Ќе беше фудбалска трагедија ако Белгија со 38 шута, од кои 27 во рамки да гол, да не победеа.
Белгија денеска прикажа спектакуларен фудбал, и ако беа малку на повисоко ниво при реализацијата, Америте ќе доживееа катастрофа. Сепак, иако се во четврт финале, јас врвот од оваа генерација го очекувам на наредното Европско каде ги сметам за едни од главните фаворити. Никој од овие играчи немаат повеќе од 24 години (Лукаку, Азар, Де Бријн, Куртоа, Мертенс, Ориги), па тука ако му ги придодадеме искусните Фелаини, Компани, Вертонген, Вермален и Бентеке кој не игра на Светсково заради повреда, добиваме една фантастича Репрезентација.
Америте нема зошто да жалат, се надминаа самите себеси и ако продолжат со вака добра работа, очекувам и тие да направат уште подобар пласман во периодов што претстои. 90% од играчите ги немав гледано пред Светсково ама имаат доста добри млада генерација, која со правилна работа може многу да постигне.