А бе му го искасавте куро на Меси
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Да, вистина е тоа дека не требаше тој да ја земи наградата, меѓутоа заслужи да се најде барем во дрим тимот на Светсково.
Проблемот е што перформансот на Меси секогаш се споредува со неговите превисоки стандарди. Луѓето очекуваат секоја утакмица сам да ги уништува противниците со по 4-0. Според можностите одигра повеќе од добро. Да бидеме реални, немаше никаква поддршка во нападот. Агуеро и Игуан беа дрва, Лавеци трчаше многу ама слабо му одеше завршувањето на акциите. Ди Мариа постигна гол, на асистенција на Меси, но ги пропушти последните 2 и пол натпревари... За Паласио да не зборувам. Значи зборот ми е, цел товар и цел притисок е врз Меси без никаква поддршка, 6 Германци постигнаа повеќе од еден гол, а само еден Аргентинец постигна повеќе од еден гол – Меси. Два Холанѓани покрај Робен постигнаа по 2 гола, РвП постигна 3. Еден Колумбиец освен Хамес постигна повеќе од еден гол, а и на помош во тимот го имаше најдобриот асистент на првенството Куардадо. Милер ја имаше помошта од цел тим при постигнувањето на головите. Кога еден играч ја врши цела работа во нападот, не треба да си Мурињо мастермајнд за да сфатиш што треба да правиш, маркирај го, залепи му 2 играчи, 3 ако треба... Меси не ни играше како вистински напаѓач. Аргентина се мачеше да ја пренесе топката од одбраната кон нападот преку додавања па Меси многу често се враќаше назад да повлече. Да, Маскерано беше столбот на одбраната меѓутоа Меси ја заврши скоро цела работа во нападот. Никој играч не добива толку внимание од противничкиот тим, никој играч не е толку држен и под толкав притисок колку Меси што беше. Тоа не можеш да му го правиш на Германците или Холанѓаните, можеш да ги затвориш Робен и Милер ама што ќе му правиш на Снајдер, РвП, Крос, Шурле?
Сите забораваат дека и покрај тоа што константно му се лепат неколку играчи на грб кога и да прими топка постигна 4 клучни голови без кои Аргентина немаше ни групната фаза да ја помине, и тоа соло голови без никаква асистенција, за разлика од Милер на кој повеќето голови му се од отпадни топки или сервирани. Забораваат дека сам ја направи акцијата за голот против Швајцарија. Сите зборуваат за некакви статистики а го игнорираат фактот дека Меси имаше најмногу успешни дриблинзи и најмногу креирани шанси на ова Светско, а тоа што е опкружен со дрва и немаше кој да ги заврши тие шанси е друга работа.
Јас се кладам дека Милер да е на местото на Меси во Аргентина и да биде чуван така како што е чуван Меси нема името да му го слушниме на првенството, не па гол да постигне. Германците работат како тим, така што товарот е распореден подеднакво на сите играчи. Повторно ќе кажам, не велам дека Меси ја заслужи наградата, меѓутоа не беше ни катастрофа како сите што преувеичувате, вие направивте ко шкодран да ја освоил наградата.
Прочитајте ги изјавите на Милер и Геце за Меси во Фан клуб Барселона, како и изјавите на
Мурињо.