СДСМ vs ВМРО-ДПМНЕ

За кого би гласале на изборите

  • СДСМ

  • ВМРО-ДПМНЕ

  • Друго

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Така е, секој збор злато ти тежит.
Имам и разбирање за таквиот став “Мислам дека бев јасен, јас останувам дома.“ зошто би декомодирал за да излегуваш на гласање, кога државичето и не го сметаш за свое, и и да не должиме а што државата наптавила за тебе за сега да мора ти да излегуваш на гласање, сосема разбирливо нели!

СДСс од кога е напраено е помалото зло! :yid:
Убаво ми се допаѓа како размислуваш а имаш ли некој “аргумент“ зошто се помалото зло?

И за Груевизмот си во право, тој Груки си зел за право на некого да му збори дека бил Македонец (а тој роден Северџанец) па му прави театар, стадионче, факултети да се едуцира, понекогаш по некоја воспитна му делит ... и кој е тој, кој му дал за право такви работи да нуди и да промовира, што се занесува тој ова негова земја ли е, да не ја добил од дедому во наследство, се знае овај Северџистан треба да се дељит на зона А и зона Б, и тука некаде доаѓа твојот став за неизлегуење на избори за да бидне се како е запишано!

@Dumbledore , ај уште еднаш види што сум напишал и дали точно сум пренел!
еве линк
убаво стои “За мене помало зло е Сдсм.“, дури и го потенцирав!
Точно, за мене Сдсм е помалото зло. Што е проблемот во тоа? Никаде не реков дека за Македонија Сдсм е помалото зло. Некаде се гласа за идеологија, тука се гласа традиционално за партија, независно од програмата која ја нуди. Трошат милиони од нашите пари за пропаганда, а притоа не се користи за промоција на конкретни проекти, туку црна пропаганда за противничката партија. Партијата која ти е помалото зло делеше шамари, се гласаше три изборни круга, поништуваа гласачки места каде губеа, правеа криминали, за кои сеуште не одговараат. Тука лежи мојот револт. Уште имаат високи активни членови кои ширеа тероризам во Собранието со надеж дека ќе има вонредна состојба и Иванов ќе ја извадел војската на улица! Таква партија која тероризира не и треба да Македонија. Нека направат чистка, па потоа ќе може да зборуваме за Дпмне како опција која може да се врати на власт. Се додека нема, тешко дека ќе победат на избори. Сдсм направи таква чистка, иако имаат уште неколку членови кои реално досега требаа да стават крај на своите политички кариери.

Од друга страна имаш партија која не се грижи за националните, туку за стратешките интереси, краде и мести гласачки места, но барем не врши терор над моето семејство.

И повторно, пратеници од изборните листи на Сдсм и Дпмне гласаа За промена на името т.е. Уставните измени. Јас бев против, каков беше твојот став на референдумот!? Дали воопшто гласаше!?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ако не сакаш да полемизираш не мора да измислуваш ад-хоминем, едноставно прекини и толку.
Говориш дека и двете партии носат лоши одлуки, па нормално, тоа е како да речеш Земјата и Месечината кружат околу Сонцето!
Проблемот е што на тој таков начин манипулираш, ги изедначиш овие две партии, особено погрешно (јас би рекол злонамерно) е да ги изедначиш во велепредавството на Македонските национални интереси, разликата е огромна помеѓу нив, СДСс се велепредавници а ДПсНЕ се обични кукавици и плачи*ички кои не сторија ништо за да го спречат лудилото на СДСс, заклучок: не се исти!
ВМРО беше на пат да биде прогласена за терористичка орг. Не сте свесни кој страв беше присутен....кај Мицко највеќе. Ова што се издејствува до сега е повеќе од доволно....ВМРО е бедем на македонштината, кој како сака нека мисли.
 
Член од
31 мај 2020
Мислења
92
Поени од реакции
128
ВМРО беше на пат да биде прогласена за терористичка орг. Не сте свесни кој страв беше присутен....како Мицко највеќе. Ова што се издејствува до сега е повеќе од доволно....ВМРО е бедем на македонштината, кој како сака нека мисли.
Било која политичка структура која владее повеќе од четири години е склона кон општествена деструкција па дури и тероризам. Истото ќе го доживееме и со оваа партија ако им дадеме уште еден мандат.

Погледнете ги Русија, Србија и Турција, се движат кон тоталитаризам. Колку години нивните лидери се на власт, и немаат обиди да изротираат ниту под разно. Како тоа се одразува на нивните права, па до некаде и класни разлики? Македонија е сувопарна проекција, секако во многу полоша верзија од наведените.
 
mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.798
Точно, за мене Сдсм е помалото зло. Што е проблемот во тоа? Никаде не реков дека за Македонија Сдсм е помалото зло. Некаде се гласа за идеологија, тука се гласа традиционално за партија, независно од програмата која ја нуди. Трошат милиони од нашите пари за пропаганда, а притоа не се користи за промоција на конкретни проекти, туку црна пропаганда за противничката партија. Партијата која ти е помалото зло делеше шамари, се гласаше три изборни круга, поништуваа гласачки места каде губеа, правеа криминали, за кои сеуште не одговараат. Тука лежи мојот револт. Уште имаат високи активни членови кои ширеа тероризам во Собранието со надеж дека ќе има вонредна состојба и Иванов ќе ја извадел војската на улица! Таква партија која тероризира не и треба да Македонија. Нека направат чистка, па потоа ќе може да зборуваме за Дпмне како опција која може да се врати на власт. Се додека нема, тешко дека ќе победат на избори. Сдсм направи таква чистка, иако имаат уште неколку членови кои реално досега требаа да стават крај на своите политички кариери.

Од друга страна имаш партија која не се грижи за националните, туку за стратешките интереси, краде и мести гласачки места, но барем не врши терор над моето семејство.

И повторно, пратеници од изборните листи на Сдсм и Дпмне гласаа За промена на името т.е. Уставните измени. Јас бев против, каков беше твојот став на референдумот!? Дали воопшто гласаше!?
Велиш Вмро правеле криминал сдсс што ги обвинуваше за криминал направи колиција со нив со "министерот за смрт" со мијалков, бети ни една пријава не и поднесе преку ноќ станаа чисти кога дојдеа на власт сдсс а пред тоа не ги вадеа од уста
 
Читај го вториот параграф.
Автоматски споено мислење:

И тоа го потенцирав инаку. :)
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.558
Поени од реакции
5.288
Тебе сериозно не ти е јасно дека за секоја една круцијална одлука, двете партии претходно седнуваат на маса и задкулисно се договараат? Кој дел од еднопартиски систем не ти е јасен?

Беспотребно драмиш интерпукциски, иако релативно се слагаме на темата.
Мислев дека нема да се навредуваме!

Не, навистина не мислам дека овие 2 партии се договараат, туку сум убеден дека раководствата и на двете партии се под контрола на советот на гувернери со кој раководи Губернатор каубој-каубојка. Така е од времето-атантатот на Киро, ова не е суверена земја туку обична прчија-колонија во која на пучанството му се фингира игра наречена избори во која тоа бира кој ќе го трти следните 4 години, а понекогаш и тоа не му се дозволува.

Но и покрај сето оваа, групировката ДПсНЕ имаше еден посебен однос кон Македонизмот и македонската држава. Заради идеолошката местенка копуците од ДПсНЕ играа против својата држава Македонија моментите кога го минимизираше значајот на АСНОМ а го потенцираше значајот на Илинден, но тоа се историски теми на кои се гледа дека некој добро не “работи“ (со играта на поставување на политичари, министри и премиери веднаш по детска градинка, со обични зборови недораснати-неизживеани дечишта) во полседните 30 години.

добро си забележал, “релативно“ се слагаме,
еве на пример:
-во друг коментар говориш за земји со претседателски систем и замераш не биле доволно демократски ами биле тоталитарни :pos::pos:, е ај да те прашам фрау Меркел колку години е на кормилото на четвртиот рајх, и дали е тоа демократија или тиранија, или Британија колку години имаа таа нивната кралица, а уште немаат ни Устав :pos: и како да се сложиме, па ние имаме дијаметрално спротивни гледишта за елементарни работи.

-патем да додадам:
Сметам дека воведување на претседателски систем во Македонија е решение за сите наши проблеми (меѓуетнички, тутабугари сос пасоше, иљириди, андартизам, иредентизам, економски ма буквално сите до еден плус 10-кратно бо се зголемила ефикасноста меѓу другото и во правниот систем)!!!!
 
Последно уредено:
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.799
Поени од реакции
5.830
Точно, за мене Сдсм е помалото зло. Што е проблемот во тоа? Никаде не реков дека за Македонија Сдсм е помалото зло. Некаде се гласа за идеологија, тука се гласа традиционално за партија, независно од програмата која ја нуди. Трошат милиони од нашите пари за пропаганда, а притоа не се користи за промоција на конкретни проекти, туку црна пропаганда за противничката партија. Партијата која ти е помалото зло делеше шамари, се гласаше три изборни круга, поништуваа гласачки места каде губеа, правеа криминали, за кои сеуште не одговараат. Тука лежи мојот револт. Уште имаат високи активни членови кои ширеа тероризам во Собранието со надеж дека ќе има вонредна состојба и Иванов ќе ја извадел војската на улица! Таква партија која тероризира не и треба да Македонија. Нека направат чистка, па потоа ќе може да зборуваме за Дпмне како опција која може да се врати на власт. Се додека нема, тешко дека ќе победат на избори. Сдсм направи таква чистка, иако имаат уште неколку членови кои реално досега требаа да стават крај на своите политички кариери.

Од друга страна имаш партија која не се грижи за националните, туку за стратешките интереси, краде и мести гласачки места, но барем не врши терор над моето семејство.

И повторно, пратеници од изборните листи на Сдсм и Дпмне гласаа За промена на името т.е. Уставните измени. Јас бев против, каков беше твојот став на референдумот!? Дали воопшто гласаше!?
Кога сме кај чистките, ништо не е таа чистка во сдс, потребно е цела таа партија да биде избришана, исчистена од политичката сцена на Македонија, да не постои ни како партија, ни како организација, ниту пак да биде дозволено ниедна структура во и околу сдс повторно политички да се здружува под било кое име или форма. И најглавно и најпрво, одговорност за сите предавства и понижувања кои ни ги приредија во овие 3 години.

А во ВМРО чистка на сите профитери, платеници, слуги на заев, реформатори, т.н. вмровци комуњари, поддржувачи на предавствата, поддржувачи на шарена револуција, гласачи на референдум, сите оние блиски до осумте издајници, сите криминални и бизнис структури кои имаа влијание на таа црна осумка за да крене раце за промена на името само да се спасат од затвори казни... Па главниот збор да го имаат вистинските патриоти и десничари како на пример: Јохан Тарчуловски, Игор Дурловски, Тони Михајловски, Јане Ченто итн. како и обичните членови со овие особини.
 
mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.798
Читај го вториот параграф.
Автоматски споено мислење:

И тоа го потенцирав инаку. :)
Се додека не расчесте како Вмро со тие ќе со ги носе на товар ем тие што ги викаше криминалци до пред 3 години ем од своите редови во овие 3 години
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Никој нема да расчисти со никого луѓе се' додека ги гласате. Јасно е како ден ама понекогаш одбираме да не го гледаме слонот во собата.

Јас се кладам дека сите си ја сакате државата тука што сте во дискусија помеѓу себе ама со гласањето за курто-мурто или со негласањето БАШ на овие избори си правите себе си голема контра услуга, а потоа и на државата како целина.

Жал ќе ми биде ако на следните избори сме повторно тука т.е. тапкаме во место.

Одберете страна и превземете нешто, од нас самите зависи во какво утре сакаме да живееме. Ваљда не сме до толку мазохисти.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.558
Поени од реакции
5.288
Точно, за мене Сдсм е помалото зло. Што е проблемот во тоа? Никаде не реков дека за Македонија Сдсм е помалото зло. Некаде се гласа за идеологија, тука се гласа традиционално за партија, независно од програмата која ја нуди. Трошат милиони од нашите пари за пропаганда, а притоа не се користи за промоција на конкретни проекти, туку црна пропаганда за противничката партија. Партијата која ти е помалото зло делеше шамари, се гласаше три изборни круга, поништуваа гласачки места каде губеа, правеа криминали, за кои сеуште не одговараат. Тука лежи мојот револт. Уште имаат високи активни членови кои ширеа тероризам во Собранието со надеж дека ќе има вонредна состојба и Иванов ќе ја извадел војската на улица! Таква партија која тероризира не и треба да Македонија. Нека направат чистка, па потоа ќе може да зборуваме за Дпмне како опција која може да се врати на власт. Се додека нема, тешко дека ќе победат на избори. Сдсм направи таква чистка, иако имаат уште неколку членови кои реално досега требаа да стават крај на своите политички кариери.

Од друга страна имаш партија која не се грижи за националните, туку за стратешките интереси, краде и мести гласачки места, но барем не врши терор над моето семејство.

И повторно, пратеници од изборните листи на Сдсм и Дпмне гласаа За промена на името т.е. Уставните измени. Јас бев против, каков беше твојот став на референдумот!? Дали воопшто гласаше!?
Не ми е јасна потребата од постојано инсистирање дека не си рекол нешто, па јас истото тоа го тврдам дека си изнел свој личен став и тоа го респектирам, ако имаш потреба и понатаму да го повторуваш тој дел во ред ама тоа никогаш не било спорно, барем не за мене.

Легитимно е прашањето колку денешните партии во својата политика или програмски определби имаат идеологија, но тоа се должи на процеси кои требаше да инсталираат еден глобален систем управуван од ЕУСА, гледаме дека има проблеми, развојот на настаните го следиме.

Трошењето на буџет, грабежот, и сличните работи нема потреба да се коментираат, тоа е составен дел од денешнитцата, и ти како и многи други не ги спомнуваш медиумите, а тие се основната алатка за уравување и понекогаш се злоупотребува многу повеќе од колку политичкиот систем и инсталираната или избраната власт.

Ако сакаш да бидеш серозно прифатен така и пишувај. Ти си очекувал од Црпе кој е аболициран човек да воведе правен систем, и по едно вакво видување сакаш да бидам сериозен, или Црпе човекот кој 1 една година со руските пранкери зборел се и сешто ти си очекувал нешто од него :yid::yid::yid::yid::yid:

Да и јас сум револтиран ама не на безрбетниците кои глумат политичари туку на оние кои управуваат со нив!

Говориш за тероризам, а кој тоа е терорист, ако би сакал да објасниш?
Што се случи на 27 април според тебе?
Алооо имаш тиранска платформа која има за цел да ја редефинира државата и ти говориш за тероризам!!!!
Прашањето од @Bodhidharma, дали имаш температура-корона е на место и треба да одговориш по тврдењето за тероризам.
Имаше шпекулации и дека Иванов бил присилен да го даде мандатот на Црпе, знаеш нешто околу тоа, погледај го неговото обраќање во ОН.

Дали и кој ќе формира влада зависи од Македонците и останатите кои се државјани на Македонија.....

Партија која се грижи за стратешките интереси кои не се националните, ама ај те молам биди сериозен, како мислиш вака да разговараме?
(сигурно набавката на ориужје од САД во износ од 700-800 милиони долари многу стратешки ќе ги зајакне САД, и да ебати политичарите стратези кои добиваат држава и на крајот од мандатот истата ја нема!)

За време на референдумот активно повикував на бојкот, бев во групата набљудувачи во едно мало мисто, значи не гласав, прашањето е навредливо по сите основи и сум против промена на името Македонија, значи сум против проектот Севреџистан, бев вчера, сум денес, и ќе бидам се додека не го уништиме оваа копиле Северџистан!
Автоматски споено мислење:

Никој нема да расчисти со никого луѓе се' додека ги гласате. Јасно е како ден ама понекогаш одбираме да не го гледаме слонот во собата.

Јас се кладам дека сите си ја сакате државата тука што сте во дискусија помеѓу себе ама со гласањето за курто-мурто или со негласањето БАШ на овие избори си правите себе си голема контра услуга, а потоа и на државата како целина.

Жал ќе ми биде ако на следните избори сме повторно тука т.е. тапкаме во место.

Одберете страна и превземете нешто, од нас самите зависи во какво утре сакаме да живееме. Ваљда не сме до толку мазохисти.
Имаш некои чудни критериуми за сакање на држава!
За каква љубов станува збор кога излегуваш на референдум и и го менуваш личниот опис?
 
Член од
31 мај 2020
Мислења
92
Поени од реакции
128
Мислев дека нема да се навредуваме!

Не, навистина не мислам дека овие 2 партии се договараат, туку сум убеден дека раководствата и на двете партии се под контрола на советот на гувернери со кој раководи Губернатор каубој-каубојка. Така е од времето-атантатот на Киро, ова не е суверена земја туку обична прчија-колонија во која на пучанството му се фингира игра наречена избори во која тоа бира кој ќе го трти следните 4 години, а понекогаш и тоа не му се дозволува.
Види, ти може да си убеден и во теориите на Дејвид Ајк, а тоа пак да нема допирна точка со реалноста.

Надвор од секоја логика е да мислиш дека одлуките ги носи само една партија. Екстерни фактори секогаш биле вмешани и тоа е факт, но додека едните и другите не дадат амин, ништо не се изнесува на дневен ред во јавност. Договорите ги носат и постигнуваат исклучиво заеднички, истото важи и за распределбата на буџетот.

Но и покрај сето оваа, групировката ДПсНЕ имаше еден посебен однос кон Македонизмот и македонската држава. Заради идеолошката местенка копуците од ДПсНЕ играа против својата држава Македонија моментите кога го минимизираше значајот на АСНОМ а го потенцираше значајот на Илинден, но тоа се историски теми на кои се гледа дека некој добро не “работи“ (со играта на поставување на политичари, министри и премиери веднаш по детска градинка, со обични зборови недораснати-неизживеани дечишта) во полседните 30 години.
Никаде не го оправдав политичкиот пуч на дпмне, и никаде не напишав дека се согласувам со нивната лицемерно - патриотска политика. Ако се сеќаваш на старт кога беспричински ми се нафрли, пишав дека сдсм не е помало зло од дпмне, (што всушност како поминува времето преку цитатите само ја потврдуваш мојата првобитна теза).

добро си забележал, “релативно“ се слагаме,
еве на пример:
-во друг коментар говориш за земји со претседателски систем и замераш не биле доволно демократски ами биле тоталитарни :pos::pos:, е ај да те прашам фрау Меркел колку години е на кормилото на четвртиот рајх, и дали е тоа демократија или тиранија, или Британија колку години имаа таа нивната кралица, а уште немаат ни Устав :pos: и како да се сложиме, па ние имаме дијаметрално спротивни гледишта за елементарни работи.
Види, јас немам намера да ги читам твоите коментари редум, ниту да ти навлегувам во лично проектираните идеологии, ама споредбата на развиени Западно - европски земји кои последната декада се во драстичен погон, со земјите кои ги набројав од Балканот како Турција, Србија и Русија не е валидна и од социо - културни причини. Менталитетот на народот овде и таму е сосем различен. Европските земји водат про - либералистичка идеологија, додека овде царува конзерватизам и популизам. Таму можеби и ќе му се даде на народот да одлучи кој да го води, и ќе се согласи да остане тој лидер на Власт доколку му се допадне. На нашите простори не е така.

добро си забележал, “релативно“ се слагаме,
Се слагаме за тоа дека двете партии не чинат.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Две структури кои во суштина се бават со политички криминал, во секој случај носат предзнак политички но функционираат како мафијашки семејства, од локално па се до централно ниво. Со исклучок на Скопје, ова е видливо за објективен набљудувач во сите останати градови во Македонија.
Јадрата во двете структури потекнуваат од истиот систем, буквално фабрикувани во најголем дел во кујните на поранешните служби за државна безбедност. НЗС им се олигарсите, а кои се овие ликови и каков пустош оставаат позади нив сите знаеме. А тој пустош без подршката од властите е невозможен, што значи тоа им е заедничка операција, така да имаме чисто државно спонзориран организиран криминал...
Единствената разлика им е обичната партиска пешадија која ја активираат да си вади очи со цел да создадат некаква привидна спротивставеност во јавниот дискурс.

Единствено има смисла гласање за автентична трета опција која на жалост не постои кај нас, можеби поединци со автентична мисла во малите т.н пајтон партии, но структури како такви немаме, ако има било каков зачеток веднаш се компромитираат со што во даден момент би предизвикале внатрешен раскол итн.

Згора на сево ова, традиционално за нас, за јаболкото на раздорот на Балканот е делувањето на соседните земји во буквално секој опшествен сегмент кај нас, што додатно ја комплицира и така веќе комплексната опшествено политичка ситуација.

Од оваа перспетива дисипација на гласовите изгледа како некакво решение, барем навидум со некоја деконцетрација на моќта во законодавниот дом...кога тука ќе се додаде етничкиот моментум тогаш ситуацијата станува опасна од оваа страна, затоа што реално приоритетите на нашите сограѓани албанци, нажалост се поинакви и дисипацијата на етничките македонски гласови оди во прилог на она што е веќе во движење, а тоа е претворање на Македонија во БиХ 2.0.

Пиздарија...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Факт е дека Дпмне стоеше зад тероризмот и загрозувањето на Уставниот поредок во Собранието. Целта беше Сдсм да не формира влада, а не да се игра на патриотската карта. Дпмне ги задоволуваше сите барања на Дуи 10-11 години. Сите треба да се во затвор, сите оние кои активно учествуваа во тепањето пратеници, обидот за убиство на пратеник, пучот на Дпмне и оние кои го заговараа истиот. Не е прв пат да се пее албанската химна во Собранието, ама тогаш никој не влезе во истото, само затоа што партијата која стоеше зад пучот имаше апсолутна моќ и власт. Дали државата е редефинирана!?

Право да формира Влада има партијата или партиите кои имаат реална можност истата и да ја создадат/креираат. Зависи од сите државјани кои имаат право на глас и кои ќе гласаат и од пратениците кои ќе дигнат рака или стиснат копче за глас за таа Влада.
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
137
Погледнете ги Русија, Србија и Турција, се движат кон тоталитаризам. Колку години нивните лидери се на власт, и немаат обиди да изротираат ниту под разно. Како тоа се одразува на нивните права, па до некаде и класни разлики? Македонија е сувопарна проекција, секако во многу полоша верзија од наведените.
Да, менување на власт само ако на власт идат поспособни, а не понеспособни.

* Менија име и покрај неуспешен рефрендум, силуваа народна воља
* Фино лепо си прафатија двојазичност под уцени
* Никола Груевски им избега, а нема ни други притворени освен недолжните од 27ми Април
* Судството нереформирано, истото како и пред тоа
* Криминалот е пуштен на 100% паднати сме за 60 места во тој поглед
* Реализација на капитални проекти ептен ниска
* Градежниство, економија и тн потфрлија и тоа многу, ништо од тоа што проектираа не испаѓа
* Лапсуз со данокот, па мораа да го враќаат по старо пошто падна наплатата
* Нема 500 еур просечна плата
* РЕКЕТ
* Справување со корона вирус - утнато 100%
* Убиецот на Нешковски на слобода, веројатно со политички договор
* Скандалозни пресуди од само 3 години затвор за убиства недолжни Македонци од копуци со ножеви
...

Може до утре да набројувам, единствено нешто овие што успеаа добро да го изменаџираат е тоа што напикаа 60 000 партиски војници за 3 години во администрација. Кој сака нека ме плука ама претходните барем направија нешто иако 100% ги осудувам Х особи од таа гарнитура. И поарно 30 години под власт на Грујо ќе живеам него уште 3-4 под СДСМ. СДСМ ме направи 100% да се каам што излегов на протести неколку пати со шарена револуција иако подоцна сватив за што се работи.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Не ми е јасна потребата од постојано инсистирање дека не си рекол нешто, па јас истото тоа го тврдам дека си изнел свој личен став и тоа го респектирам, ако имаш потреба и понатаму да го повторуваш тој дел во ред ама тоа никогаш не било спорно, барем не за мене.

Легитимно е прашањето колку денешните партии во својата политика или програмски определби имаат идеологија, но тоа се должи на процеси кои требаше да инсталираат еден глобален систем управуван од ЕУСА, гледаме дека има проблеми, развојот на настаните го следиме.

Трошењето на буџет, грабежот, и сличните работи нема потреба да се коментираат, тоа е составен дел од денешнитцата, и ти како и многи други не ги спомнуваш медиумите, а тие се основната алатка за уравување и понекогаш се злоупотребува многу повеќе од колку политичкиот систем и инсталираната или избраната власт.

Ако сакаш да бидеш серозно прифатен така и пишувај. Ти си очекувал од Црпе кој е аболициран човек да воведе правен систем, и по едно вакво видување сакаш да бидам сериозен, или Црпе човекот кој 1 една година со руските пранкери зборел се и сешто ти си очекувал нешто од него :yid::yid::yid::yid::yid:

Да и јас сум револтиран ама не на безрбетниците кои глумат политичари туку на оние кои управуваат со нив!

Говориш за тероризам, а кој тоа е терорист, ако би сакал да објасниш?
Што се случи на 27 април според тебе?
Алооо имаш тиранска платформа која има за цел да ја редефинира државата и ти говориш за тероризам!!!!
Прашањето од @Bodhidharma, дали имаш температура-корона е на место и треба да одговориш по тврдењето за тероризам.
Имаше шпекулации и дека Иванов бил присилен да го даде мандатот на Црпе, знаеш нешто околу тоа, погледај го неговото обраќање во ОН.

Дали и кој ќе формира влада зависи од Македонците и останатите кои се државјани на Македонија.....

Партија која се грижи за стратешките интереси кои не се националните, ама ај те молам биди сериозен, како мислиш вака да разговараме?
(сигурно набавката на ориужје од САД во износ од 700-800 милиони долари многу стратешки ќе ги зајакне САД, и да ебати политичарите стратези кои добиваат држава и на крајот од мандатот истата ја нема!)

За време на референдумот активно повикував на бојкот, бев во групата набљудувачи во едно мало мисто, значи не гласав, прашањето е навредливо по сите основи и сум против промена на името Македонија, значи сум против проектот Севреџистан, бев вчера, сум денес, и ќе бидам се додека не го уништиме оваа копиле Северџистан!
Автоматски споено мислење:

Имаш некои чудни критериуми за сакање на држава!
За каква љубов станува збор кога излегуваш на референдум и и го менуваш личниот опис?
Имаше опција да гласаш против. Сосема легитимна.

Сите што останаа дома да гласаа против немаше сега со сатанистите да членуваме во ОТАН и да се клањаме на ЕУ педофилите.
И да, љубов е, неомеѓена партиски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom