СП 2014 - 1/8 финале | Белгија - САД | 01.07.2014 (22:00)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
СП 2014 - 1/8 финале:

Belgium-vs-United-States-World-Cup-2014-Round-Of-16-Soccer-Wallpaper.jpg

Белгија - САД
01.07.2014 - 22:00
Арена Фонте Нова, Салвадор

Судија: Џамел Хаимуди (Алжир)
Последниот 1/8 финален натпревар ќе се одигра помеѓу репрезентациите на Белгија и САД. Победникот од овој дуел во 1/4 финалето оди на победникот од мечот Аргентина - Швајцарија, додека, а во евентуално 1/2 финале би играл против Холандија или Костарика.



Белгија:

belgija grupa.jpg
Репрезентацијата на Белгија на ова СП беше во групата Х заедно со репрезентациите на Ј.Кореја, Русија и Алжир. Прилично лесна група за екипа која располага со одлични фудбалери. Сосема очекувано групната фаза ја завршија со 3 победи и максимални 9 поени. Сепак остана впечатокот дека не пружеа кој знае каков фудбал. Стартуваа против тимот на Алжир, каде што реално кажано не покажаа ништо посебно, дури и губеа сосема заслужено некаде до 70тата минути, кога Маруан Фелаини израмни со ефектен гол со глава. Голот на Фелаини им даде мотивација да нападнат до крај, па 10 минути подоцна Мертенс беше прецизен и им обезбеди целосен пресврт, а со тоа и 3 поени на стартот на репрезентативците на Белгија. Потоа следуваше мечот против Русија. Мора да се каже дека овој натпревар беше еден од најдосадните на ова СП, без атрактивен фудбал и без некоја поизгледна шанса, ни на едната, ни на другата страна. Сепак резервистот Орижи со гол во 88ма минута се погрижи натперварот да не заврши со најнепопуларниот резултат 0-0, а истовремето и им обезбеди пласман на Белгијците во 1/8 финалето. Првото место го обезбедија во третото коло, на натпреварот против Јужна Кореја. Уште еден натпревар кој помина со многу мал број на хајлајтси. Стивен Дефур доби црвен картон во 45тата минута и поради тоа е надвор од 1/8 финалниот натпревар против САД. Сепак, иако репрезентацијата на Белгија играше цело полувреме со играч помалку, рутиниски славеа 1-0 со голот на Јан Вертонген во 78мата минута.

Играч кој досега импресионираше досега од тимот на Белгија според мене нема. Искрено, мноогу повеќе очекував од Лукаку и Хазард пред се. Хазард запиша асистенција, ама не блескаше кој знае колку во текот на натпеварите, додека Лукаку воопшто не се сврза со топката. Фелаини беше добар, како и Мертенс. Сепак многу повеќе очекувам од цел колектив на Белгија и сметам дека баш сега ќе блеснат во натпреварите од нокаут фазата.


САД:

sad grupa.jpg
Репрезентацијата на САД беше во групата Г каде што се сретна со екипите на Гана, Португалија и Германија. Светското Првенство го стартуваа со победа на натпреварот против Гана. Мечот стартуваше одлично за Американците со најбрзиот гол на СП 2014 до сега постигнат од Клинт Демси во 29тата секунда. Репрезентацијата на Гана напаѓаше во текот на натпреварот и успеа да дојде до израмнување во 82рата минута, но фудбалерите на САД брзо се соземаа и четири минути подоцна Брук стрелаше прецизно со глава по изведениот корнер на Зуси и им ги донесе 3те поарни на Американците. Во вториот натпревар САД се сретна со Португалија во Манаус. Тука гледавме одличен натпревар, кој беше отворен уште во 5тата минута со голот на Нани. Американците играа супер во текот на целиот натпревар и сосема заслужено го свртија резултатот во своја полза. Прво Џермејн Џонс постигна ефектен гол за 1-1, а потоа и Клинт Демпси го постигна својот втор гол на ова СП за водство од 2-1. Победата им го гарантираше пласманот во 1/8 финалето, но Варела со гол во 95тата минута го одложи славјето на Американците. Во последното коло од групната фаза беа поразени со 1-0 од Германците во еден досаден натпревар. Без разлика на поразот Американците успејаа да го обезбедат второто место, поради подобрата гол разлика од Португалија. Двата тима ја завршија групната фаза со 4 поени, но поразот од 4-0 на Португалците од Германија се покажа кобен за Роналдо и дружината, па репрезентацијата на САД славеше пласман во нокаут фазата.

Како главен играч на тимот на Америка несомнено се издвојува Клинт Демпси. Има огромно искуство Демпси од натпреварите во Премиер Лигата и сметам дека тој може да биде човекот на одлука во ова 1/8 финале.


Head-to-Head:

HTH.jpg


Стадион:

salvador_arenafontenova.jpg

Арена Фонте Нова
град:
Салвадор
капацитет: 51,708
Чисто информативно, досега на овој стадион се играле најефикасните мечеви на ова СП:
  • Шпанија 1:5 Холандија
  • Германија 4:0 Португалија
  • Швајцарија 2:5 Франција
  • Босна и Херцеговина 3:1 Иран
Освен 1/8 финалниот меч меѓу Белгија и САД, тука ќе се игра уште 1/4 финалето помеѓу Холандија и Костарика.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Само едно забележав , онака ме прободе во очи Мертенс бил добар а од Хазард си очекувал повеќе . Мертенс е влезен во филм сите шутеви и сите дриблинзи му се филм сака да глуми некого дај боже да ме демантира понатаму се разбира ако стигне понатаму.Шутевите му се над голот или покрај голот освен еден и благодарение пак на изградена акција од Хазард . Хазард решава утакмица а тој ништо . Не е дека го бранам Хазард туку Мертенс не заслужува да го наречеш добар ради неговите исфорсирани дриблинзи и неговите шутеви во стил на Рамос .

Очекувам Белгија да тепа , иако уште бледо ми играат на светсково незнам до кога.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Само едно забележав , онака ме прободе во очи Мертенс бил добар а од Хазард си очекувал повеќе . Мертенс е влезен во филм сите шутеви и сите дриблинзи му се филм сака да глуми некого дај боже да ме демантира понатаму се разбира ако стигне понатаму.Шутевите му се над голот или покрај голот освен еден и благодарение пак на изградена акција од Хазард . Хазард решава утакмица а тој ништо . Не е дека го бранам Хазард туку Мертенс не заслужува да го наречеш добар ради неговите исфорсирани дриблинзи и неговите шутеви во стил на Рамос .

Очекувам Белгија да тепа , иако уште бледо ми играат на светсково незнам до кога.
Се гледа дека си му изгледал само пола утакмица сезонава.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Епа не збори многу, пошто Хазард е очаен до сега за разлика од Мертенс.
Темава е за светско првенство затоа се држам до темата јас . А не до Наполи оти забележав дека таму играл а ретко гледам Сериа А . А Хазард играше цело време за тимот и тој е изморен али си ги покажува квалитетите во еден потег и против САД ќе покажи пак .
И дај да не продолжуваме сo цитирајнево се е ок , да спуштеме топката да гледаме добар натпревар .
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.465
Come at me Belgium, let me show some freedom.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Save us Белгија-САД you're our only hope.
Се надевам дека ова ќе биде израмнет меч со многу акција и атрактивен фудбал ама најверојатно ќе биде само израмнет и тврд меч.

Единствена екипа која што колку толку ќе ја има мојата поддршка на светсково остана Белгија што значи со среќа нека им е пласманот на Америте во 1/4 финале и се надевам ќе ја изненадат Аргентина ( а spoiler alert нема)
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Гола вода се белгијците,начекаа село без кучиња па начукаа три победи.Не дека не се фаворити али не се ништо посебно за предвреме да ги сместувате во 1/4 финале.
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.440
Ќе има мртви ако помине ЈуЕсЕј. А и ако не помине ќе има.

Freedom and democracy! 'MURICA double standards!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom