СП 2014 Бразил - генерална дискусија

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Конечно заврши..добро беше додека траеше ама то е то ..мило ми е што конечно Европска екипа го освои трофеот на Америчко тло па дури уште помило дека тоа е Германија бидејќи заслужуваат да имаат појќе титули за сите достигнувања досега и се надевам дека на следното СП здравје боже се израмнат со Бразил по титули,макар и тоа била Италија бидејќи оние ѓупците Бразил не заслужија да имаат толку многу титули и да се први на тронот...

Сега за еден месец следни вистинскиот фудбал,најквалитетниот и најдобриот а тоа е клубскиот и одвај чекам да почни :D
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Толку доста е ... уствари малку е бе.:mad:
У секој случај интересно првенство со многу екстра напревари.Почнувајки од групната фаза се до финалето.
Шампионот, реално после Бразил можда беше и најголем фаворит, а по испаѓањето на Италија многу повеќе им се зголемија шансите за искачување на врвот :icon_lol:

За 4 години очекуваме уште поинтересно.(y)
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Гледаност на финалето низ светот:

Германија 34,7 милиони
САД 26,5 милиони
Велика Британија 15,0 милиони
Франција 13,4 милиони
Шпанија 10,6 милиони

Само од овие 5 држави вкупна гледаност од 100,2 милиони.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Може малце глупо ќе ви изгледа на некои, ама мене никогаш не ми било јасно како знаат колкава била гледаноста. Најозбилно прашувам, ако знае некој да ми објасни.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Може малце глупо ќе ви изгледа на некои, ама мене никогаш не ми било јасно како знаат колкава била гледаноста. Најозбилно прашувам, ако знае некој да ми објасни.
Ако не се лажам, овие податоци се базираат на примерок од вкупниот број на жители. Пример, ќе постават такви уреди (секако со согласност на сопственикот на ТВ приемникот) и во секое време тој уред прати на кој канал е ставен тв приемникот. Е сега не знам како идеше, мислам дека најчесто по САД и западноевропскиве држави зимаат просек по 4 луѓе во едно домаќинство, т.е. на еден ТВ приемник и така ја прават математиката. Мислам дека најпозната агенција за мерење е Nielsen (а можда и не е, оваа ја знам). @Lincoln Burrows е многу многу подобро упатен од мене, ако може нека ти објасни подобро. Мада, глеј и нешто друго. На еден ТВ приемник во кафич може да гледаат 10-20 луѓе, ако не и повеќе зависи од големината, па со прожектор на платно итн итн. А рачунај само низ Аргентина/Германија колку масовни собири имало низ целата држава, десетици илјади гледале на неколку огромни бимови.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Ако не се лажам, овие податоци се базираат на примерок од вкупниот број на жители. Пример, ќе постават такви уреди (секако со согласност на сопственикот на ТВ приемникот) и во секое време тој уред прати на кој канал е ставен тв приемникот. Мислам дека најпозната агенција за мерење е Nielsen (а можда и не е, оваа ја знам). @Lincoln Burrows е многу многу подобро упатен од мене, ако може нека ти објасни подобро. Мада, глеј и нешто друго. На еден ТВ приемник во кафич може да гледаат 10-20 луѓе, ако не и повеќе зависи од големината, па со прожектор на платно итн итн. А рачунај само низ Аргентина/Германија колку масовни собири имало низ целата држава, десетици илјади гледале на неколку огромни бимови.
Eпа тоа сакам и јас да го кажам. Овие бројки не се никако точни и реални. :)

Сепак, од друга страна, нив тоа им е битно. И никој да не гледа, на нивната програма е пуштено и после ќе споредуваат процентуално на колку ТВ приемници одприлика се гледало во нивната држава. :)
 
Последно уредено:

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Искрено ова со бројките се глупости..јас 100% сум сигурен дека е нерелано бидејќи нема шанси точно да знат кој колку гледал туку според домаќинствата и според просторот и големината на кафеаните,рестораните и таканатаму...од каде тие ќе знаат колку души сме дома шо го гледаме фудбалот?..сигурен сум дека во Шпанија,Англија,Франција и поголемите европски земји повеќе милиони го гледале фудбалот..нема шанси Англија земја од 50 милиони само 15 милиони да го гледале финалето на СП мислам ова се тотални глупости..таму и ќоро и сакато гледаат таму нискорангиран фудбал помеѓу аматери како Брадфорд и Гилингем па ова нема да го гледаат
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ова е бројка што го изгледале целиот натпревар. И мислам дека е само што гледале од дома. Плус ако се додаде бројката што не го гледала цел (почнале од второ полувреме или слично), бројката е уште поголема.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Па и јас не го гледав целиот натпревар..три пати бев на мочање во текот на натпреварот и сите околу мене го пуштија вентилот барем по еднаш и шо значи тоа дека не сме инволвирани во бројката?..
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Па и јас не го гледав целиот натпревар..три пати бев на мочање во текот на натпреварот и сите околу мене го пуштија вентилот барем по еднаш и шо значи тоа дека не сме инволвирани во бројката?..
Се мисли на ТВ приемникот бе. :D Дали бил цело време пример на МТВ или некој пример не бил дома, па го пуштил телевизорот на почеток од второ полувреме.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Може малце глупо ќе ви изгледа на некои, ама мене никогаш не ми било јасно како знаат колкава била гледаноста. Најозбилно прашувам, ако знае некој да ми објасни.
Се мери преку пиплметри на репрезентативен примерок во жителите од повеќето земји низ светот.

Искрено ова со бројките се глупости..јас 100% сум сигурен дека е нерелано бидејќи нема шанси точно да знат кој колку гледал туку според домаќинствата и според просторот и големината на кафеаните,рестораните и таканатаму...од каде тие ќе знаат колку души сме дома шо го гледаме фудбалот?..сигурен сум дека во Шпанија,Англија,Франција и поголемите европски земји повеќе милиони го гледале фудбалот..нема шанси Англија земја од 50 милиони само 15 милиони да го гледале финалето на СП мислам ова се тотални глупости..таму и ќоро и сакато гледаат таму нискорангиран фудбал помеѓу аматери како Брадфорд и Гилингем па ова нема да го гледаат
15 милиони гледачи во Англија го изгледале целиот натпревар. Ако се вклучат и гледачите кои гледале барем некој дел од натпреварот, гледаноста е доста поголема. Еве, на пример, најголемата гледаност во Англија од финалето достигната во одредена минута од натпреварот е 20,6 милиони гледаност.

Најголем проблем кога се мери гледаност на спортските натпревари (особено во летните месеци) е тоа што многу луѓе гледаат надвор од домовите, каде што не се мери гледаноста. Така и историските натпревари во Македонија на ЕП 2011, официјално на Сител беа гледани околу 20-тина проценти (500-600 илјади луѓе), иако реалната бројка е многу повисока.

Мислам дека најгледан спортски натпревар во историјата на Македонија беше ракометниот Данска-Македонија од 2009-та со нешто блиску до 30%, ама можно е да се сменило нешто во последниов период (ЕП 2013?).

EDIT: Сител во 2012-та се пофалила дека Македонија-Шведска во ракомет имала 26,9% и тоа бил најгледаниот спортски пренос, оттогаш нема ништо ново. :)
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.886
Поени од реакции
36.943
Многу ми се интересни одма по финалето кога вадат дресови од победникот, во овој случај Германија со уште една ѕвездичка и златниот амблем на средина од дресот.

Сигурно имале такви спремни и за Аргентина со три ѕвезди. Ме интересира што им се дешава на тие дресови... :D дали може да собереш еден и да го шитнеш на ebay :D јак сувенир би бил.:cool:
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Конечно заврши..добро беше додека траеше ама то е то ..мило ми е што конечно Европска екипа го освои трофеот на Америчко тло па дури уште помило дека тоа е Германија бидејќи заслужуваат да имаат појќе титули за сите достигнувања досега и се надевам дека на следното СП здравје боже се израмнат со Бразил по титули,макар и тоа била Италија бидејќи оние ѓупците Бразил не заслужија да имаат толку многу титули и да се први на тронот...

Сега за еден месец следни вистинскиот фудбал,најквалитетниот и најдобриот а тоа е клубскиот и одвај чекам да почни :D
Како мислиш тоа незаслужувале, според мене ова им е најслаба репрезентација во историјата на нивниот фубдал, но ако се навратиш наназад тие ти што ги нарекуваш ѓупци итекако имало повеќе од квалитетен состав, само кога ке ми текне 2002 каква репрезентавија имаа, 98` исто така јака репрезентација иако не земаа, 94 много не се сеќавам, ама поинсертите што гледам исто така биле најаки, така да и пред тоа погледни снимки ке видиш дека од секогаш биле уметници во фудбалската игра, така да не ти држи според мене многу многу муабетот вода, додека за жабарите несакам ни да ги спомнувам, тие ако заслужлиле да имаат една титула тогаш по таа логика Бразил залсужил да ги има 10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom