Touch map на Гризман вечерва. Невидливоста под наводници на Жиру од 2018, ја презема во 2022 токму Гризман. И подобро би било на Скалони да размислува во тој правец кога ќе креира тактика за финалето. Да му го залепи Паредес или Де Пол, овие да го изнатепаат, дури и по цена на жолт картон, за да го запрат протокот.
Франција ми наликува на Реал. Мислиш сосила, на среќа, одвај гураат, сега ќе примат гол и наеднаш ги гледаш во финале.
И да, во 2018 и 2022 играат финале на Светско со Жиру во нападот. Со Бензема последното Европско, испаднаа од Швајцарија.
Бензема е несомнено подобар играч од Жиру, но за овој колектив на Дешамп, Жиру е лепакот.