СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ТОШЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе останеш во вечно сеќавање, почивај во мир....

Ве сакам сите.....

 
Среќен Роденден наш ангелу..се надевам дека убаво се смести на небото и имаш прекрасен поглед кон нас доле..чувај не..нека твоите песни и понатаму не обединуваат..силно те гушкам и те бакнувам и оваа ноќ..нека ангелите заедно со тебе го прослават овој ден..ден на кој си се родил..ден на кој Македонија беше обележана заради твоето постоење а денес..ден на кој Македонија е обележана со уште поголема тага..Среќен Роденден Ангелу!!!!
 
Среќен роденден ангелу!! Засекогаш меѓу нас..Те сакаме!!!!!!!!
 
:cry::cry::cry: Toшенце срекен роденден :cry:
не можеме да славиме без тебе, но можеме да се сеќаваме на тебе и со твоите песни да го поминеме денов!
те сакаме Тоше и засекогаш ќе бидеш во нашите срца!

ToseRIP.jpg
 
Златен мој,
еднаш ми рече:ивана се е онака како што требало да биде и некои работи неможе да ги промениме......
тогаш ти климнав со главата и ти се насмевнав, убедена дека не е баш така во животот....
Денес си велам дека можеби навистина така требало да биде, требаше ти да заминаеш за да осетиме билка, да се сплотиме и да почнеме да делиме, да сфатиме колку многу те сакаме и уште повеке дека ке ни недостигаш....
денес е ден кој требаше да го славиме без солзи....
денес е ден кога ке се спојат вечните спомени, твојата насмевка која секогаш ке плови низ нашите мисли.....
Ке живееш вечно,
ангелу мој,
ти кој секогаш ќе не чуваш,
ти кој секогаш најмногу знаеш да не сакаш....
 
А бе како среќен бе, како може да е среќен, срцево ми се кине, пак солзи ми дојдоа на очите кога ја видов темата! Вечна ти слава најголем МАКЕДОНЕЦУ, почивај во мир, вечно ќе те паметиме и во срца ќе те носиме!_ _ _ _ _ _ роденден брат:(
 
Среќен роденден Тоше.
Вечно во нашите срца ќе си.
 
Му честитате роденден на човек кој не е повеќе жив, кој не дочека да си го прослави. И уште па среќен.


Јас само ќе кажам дека уште не ми се верува што се случи. Жално, тажно и трагично што прерано згасна неговиот живот. И знам дека на сите ќе ни остане во спомен, сите ќе си се присетуваме на нашиот Тошка, ќе го спомнуваме неговото име, ќе го гледаме неговиот лик и ќе го слушаме неговиот глас.
Вечен!
 
Му честитате роденден на човек кој не е повеќе жив, кој не дочека да си го прослави. И уште па среќен.


Јас само ќе кажам дека уште не ми се верува што се случи. Жално, тажно и трагично што прерано згасна неговиот живот. И знам дека на сите ќе ни остане во спомен, сите ќе си се присетуваме на нашиот Тошка, ќе го спомнуваме неговото име, ќе го гледаме неговиот лик и ќе го слушаме неговиот глас.
Вечен!

Човек никогаш нема да умри ако го чуваме во нашите срца. Тоше не е мртов.
И да, среќен нека му е, таму кај шо е.
 
се надевам дека никогаш нема да те заборавиме,зошто ако сториме тоа го забораваме доброто и хуманоста,ќе забораваме кој сме и што сме на оваа земја,среќен роденден великану.апел до сите кои веруваат во доброто сакајте се еден спрема друг не мисли лошо на другиот до тебе,така повеќе му даваме почит на Тоше одколку со нашите зборови кои се забораваат,а неговите дела уште живеат.
 
вечна ти слава!
некако, празно... црнила. ја зави македонија. ќе наполнеше 27 денес. да знаеш, не можеме да се помириме! :(
среќен роденден каде и да си.
...овој свет, минус тебе во него, малку е...

Fortune напиша:
Му честитате роденден на човек кој не е повеќе жив, кој не дочека да си го прослави. И уште па среќен.
му честитаа на хитлер роденден во една тема, па што? бев против, ама сега сваќам дека бев против само ради личноста.
ако треба да бирам на некој да честитам, што не е меѓу нас, тоа е тоше. не го сваќај така, гледај на друг начин.
 
Среќен роденден великану, почивај во мир :(
 
Уште да ме истепате фали. Во случајов, не требаше да реагирате толку импулсивно, често нештата имаат две страни, толкувања.
Мразам кога ми ги превртуваат зборовите и смислата на она што сум го кажала. Испадна по вашиов муабет дека не го почитувам човеков :nesvest:

Ама, секако, не сакам темава да ја расипаме. Кој ме разбра, ме разбра. Кој не, тоа е тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom