СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?


  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.695
@Rigel Kent

Леле Филе, немој ова да го гледаш, ќе се расплачеш. :D

Или ќе објавиш по уште некој есеј исполнет со негативни критики кон швабите - дека не биле машина, дека биле бездушни итн... само затоа што победиле. :pos:

http://kajgana.com/najinteresnite-momenti-na-mundijalot-prikazhani-vo-crtan-film

Најинтересните моменти на Мундијалот прикажани во цртан филм

14. јули 2014 - 15:26

По еден месец играње фудбал во Бразил заврши Светското првенство, Германија ја освои титулата и ја прослави победата. Но, сега е време на малку поинаков начин да се потсетиме на најинтересните моменти што се случија на овој спортски настан.



Екипата од JustCartoons направи забавно и смешно видео со наслов „We are living for today“ во кое на уникатен начин ги презентира најинтересните моменти што го одбележаа овој Мундијал.


Текст: Б.С.Б.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Еве од повеќе агли дуелот , Игуаин е тотално несвесен дека Нојер му влетува со колено , кој фудбалер би го дозволил тоа за да оди на исцениран фаул. Рицоли суди контрафаул уште повеќе тоа е иритантно , еве проценил дека Нојер правилно избоксирал иако сметам дека е неисправно , потоа требаше да има топка за Аргентина.

Игуаин го прати летот на топката , а овој влетува кон него .

http://balls.ie/football/vines-neuer-knees-higuain-in-the-head-gets-free-out/
 
Последно уредено од модератор:
M

Mario Gómez

Гостин
Меси е Меси, хајпот е голем. Замислете Меси да дадеше гол како Гетце сите ќе викаа уау каков гол, најдобар во историјата на финалињата. Да изиграше Меси партија како Швајни или Боатенг одма сите ќе говореа како е најдобар на сите времиња. Се се претерува кога е Меси во прашање, а херојствата на одделни германски играчи на првенствово се занемарени со изговор дека тимот победува, како нешто абстрактно. Швајни абсолутно сам го држеше целиот среден ред вчера, партнери му беа Крамер кој беше буквално изгубен германец, Крос и Озил кои од одбрана немаат О. Друго ќе беше со Кедира, немаше толку контри и полуконтри да имаат. Ама се тоа ќе остане бледо сеќавање, пошто тимот победи.
 
Последно уредено од модератор:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.773
The Golden Ball Award was commissioned by Adidas in the year 1982 and is now known as the Adidas Golden Ball Award.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Во тимот на секој натпревар имаше различен играч кој се издвојуваше , Милер , Геце , Хумелс, Крос и во финалето Швајни , затоа не можеш да издвоиш никој бидејќи тие се вкомпониран тим .
Ако дадеше Меси погодок како Геце ти гарантирам дека огромен дел од форумов ќе речеше ништо не тоа конечно даде еден гол во нокаут фаза пред финалето нигде го немаше.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.949
Поени од реакции
67.694
Швајнето носел копачки синоќа со натпис, The Chosen One...
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Инаку вчера момент на финалето ми беше кога веќе заврши утакмицата и ги даваат германциве, кој се радува, кој плаче, кој се тепа, и го даваат Крамер целиот изгубен и ѕвездосан, гледа у празно, и после 2 саати уште беше у нокаут. :pos::pos::pos:
 
R

Rigel Kent

Гостин
значи пак доаѓаме до ист заклучок што сите се обидуваат на ретардиранов Ригел да му објаснат...Во голмански простор доколку голман стигне прв до топката нема фаул во таков дуел....доколку Игуаин стигнеше прв ондак беше пенал и црвен за ноер...толку е проста ситауцијата...
Еве официјално ти кажувам дека те пријавив. ;)

Голмански простор се нарекува првиот правоаголник што започнува од рамките на голот каде што голманот би имал предност при воздушни дуели од нафрлени топки.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.949
Поени од реакции
67.694
Еве официјално ти кажувам дека те пријавив. ;)

Голмански простор се нарекува првиот правоаголник што започнува од рамките на голот каде што голманот би имал предност при воздушни дуели од нафрлени топки.
Во целите 16 метри, ако голманот стигне прв до топката, а потоа го собере играчот, НЕ Е ФАУЛ, колку и да е брутален фаулот, освен ако не е ѓон у фаца.
Ако Игуаин стигне прв, пенал и црвен, без сомнение.
Игуаин НЕ играше со топката.

Како не можеш да сфатиш?

Погледни како Ромеро скокна со отворен ѓон кога Клосе трчаше да стигне топка.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Во целите 16 метри, ако голманот стигне прв до топката, а потоа го собере играчот, НЕ Е ФАУЛ, колку и да е брутален фаулот, освен ако не е ѓон у фаца.
Ако Игуаин стигне прв, пенал и црвен, без сомнение.
Игуаин НЕ играше со топката.

Како не можеш да сфатиш?

Погледни како Ромеро скокна со отворен ѓон кога Клосе трчаше да стигне топка.
Игуаин го пратеше летот на топката тоа се гледа на второто видео на линкот кој го постирав , а не стигна до неа бидејќи беше однесен од Нојер . Колку навреме стигнал Нојер е прашање на субјективна перцепција. Ти гледаш едно јас друго и различно оценуваме.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.560


Оваа е таа слика дечки. Ова се чека откако пратам фудбал, германски фудбал и Баерн. Посебно за Лам, Швајни и Клосе.

Ова се моите впечатоци.

Ноер - најдобар светски голман (не дека не знаевме и претходно).

Лам - дечкото комотно уште од сега може да се стави на исто рамниште со Бекенбауер. Толку време пратам фудбал, кај ниеден играч не сум забележал толку константност во играта сите сезони. Дури ни кај Занети. Лам нема НИЕДЕН црвен за цела кариера до сега, а игра одбрана.

Боатенг - изигра утакмица на животот. После финалето ЛШ 2013 мислев дека го достигна врвот, но сум се излажал. Се надевам дека Пеп гледа кој дефанзивец треба да игра, а за кого ќе се бара ротација.

Хумелс - ова иде на сметка на Клоп. Иако очигледно беше малиот недостаток од фитнес и форма, даде 2 гола со глава и назад изгина (иако очекував вчера пак да го збута од корнер)

Ховедес - сите што пратат Бундес знаат дека игра централен. Дали така беше поставена играта не знам, но ретко се забележа недостатокот од брзина (освен вчера против Меси). Немаше среќа со стативата. Реков и пак ќе кажам - штета што Алаба не е германец. Тоа ќе беше перфектна екипа.

Швајни - :cuc: Наклон за тебе царе. Од дечко со шатирана коса кој играше на крило отиде да бидеш лидер на цела репрезентација и еден од најдобрите централни играчи. И сето тоа ако се знае дека пред светското имаше огромни проблеми со повреди и операции, а вчера изгина со 15км.

Кедира - не очекував дека неговото отсуство толку ќе се познава вчера. Со среќа каде и да направиш трансфер.

Крамер - овој лично го имам гледано неколку пати во Бундес, ама која муда треба да ја има Лев да го пушта стартер во финале светско, а тоа да му биде прв натпревар како стартер :eek: Имаше среќа при оној удар на Гарај, можеше и да загине ако му го скршеше вратот (Нејмар, еби се плачко)

Крос - на тебе никогаш нема да заборавам како испичкари финалето против Челзи, но те гледав лично во Белград против Ѕвезда. 2 асистенции на тацна му дае на Клосе за тотален пресврт. Уште тогаш се познаваше дека ќе те биде (а тоа е пред 7 години мислам). Со среќа и на тебе каде и да одиш (најверојатно Мреал).

Озил - кога требаше истрча колку што треба и направи што можеше. Му фали уште работа во дефанзива. Штом еден Робен можеше да се смени можеш и ти, но во Арсенал тешко.

Шурле - курле вака-така си одработи како што треба и мислам дека Подолски веќе може да заборави прв состав. Браво и за тебе ж'ти.

Клосе - :cuc::cuc::cuc: кој цар си ти бе, на 36 години трчаш и правиш клизачи во одбрана. Заслужено најдобар стрелец во историјата на светските и во германската репрезентација.

Мустафи - среќа што се повреди.

Мертесакер - генерација на Швајни и со тоа се е кажано. Штета што толку е спор, инаку во воздух ѕвер (очекувано со оглед на висината).

Милер - :cuc::drk::cuc::drk::cuc: Сите фанови на Баерн и сите германци треба на ван Гал да му го дудлаат за ова откритие. ФЕНОМЕН еј, баш ми е ќеф што го продолжи договорот. Според мене, цената му е сигурно 10-15 мил повеќе.

Геце - очаен шампионат, но кога највеќе требаше направи 2 потега како Меси + Роналдо заедно. На 22 години да решиш светско... :cuc:

Резиме - За мене очекувано освоено светско, посебно после претходната сезона и ослободување на сите психички стеги со освојувањето на ЛШ на тие играчи што играат за Баерн.

За Евро 2016 го очекувам истиот резултат, со оглед на тоа дека треба да се вратат Ројс, Гундоган, браќата Бендер, Дракслер да прерасне во подобар играч... Сите остануваат тука, освен Клосе (мада и за него не се знае :pos:)

Auf geht's Deutschland!!!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.949
Поени од реакции
67.694
Игуаин го пратеше летот на топката тоа се гледа на второто видео на линкот кој го постирав , а не стигна до неа бидејќи беше однесен од Нојер . Колку навреме стигнал Нојер е прашање на субјективна перцепција. Ти гледаш едно јас друго и различно оценуваме.
А бе човек, Ноер играше прво со топката, па после со Игуаин, каква субјективна перцепција, какви бакрачи.
Да не стигнал навреме, прво ке го удреше Игуаин, што е пенал+црвен.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Инаку вчера момент на финалето ми беше кога веќе заврши утакмицата и ги даваат германциве, кој се радува, кој плаче, кој се тепа, и го даваат Крамер целиот изгубен и ѕвездосан, гледа у празно, и после 2 саати уште беше у нокаут. :pos::pos::pos:
и мене ми беше смешно, али после си помислив дека мора човекот да има некои посериозни последици од тој дуел, глава му однесоа. вероватно се работи за потрес на мозокот, ........... :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom