СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.085
Поени од реакции
25.082
СП 2022 ќе биде 22рото издание на најголемото интернационално натпреварување во фудбалот, а ќе се одржи во Катар. Првенството ќе трае од 20ти Ноември до таму некој Декември и ќе се натпреваруваат 32 репрезентации, нормално домаќинот Катар + 31 земја кои имаат изборено пласман преку квалификации.

Почнаа да се објавуваат тимовите на репрезентациите.

Позначајни репрезентации до сега кои го објавија својот список се Бразил и вечерва Франција.



Исто така како увертира за светсково предлагам и да го изгледате новиот документарец кој излезе мислам денеска на Нетфликс, кој на најубав начин го најавува новото натпреварување.

 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Супер тема, но победникот мислам дека однапред се знае.

20221109_210000.jpg 20221109_210016.jpg


Бразил-Мазил, нека играат за трето, петто место. Неизвесност, тешко.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.714
Поени од реакции
43.736
Средните имиња им почнувале на иста буква бе хахахахахахаха :pos::pos::pos: И за да биде уште појако, на истата таа буква почнува и името на државата. Мислам дека после овој факт, стварно се е јасно однапред и Светсково ќе биде само формално изиграно.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.499
Поени од реакции
8.156
СП без Италија, исто како жена без цицки...
Светско без 3 недели припреми и креирање хајп во нафташка вукојебина од блискиот исток е секако како жена без цицки, кој и да игра или не игра.
Ќе биде бизарно светсково у секој случај. Веројатно последно на Меси и Роналдо...
Доста изедначени репрезентации, нема некој апла фаворит. Има доста екипи кои можат да напраат проблеми (Данска, Србија, Хрватска).
Тешко да се најде фаворит во оваа фаза. На Бразил ростерот, барем на хартија делува како најдобар. Не мора другите да објавуваат :D
Португалија, Франција, Германија исто така очекувам да избацат јаки состави. Тек после доаѓаат Англија, Аргентина, Холандија, Белгија и Шпанија.

Ќе има изненадувања и позитивни и негативни, пошто таква е поставеноста на самиот турнир.
Тренерите ќе изостават по неколку играчи кои играат во добра форма, на сметка на некои што моментално не играат најдобро, ама биле дел од репрезентација неколку години (нешто како лупам - Мегваер, да речеме).

п.с ако некој од великаниве Роналдо/Меси го освои светсково со својата репрезентација, мислам дека ќе биде дефинитивно GOAT без никаков простор за дебата.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2014
Мислења
5.071
Поени од реакции
6.429
Средните имиња им почнувале на иста буква бе хахахахахахаха :pos::pos::pos: И за да биде уште појако, на истата таа буква почнува и името на државата. Мислам дека после овој факт, стварно се е јасно однапред и Светсково ќе биде само формално изиграно.
Толку многу е убедлива објавата и калкулаците што почнав да верувам во неа :D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.207
Поени од реакции
14.474
Многу е битно на која репрезентација и е наклонет ждребот. Во Русија им се отвори добро на Хрватите.

Нешто што погледнав малку, Бразил и Аргентина имаат полесен пат до финале. Треба да видам колку некое изненадување може да направи целосни промени и да им се искомплицира ситуацијата.

Исто и Холандија има среќа со ждрепката. Па колку и да има други посилни европски репрезентации, Холандија изгледа ќе биде пред доста од нив.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.515
Поени од реакции
22.155


Некако многу слаб состав имаат Германците, можеби и најслаб во последните 25+ години, а сигурно и повеќе.
Ne bi rekol slab, no fali nekoj koncept. Ne gledam Flick da pravi nesto podobro od Löw iskreno. Inace 5 igraci od Dortmund odamna nemase. Reus za zal radi povreda pak ne moze da ucestvuva. Golema steta iskreno vo odlicna forma bese.

Problem e nemanje vistinski spic. Moukoko e seuste mlad i ne moze da ocekuvame preku nokj da go resi toj problem.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.085
Поени од реакции
25.082


Некако многу слаб состав имаат Германците, можеби и најслаб во последните 25+ години, а сигурно и повеќе.
Геце е земен ваљда во случај ако се паднат со Аргентина да може да реагира. :cool:
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.313
Поени од реакции
5.339
Германците имаат само страшна средина, голмани и Рудигер.
Бекови немаат, напаѓачи немаат, крилата сумливи играчи.
Не очекувам ништо од нив, само посед 85% и кружење налик претходното СП и ЕП.

Штета што такви играчи во средина имаат ама нема кој да ги искористи нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom