СП 2015 Катар - Група Ц (FRA, SWE, ALG, CZE, EGY, ICE)

Кои четири репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    51
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.692
erieorieo.png

Групата Ц е мешавина од Европски и селекции од Арапскиот дел на Африка. Група во која имаме една национална селекција која според составот треба да издоминира во групата, но и две други селекции кои можат да претендираат за висок пласман на крајот на првенството.


Како селекција од првиот шешир, носител во групата Ц е актуелниот Европски шампион, репрезентацијата на Франција. Со оглед на тоа што повеќето посетители на форумов сме генерации родени кон крајот на 80-тите или во почетокот на 90-тите, можеме да кажеме дека одлично ги паметиме успесите на Франција на европските и светските првенства.
Трикратниот Европски и четирикратиот Светски шампион доаѓа во Катар во најсилниот состав.
Традиционално во последните години, предводник на составот е Никола Карабатиќ.
Голот на Франција веќе 15-тина години по ред, ќе го брани легендарниот Тиери Омејер, голманот на ПСЖ, додека негова замена е Думулин. Пикерската позиција е наменета за Сораиндо и Лука Карабатиќ, додека своја шанса ќе чека Игор Аниќ. Крилните позиции се наменети за Гигу и Онрубиа на левата позиција и Абало и Жоли на десната позиција. Сеуште не се знаат конечните состави на селекциите, но селекторот на Франција ќе има слатки маки околу изборот на левиот бек. Тука е искусниот Фернандез, бекот на ПСЖ кој одлично игра за репрезентацијата, Акамбре, играчот на Монпеље чија моќ ја проследивме во мечот против Вардар, Метју Гребил, како и Н'Гвесан, играчот на Шамбери кој најверојатно ќе отпадне од поширокиот состав. Центарската позиција е наменета за Карабатиќ, како и Даниел Нарцис, додека десната бековска позиција ќе биде пополнета со Бараше, Нјокас, како и откритието на минатото Европско, Валентин Порте. Селекторот Клод Онеста практично ќе го има истиот состав на располагање од минатогодишното Европско првенство кое Франција го освои во огромна доминација. Нивната игра се одликува со сите карактеристики на модерниот ракомет. Брз центар, брзо завршување на нападите, агресивна одбрана, нешто кое кога ќе се комбинира со искусниот состав и селектор, дефинитивно ја вбројува Франција во еден од главните кандидати за титулата. Сепак, изненадувања секогаш се случуваат, па и Французите имаа два кризни шампионати кога на ЕП 2012 завршија како 11-ти додека на СП 2013 како 6-ти. Низ годините кои следеа покажаа дека смената на генерациите е успешна, кризата е надмината и на овој шампионат ќе видиме дали постои екипа која е доволна зрела да ги запре во походот кон петата светска титула. со кои би избиле на најтрофејни селекции на светските првенства.

Франција е втора на листата на освојувачи на медали на светските првенства со вкупно 8 одличја, а единствената селекција која е над нив е токму селекцијата од вториот шешир во оваа група, репрезентацијата на Шведска. Скандинавците имаат 11 медали на сетските првенства, од кои 4 се златни. Четирикратниот Европски и четирикратниот светски шампион ќе се обиде да го подобри четвртото место кое го освои на предминатото СП кое се одржа на нивен терен. Изненадувачки, Швеѓаните го пропуштија претходното СП откако во баражот беа елиминирани од Црна Гора. Овојпат, лесно ја премостија последната пречка, Романија, која ја елиминираа со 7 голови разлика во баражот. Составот е комбинација од играчи од Бундеслигата и играчи кои играат буквално ни цела Европа. На голот голема битка за стартното место ќе водат голманите на Флеснбург и Кил, Матијас Андерсон и Андреас Паличка. Се очекува помладиот Паличка да биде на голот во првата постава. На поширокиот состав се најдоа дури 6 пикери, од кои 3 имаат загарантирано место во тимот. Пикерската линија составена од Тобијас Карлсон од Фленсбург, неговиот колега од Фуксе Берлин, Џаспер Нилсен, како и нам познатиот пикер на Веспрем, Андреас Нилсон, ја сочинуваат можеби најдобра пикерска линија на првенството. Доколку се земе и четврт пикер, тоа веројатно би бил искусниот Јернемир. Крилната позиција е покриена со Петерсен и Калман на левата страна и Екберг и Закрисон на десно. Бековската линија ќе ја предводи нивниот најдобар бек, Ким Андерсон кој е алфа и омега во составот на КИФ Колдинг/Копенхаген. На десната страна друштво ќе му прават Јакобсон и Персон. Навидум левата бековска страна е послаба, меѓутоа Стенмалм од Ла Ријоха од она што го видовме во ЛШ, покажа дека е спремен да одговори на предизвикот. Центарската позиција ќе ја предводат бекот на Мелсунген, Патрик Фалгрен и партнерот на Андерсон од КИФ, Лукас Карлсон. Ќе видиме дали оваа селекција предводена од Олсон и Линдгрен ќе ги подобри резултатите од минатите европски и светски првенства и конечно ќе се вмеша во борбата за медали после долго време. Токму Франција е селекцијата која ја спречува да ја одбрани последната освоена светска титула, откако во финалето на СП во 2001 година ја совладува на свој терен.

Од третиот шешир ни доаѓа селекцијата на Алжир. Шампионот на Африканскиот куп за 2014 година, доаѓа во надеж дека ќе го подобри својот најдобар пласман на светските првенства, 13-тото место кое го освоиле во 2001 година. Ова им е 14-ти настап на светските првенства, а досега постојано се пласирале меѓу 13 и 19-то место. Селекторот Реда Зегули има пар поискусни поединци во составот кој воглавно е составен од играчи кои се на возраст од 25-6 години. Нема ниту еден попознат играч, повеќето играат во Алжирскиот шампионат, а неколку се членови на Француски екипи од долниот дел на табелата. Во идеалниот тим на Африканскиот шампионат се најдоа четворица играчи на Алжир кои и сега се на списокот на Зегули, а тоа се голманот Слаџи, десниот бек Бултиф, левото крило Риад Шехбур, централниот бек Рахим и пивотот Мокрани. Во составот е и најдобриот стрелец на првенството, Беркус кој игра како лев бек.
Репрезентацијата на Чешка е четвртата селекција според ранкингот во оваа група. Чесите имаат едно злато од времето на Чехословачка. Последните 10-тина години веќе сме навикнати да доживуваме само разочарувања од нив. Секогаш имаат амбиции за повисоки места, а на крајот завршуваат на средината на вкупната табела. Во баражот за СП 2015 имаа маестрален камбек на свој терен откако по поразот од 23-15 во Србија, успеаа да победат на свој терен со 33-21. Мирослав Јурка десното крило на Ст.Рафаел беше редводник во последниот квалификационен меч со 9 погодоци, а исто толку постигна и левото крило Мотл. Ќе видиме дали крај овие крила, шанса ќе добие и екс играчот на Вардар (и мој екс комшија:P) Јан Собол кој истотака е дел од репрезентацијата за овој континентален собир. Како и секогаш ударна игла на селекторот Јан Филип е левиот бек на Кил, Филип Јиха. Веќе 32 годишниот искусен играч кој долги години беше сметан за најдобар бек на светот, веројатно ќе ја има една од последните шанси за да направи некој поголем успех со својата селекција. Најпрвин имаат тешка задача да ја минат групата, а потоа и да пробаат да го подобрат пласманот на 12-тата позиција, остварен на минатото СП. На голот би требало да биде искусниот Штохл, а друштво ќе му прави нам познатиот Крупа кој во СЕХА лигата ги брани боите на Татран.
Како третопласирана селекција од Африканскиот куп ни доаѓа селекцијата на Египет. При првите настапи на Македонија на континенталните шампионати, Египет беше сосема солидна репрезентација, која неколку години по ред финишираше во првите 7 на светските шампионати. Во 2001 година имаше и меч за финале против Франција кој го загуби со само три гола разлика, а потоа од Југославија ја загуби и битката за бронзениот медал. Тој пласман на четвртата позиција им е најдоброто остварување на светските првенства. Четвртата позиција освоена по заслуга од најдобриот стрелец и веројатно најдобриот Египетски играч во нивната историја, Хусеин Заки и голманот Хамада Ел Руби тешко дека ќе биде надминат во блиска иднина, па главната цел на селекторот Марван Раџаб е минување на оваа група. Според младиот играчки кадар, непознат за нас со оглед на тоа што немаат ниту еден играч кој игра во Европа (или вон Арапските земји) тешко дека воопшто ќе ја минат групата и се најголеми кандидати за последната позиција во група Ц. Убедливо најсикусен во составот е голманот Бакир кој е повеќе од 10 години постар од останатите ракометари. На поширокиот состав се најде и играч (Нур Али) роден во 1997 година, кој доколку влезе во финалниот состав веројатно ќе биде и најмладиот играч на првенството. Подобри играчи се Мохамед Хашем, Еслам Иса и Мохамед Рамадан.
Египтќаните и Алжирците ќе беа многу позадоволни ако во оваа група се најдеше составот на Обединетите Арапски Емирати. Меѓутоа Арапите се решија да го бојкотираат ова првенство, па на нивно место од последниот шести шешир, влезе селекција која може да се каже дека е подобра од двете Африканско-Арапски селекции во група Ц. Последен тим во оваа група е Исланд, кој доживеа катастрофа во квалификациите против Босна и Херцеговина, но сепак доби втора шанса по откажувањето на ОАЕ. Селекцијата која неколку циклуси успеваше да не спречи да се пласираме на континенталните шампионати, во последните 15 години има пропуштено само еден континентален шампионат, а тоа е СП во Хрватска, првенство во кое во баражот беа елиминирани токму од нас. По нивното враќање, освоија бронза на ЕП 2010 и 6-то место на СП 2011. Најдобар пласман на светските шампионати им е петото место освоено во 1997 година, а истото место го освоија и на минатото ЕП во Данска. Голот ќе го брани Густавсон, Гунарсон од ПСЖ би требало да е стартер на пивотменската позиција, а конкуренција ќе му биде Вигнир Сваварсон. Традиционално голема опасност за противничките голови ќе биде левото крило на Барселона, Валур Сигурдсон, а друштво ќе му прави младото крило на Рајн Некар Сигурмансон. Десната крилна позиција е наменета за Олафсон и Гунарсон, а десната бековска за Петерсон и Халгримсон. Стартен централен бек е Гудјонсон, додека ударна игла во составот на селекторот Арон Кристијансон е левиот бек кој на Кил, младиот Арон Палмарсон.
Распоред на мечевите:
rasp.png
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.692
Има шанси Абало да го пропушти СП...
Деновиве ќе се знае конечната одлука.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Некако како на пола е поделена групата. Три јаки екипи (Франција, Шведска и Исланд) и 3 слаби (Чешка, Алжир и Египет). За првите 3 првенството ќе почне дури во осминафиналето (Исланд мислам дека нема да бидат добри овој пат ама за топ 3 во групата не треба многу). Чешка е теоретски фаворит за 4тото место, ама јас не би бил изненаден некоја од афричкиве да помине тука, при што Алжир е нешто појак. Тешка е групата за освојување на висок пласман, а и вкрстува со најјаката група, ама за пласман во осминафинале е можеби и најлесна. Вторите 3 екипи се сите меѓу оние 6-7 најслаби на првенството.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Катарциве ко овие од Министерство за образование :eek:
Словенија, Словачка...Чехословачка!
Screenshot_2.png
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Лук Абало поради повреда ќе го пропушти првенството. (n)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Alzir teski paceri bile..Egipet gi pleska kako mali deca..Iljada greski napravija
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Матиас Андерсон во каква форма е цела сезона, светсково ќе му дојде ко јаготка на шлагот, сам ќе ги носи Швеѓаниве :drk:
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.295
Поени од реакции
5.498
Матиас Андерсон во каква форма е цела сезона, светсково ќе му дојде ко јаготка на шлагот, сам ќе ги носи Швеѓаниве :drk:
Кај е во форма изгледа има и магнети клава на стативите од голот. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom