕТО
СИТЕЛ ТВ

ФАЈНЕНШАЛ ТАЈМС: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПОКАНА [02.04.2008]

Од сите држави од Централна и Источна Европа, кои се редат на опашката за присоединување кон НАТО, една земја го заслужува тоа повеќе од сите други: балканската Република Македонија, пишува денес “Фајненшал тајмс“. Но заради мистериозното разијдување со соседна Грција за името, коментира изданието, за Скопје има најмала веројатност да добие зелено светло на средбата во Букурешт оваа седмица.

“Наместо тоа, годишниот форум на Северноатлантската Алијанса ќе го прикаже блокот како каприциозен и разделен, а единствената задоволна личност во романската престолнина ќе биде Владимир Путин“, коментира “Фајненшал тајмс“.

Угледниот весник Волтстрит Журнал осамна со ваков наслов:

Прославата за поканата во НАТО на трите идни членки од Балканот може да биде расипана од Грција.

- Овој апсурден спор околу тоа кој го има правото врз името на родната земја на Александар е закана за стабилноста на регионот која веќе е нарушена од случувањата по прогласувањето на независноста на Косово. Грците очигледно не знаат подобро и затоа Џорџ Буш и другите лидери мора да најдат креативно решение - се наведува во коментарот на весникот.


ПО ВЕТОТО:


Бојкот на македонските новинари
Македонските новинари ја напуштиле прес-конференцијата на НАТО
http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=7562

Македонската делегација заминува од Букурешт ден порано
Македонската делегација заминува од Букурешт еден ден порано, во знак на протест.
http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=7566

Никола Груевски:
- Секој што мисли дека може да ја натера земјата да го направи тоа што некој друг го посакува, е во голема заблуда. Нашата земја е силна зашто има силни граѓани и ќе продолжи и да опстојува и да се развива со силна динамика заедно со нашите сојузници, изјави Груевски во Букурешт
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3486

Естрадата обединета:
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3483

Експертите со порака Македонија да ја тужи Грција:
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3458

Бранко Црвенковски:
Грција го злоупотреби ветото и нанесе неправда на Македонија
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3479

Никола Димитров:
НАТО ја казни Македонија поради идентитетот
„Ние сме казнети не затоа што не ја исполнивме нашата задача, туку поради тоа кои сме. Ние сме казнети за нашиот македонски идентитет, “изјави македонскиот преговарач Димитров.
Makfax

Витешки и без компромис во одбрана на Македонија
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3490

Граѓаните сметаат дека на државата и е нанесена голема неправда
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3494

Нешто од Кајгана
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=1268215&postcount=1

Македонците нема да го сменат името за волјата на Грција
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3532

„Њујорк тајмс“
Срамота за Грција
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3535

Кацин огорчен поради тоа што Македонија не доби покана за членство во НАТО
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3543

Рајс - Македонија не е виновна за неуспехот во Букурешт
Makfax

ЗЕМЈИТЕ КОИ НЕ НЕ ПОДДРЖАА - МОЛЧАТ ОД СРАМ
СИТЕЛ ТВ

Безбедносен договор меѓу Македонија и САД, сличен на тој со Израел
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=27397&kategorija=1

William Reihman
http://trn.blog.com.mk/node/146938

Никола Груевски:
- Овој народ, овие граѓани, сите етнички заедници имаат и сила, и капацитет и волја да чекориме напред. Ако не е така, јас не би се нафаќал на оваа работа. Оти без таква нација секој избран лидер е осуден на неуспех. Колку и да имаме тешки моменти, предизвици, искушенија, по некоја загубена битка и пораз, сите ние во Македонија, знаеме што сакаме, знаеме да правиме напредок и да успееме. Тоа и ќе се случи – вели Груевски.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3603

Односот на НАТО кон Македонија е скандал
Норвешките новинари ја оценија одлуката на Алијансата како скандалозен настан за целиот Балкан
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3587

Лилјана Поповска
Да ја дадеме Грција на меѓународен суд
Само се понижуваме и се посипуваме со пепел, нанесувајќи си дополнителна штета, а полза од тоа нема да имаме ако гледаме дека грчката страна не сака до се дојде до решение - вели Поповска
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3581

Црвенковски: Државниот врв е единствен
- Грција со ветото ја прекрши времената спогодба и со тоа престанува обврската на РМ да преговара за името, сега е важно да дефинираме рационална стратегија - порача денеска од Загреб, претседателот Бранко Црвенковски
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3614

Масовно се откажуваат велигденските аранжмани за Грција
Македонските граѓани кои планираа Велигден и Први мај да ги прослават во Грција, од завчера масовно ги откажуваат аранжманите што ги уплатиле во туристичките агенции. Откако Грција стави вето за влез на Македонија во НАТО нагло спласна и интересот за понудите, а се намалија и телефонските јавувања преку кои граѓаните се распрашуваа за турите во Грција, велат туроператорите.
ВЕСТ >>

Решението за името е во ОН или во Хаг
Бидејки компромис не е можен, ја повикуваме Владата решението за името да го бара преку Советот на безбедност на ОН или преку Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, се вели во соопштението на Македонската алијанса.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3661

Васкополус: Грција е во слаба позиција
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3700

Уметници:
Постапките на Грција не се акт на добрососедство
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3725

др. Михајло Миновски
Трет Букурешт:
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=3717
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.367
Поени од реакции
2.277
Super scenario za eden holivudski 'blokbaster' ... nema sto.
A da se prasas koj faktor (ekonomski, politicki, voen) , sme nie (Makedonija) , vo reginov i vo svetov , pa edna Amerika da ni se upikuva taka perfidno i taka zad grb da ni pravi opstrukcii?
Pa ako Amerika saka nas da ne nema , kje ne nema za eden den.
Neli gledate kako publici nashive politicari trchaat po Bush."On okom , nasive skokom".
Na Amerika i trebalo da podpisuva bilateralni dogovori so edna Makedonija , so cel polesno da ja raznebiti odvnatre. Pffff....
Nie edno shto sme sploteni vnatre ... sto da ti kazam.
Pocni od Petkovski, po Gerovski , preku Frchkovski ... pa se do Stardelov.
Daj malce , da ne se precenuvame.
Добро за ова у право си не сме сплотени и :pos2: сега ми текна додаток на сценариово може од хорор трилерски и комедиски правец да фати...ние македонците како што сме целите млитавки така и добричини плашливци може да ни упаднат онака кај сите во домовите да ни влезат збориме за време окупација на МК и да ни речат... ај гитла сеа ова е мој стан или куќа!!! и македончево како што си е по гаќи ќе скокне со даљинското у рака и ќе рече аман заман не ме тепај шо се лутите бе еејјј па еве ви сакаш ЛЦД ете ти сакаш стан... кола ете ти:kesa: :cuc: не бе уживај не ми требаат мене земи си позлужи се :pos: :pos: шо се срамиш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom