СЕХА - ГСС лига

  • Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не верувам дека ке тепаат без овие у недела

http://sport.com.mk/?ItemID=A5D24D8BBEB7FD49B4C752E92512224B
Стариот Лино опасен е, и тој самиот добро знае дека во СЕХА (за жал) нема што да бара знаеме дека Загреб се тие кои ги носат сите одлуки, тој меч во Загреб им е однапред изгубен http://www.rkmetalurg.mk/storija/1846
Ама за цела среќа Загреб ќе треба да да дојде во Скопје една недела по тој меч (иако би рекол кукавички му избега на Вардар и без терет за патување), ќе треба да играат во Борис Трајковски и таму ќе се види правата сила на Металург. Лино е паметен што ги изостави овие, јас сум убеден дека Загреб на крај ќе си плати дебело, и ова што го прават со СЕХА е однапред одредено тие и да ја освојат, да се играше фајнлфорот во Скопје ќе беа прегазени уште во полуфинале.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.285
Поени од реакции
8.462
Доста непрофесионално изигра Загреб деновиве... иако шансите се минимални и кај мене се јави желба да ги стигне правдата
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.986
Поени од реакции
16.425
Mе изненадува и мене Стојчевски, и на минатиот меч беше добар, а и на овој беше повеќе од одличен . Како и да е онака, мечот беше колку да се одигра, се се сведува на мечевите во ЛШ. Па ќе видиме таму кој е кој, мала предност може да му се дај на Загреб..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Стојчевски ака Бардакот е навистина добар играч...
За мене не е изнедување неговата игра...има одлична техника,брзина,изграден шут..потсеќа на Мојсо на времето(кога беше послаб).....:D
Дечкото има навистина голем потенцијал и треба да добива почесто шанса да игра....
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Najverojatno slednata sezona vo SEHA regionalnata liga od sloveneckite ekipi ke nastapi samo Celje, pod uslov timot da nastapuva paralelno i vo prvenstvoto...
Moe mislenje e deka nekolku ekipi sto nastapuvaat sega sigurno ke go otkazat ucestvoto za slednata sezona vo SEHA ligata...dobro ke bide da ima interes i od Ungarija...
 
П

Паспарту

Гостин
Регионалната лига е одличен проект, но потребна е многу поголема професионалност, а тоа до сега за жал го нема. Една ваква лига пред неколку години доживеа слична судбина, се надевам дека нема истото да се случи и со СЕХА. Здравје доколку опстане во наредната сезона, покрај пронаоѓањето на спонзори, мора посебно внимание да се посвети на квалитетот на клубовите, едноставно не смее да се дозволи во лигата да играат клубови без барем мал квалитет и клубови кои едвај крпат крај со крај. Оваа сезона е каша-попара, но сепак мора да се признае дека на македонскиот ракомет во овој момент му е повеќе од потребна една ваква лига.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
СЕХА лигата добро е што нема да се доигра до крај поради повеќе причини меѓу кои и настаот на Македонија на турнирот за Олимпијада. Така сега ќе им се отвори простор на нашите да се приберат и помалку да се забави темпото и клубовите да се спремат за домашно првенство. Од друга страна останатите три-четири кола зависно кој колку требаше да доигра немаше да решат ништо, значи фајнлфорот ќе си се игра регуларно на 15ти Април, Вардар и Металург имаат огромна шанса за влез во финалето.
 
П

Паспарту

Гостин
СЕХА лигата не го чека крајот, Вардар и Металург на „фајнал-фор“ завршницата

Крајно амбициозното регионално ракометно поврзување, СЕХА лигата очигледно уште од првата постоечка година нема да го дочека регуларниот крај на сезоната.

Сосема извесно е, откако раководството на СЕХА достави предлог до клубовите на две кола до крајот на регуларниот дел да се прекине натпреварувањето со оглед на тоа што познати се екипите кои од првите четири места ќе ја очекуваат фајнал-фор завршницата, дека екипите на истото и ќе се согласат. На тој начин Загреб, Вардар Про, Татран и Металург ќе разигруваат за титулата во плеј-офот и тоа најпрво преку полуфинални дуели одредени со ждрепка, а не во зависност од пласманот на табелата.

Денес примивме допис од агенцијата “Спортска димензија“ во кој не предупредува дека поради бројните одложени средби влезе во сериозни проблеми со ТВ куќите и дека не е во можност да ги реализира планираните приходи со кои се финансираат патувањата и службените лица на натпреварите во пролетниот дел на натпреварувањето во СЕХА лига. Агенцијата го приложува и пописот на на неодиграните натпревари од кој е очигледно дека некои навистина, и поради репрезентативните обврски, нема да стигнат да се одиграат пред терминот на завршниот турнир, 14 и 15.04.2012.
По увидот во табелата на СЕХА лига по сите досега одиграни натпревари, јасно е дека ништо не може да се промени во врвот и дека веќе сега се познати клубовите кои изборија настап на завршниот турнир. Тоа се Кроација Осигурување Загреб, Вардар ПРО и Металург Скопје и Татран Прешов. Поради сето наведено, предлагам итно да донесеме решение за откажување на преостанатите и одложените натпревари во СЕХА лига, да го потврдиме пласманот остварен врз база на досега одиграните натпревари и четирите првопласирани екипи да се согласат распоредот на натпреварите во завршниот турнир да се одреди со ждрепка.
Агенцијата е спремна да формира награден фонд во износ од 25.000 Евра со кој би се наградиле првите четири екипи (1. место/10.000, 2./7.000, 3./4.000. 4./2.000 + по 1.000 Евра награда за најдобриот играч и најдобар голман на завршниот турнир) – се вели меѓу другото во дописот од СЕХА до клубовите на регионалното натпреварување.

Според најавите извесно е дека клубовите ќе се согласат на овој предлог, а прв кој веќе го кажа својот став согласувајќи се со прекинот на натпреварување е макединскиот шампион Металург.

РК Металург се согласува со предлогот за прекин на лигата и организирање на фајнал-форот во кој ќе играат екипите кои се на првите четири позиции во овој момент. Се надеваме дека со ваквиот чекор не го уништуваме започнатото остварување на идејата за лига која има голема перспектива и дека идната сезона истата ќе биде многу подобро организирана и ќе бидат отстранети сите недостатоци – се вели во реакцијата од Металург.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=6695
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
А на ждрепката по некоја случајност во полуфинале ќе се сретнат Вардар и Металург јас не знам што има и фајнл форот да се игра па нека им ја дадат титулата на Загреб и завршена работа
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.064
Поени од реакции
74.712
Жал ми е само што не игравме дома со Загреб и Металург :(

Сличен ваков крај имаше и една друга лига пред многу години кога Вардар и Партизан настапуваа...

Од друга страна може подобро вака, пошто распоредот ќе беше кнап до крајот...

Мора МНОГУ подобро да се организира лигава од идна година ;)
 
M

Mario Gómez

Гостин
А на ждрепката по некоја случајност во полуфинале ќе се сретнат Вардар и Металург јас не знам што има и фајнл форот да се игра па нека им ја дадат титулата на Загреб и завршена работа
Каква ждрепка, нема да играат 1 со 4, 2 со 3???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom