Ако ние играме на таа карта да ни ја пуштат и да играат со втор тим, тогаш ние автоматски докажуваме со тоа дека сме коркачи и дека немаме ни грам самодоверба в себе.А таков ракометарен тим јас воопшто не сакам, ниту пак навивачи
На крај крајава и да изгубиме нема врска, сме дале се од себе и готово.Исто како во Србија, дадоа на пример сè од себе нашите против Данците, ама немаа среќа на крајот.
Не знам што толку драматизирате, и поразите се дел од таквите игри нема тука ништо страшно во тоа.
Сега на пример мене лично би ме изнервирало ако гледам дека губиме поради тоа што нашиве не вложуваат ни малку труд за да го добијат мечот, тогаш и јас би се изнервирал.Јас и поради тоа најмногу се нервирав последниве неколку утакмици кога ги гледав нашите......Но ако гледаш на пример квалитетен ракомет, ракомет во кој и двете екипи даваат сè од себе, тогаш нема зошто да се нервирате едноставно едниот имал повеќе среќа и тоа е тоа, ти и така ќе постигнеш на еден начин успех, ќе бидеш запаметен кај противничките играчи и тренери како квалитетен тим и сите во иднина ќе имаат страв и почит пред тебе, и ќе те гледаат со почит.Вилбек што мислите, зошто на секоја прес-конференција ја споменува Македонија?Зошто ја памети по добрата игра...Ние треба и кон тоа да се стремиме најмногу.
Така да и да изгубиме не е важно, важно е нашите да го дадат срцето на теренот, па и ако изгубиме тоа е тоа, важно знаеш дека нашите дале се од себе.А не сега тука читам коркачки коментари, да играле со втор тим ќе ја добиеме и така натаму.Малку пооптимистички настроени бидете, разбирам дека се ѕверови Данците, ама и ние имаме што да понудиме ако сакаат нашиве играчи нормално, не дека неможат.
Мене тоа најмногу ме нервира на ова светско првенство кај нашите....