Ако веруваме во тоа што веруваше тој, треба да веруваме и дека не е залудно да му го споменеме роденденот, а и да му го честитаме, затоа што тој тоа ќе го види и слушне.
Ах Тоше ... ми помина болката, а сега го имам повторно тоа прво чувство како не е можно дека не си повеќе со нас. Цел ден гледав емисии за тебе, со празен поглед, со неверување во сите зборови ... не ме трогнуваат повеќе сите работи кажани за тебе, затоа што конечно ваљда се помирив со вистината и сакам без тага да ги слушам твоите песни, да го гледам твојот лик ...
Треба да престанеме со плачот, кукањето и жалењето. Време е да продолжиме да те славиме, без навраќање на тој трагичен настан во кој те изгубивме физички. Психички нема никогаш да се случи тоа, па заслужуваш повторно секој да се насмевне кога ќе го слушне твоето име. Заслужуваш тоа да не е пропратено со негативни мисли и зборови.
Голем човек беше и ќе останеш. Заслужуваш во тоа име секој човек кога ќе се сети на тебе да направи една добра работа, со што ќе го продолжи твојот пат. Заслужуваш секој да има научено од тебе да ги сака сите луѓе, да е хуман, да е добар, да е среќен и насмеан и да го сака животот.
Заслужуваш, па еве од мене една насмевка на твојот роденден и едно ветување дека колку што можам ќе бидам како тебе.:smir:
Уште еднаш, почивај во мир и нека ти е вечна славата!