СДСМ vs ВМРО-ДПМНЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата NonameMacedonia
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би гласале на изборите

  • СДСМ

  • ВМРО-ДПМНЕ

  • Друго

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Кои квалитети ги има Бачев? Апасиев секоја недела пишува или е на ТВ, Бачев нема медиумски простор и јас не можам да ги воочам неговите ставови. Нема луѓе околу него и секој просечен политичар ќе го уништи во јавна дебата. Нема ниту политичко досие. Нас не ни требаат кариеристи, ќе натрупа пари за таа година и после цел живот ќе живее од нив. Треба апс на сите политичари кои се осомничени од криминал, па потоа нека ги докажуваат тие сомнежи. Има тон докази, а никој не е во затвор. Можеби некоја мала риба. Само си ја додаваат палката, чија вина е зошто таму нема реформа, а реално нас ни треба социјална, судска, даночна, образовна и затворска реформа. Има зрели услови за секоја, но нема политичка желба. Даночниот систем е добар, ама не е ефикасен.

Знам дека сте запалени околу албанец премиер. Пак го слушам Османи, албанците биле нееднакви! Сакам Влада без албански политички блок, ама западот нема да даде марионетите да формираат таква Влада. И некоја мала партија да добие пратеници, за едно министерство ќе даде сѐ.
Еднаш го спомнуваш Бачев како опција за во следен пост да го напаѓаш. Конзистентност во ставот за трета опција?
Остануваш на тоа дека сдс е помалото зло кое ќе го гласаш?
 
Отсекогаш омилена група ми биле партиски идеалисти. Со своите до крајот на светот.
Некохерентно здравство, пораст на цени, ддв, перење мозок на живо. Ама нема везе, избриши ги фактите, кулирај и заокружи сино пошто Таска Балабанова од Ла Фамилија држи директорско место у инспекторат. Шо универзална свест?

Не се црвениве никако бољи, ама кога ќе прочитам коментар како горе дека сдШ се помало зло... :popce:
Бидејќи идеалистите ти се омилени што е со материјалистите?
Што ти е тоа (не)кохерентно здравство? (коа учев предаватели имавме и дел за бранова техника, се говореше за кохерентни и некохерентни бранови ама не сум знаел дека постои корелација со здравството и .... се тоа да ти игра балет на исти ноти. - чекај чекај ти се повикуваш на алгоритмот на Вилипче!)
Кога говориш за покачени цени, мислиш само на оние за лекови или и на оние за погребни услуги? (без перење нема хигиена така да мисли му ја.)

Човекот убо си пишува “За мене помало зло е Сдсм.“, зошто се обидувате да направите конвертит, па тој сигурно 3 дена пред референдумот за името нема спиено, туку чекал во ред за да гласа за Северџистан и сега е опиен од тоа што нема повеќе Македонија а вие би да го враќате назад во таа заостаната и насилно создадена држава со име Македонија во која царуваше корупција и тој немаше никакви права!
 
Трета опција која има крајно минимална, но сепак теоретски реална шанса за остварување е коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Добро би било да ја анализираат таа опција и двете страни.
 
Прво ти дефинирај на кои материјалисти мислиш. Дали овие кои имаа малку време за да докусурат буџетот и попатно лапнат милиони, или оние другите кои дигаа надгробни над Скопје со моќ и капацитет да исперат милијарди?

Види другар, ти може си учел бранова техника, ама лекторство не си. До душа, ова второто на факултет не се учи освен ако не одбереш јазично подрачје, па простено ти е. ;)
Чисто информативно, зборот кохерентен упатува на заедништво, целина. Карактеристики кои идат согласно добро организирано менаџирање здравствена криза. Ама од твоја призма можеби и овој поим не е легитимен и разбирливо зашто.
Околу другото. Ние здравствен крах - читај:лер, имаме од старт на март, и тоа беше периодот кога немавме голем % заболени. Ова сега е само лош продолжеток од целата режија.

За почеток на буџетот на народот, на ниво на просечно македонско семејство. Следен пат тргни од таму кога цитираш, ама под услов да облечеш патики пред да почнеш да трчаш.

Која Македонија?
Аааа да, онаа што не ни требаше па шарените револуционеристи ја предадоа во сини раце како нужно зло за да донесат поголемо добро.
 
Последно уредено:
Еднаш го спомнуваш Бачев како опција за во следен пост да го напаѓаш. Конзистентност во ставот за трета опција?
Остануваш на тоа дека сдс е помалото зло кое ќе го гласаш?
Јас споменав дека Бачев навистина е трета опција, но и реков дека прво нема капацитети, а второ и медиумски простор за да знаеме какви решенија нуди за тековните проблеми. Во споредба со Сдсм и Дпмне, реков дека Сдсм за мене е помалото зло, никаде не реков дека би гласал за нив. Мислам дека бев јасен, јас останувам дома.
Другото беше мое гледање на работите.
Автоматски споено мислење:

Оди провери да не имаш корона, па од температурата бладаш...жити бога!
Сдсм за мене е далеку помалото зло. Барем ништо лично лошо не видов од нив. Твојот Груевизам го уништи приватниот сектор, посебно оној кој нели не даваше 5.000 евра, овај денари.
 
Трета опција која има крајно минимална, но сепак теоретски реална шанса за остварување е коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Добро би било да ја анализираат таа опција и двете страни.

Ние скоро 30 години неофицијално сме со еднопартиски систем и еве го исходот.
 
Прво ти дефинирај на кои материјалисти мислиш. Дали овие кои имаа малку време за да докусурат буџетот и попатно лапнат милиони, или оние другите кои дигаа надгробни над Скопје со моќ и капацитет да исперат милијарди?

Види другар, ти може си учел бранова техника, ама лекторство не си. До душа, ова второто на факултет не се учи освен ако не одбереш јазично подрачје, па простено ти е. ;)
Чисто информативно, зборот кохерентен упатува на заедништво, целина. Карактеристики кои идат согласно добро организирано менаџирање здравствена криза. Ама од твоја призма можеби и овој поим не е легитимен и разбирливо зашто.
Околу другото. Ние здравствен крах - читај:лер, имаме од старт на март, и тоа беше периодот кога немавме голем % заболени. Ова сега е само лош продолжеток од целата режија.

За почеток на буџетот на народот, на ниво на просечно македонско семејство. Следен пат тргни од таму кога цитираш, ама под услов да облечеш патики пред да почнеш да трчаш.

Која Македонија?
Аааа да, онаа што не ни требаше па шарените револуционеристи ја предадоа во сини раце како нужно зло за да донесат поголемо добро.
ајдеее...
...сакав да потенцирам дека користење на терминологија која пред се се користи во една област-техничка кога се користи во друга област помалку делува комично, слично како алгоритмот на Вилипче, дефиниција за... вака од око за кохерентност: ускладеност на системски единици како целиот систем би можел да биде функционален без да трокира, и вака штура дефиниција говори доволно.

Но ете нека биде по твое, само ако сакаш некој збор за оваа околу Македонија.
Ти на која Македонија мислеше?
Зарем целото твое мислење околу специјалната операција за редефинирање на Македонската држава се сведува на:

“?!
 
Бидејќи идеалистите ти се омилени што е со материјалистите?
Што ти е тоа (не)кохерентно здравство? (коа учев предаватели имавме и дел за бранова техника, се говореше за кохерентни и некохерентни бранови ама не сум знаел дека постои корелација со здравството и .... се тоа да ти игра балет на исти ноти. - чекај чекај ти се повикуваш на алгоритмот на Вилипче!)
Кога говориш за покачени цени, мислиш само на оние за лекови или и на оние за погребни услуги? (без перење нема хигиена така да мисли му ја.)

Човекот убо си пишува “За мене помало зло е Сдсм.“, зошто се обидувате да направите конвертит, па тој сигурно 3 дена пред референдумот за името нема спиено, туку чекал во ред за да гласа за Северџистан и сега е опиен од тоа што нема повеќе Македонија а вие би да го враќате назад во таа заостаната и насилно создадена држава со име Македонија во која царуваше корупција и тој немаше никакви права!
Види другар, јас не реков дека за Македонија Сдсм е помалото зло,туку за мене. Дпмне трга против мојата фамилија затоа што сме ја критикувале на фб. Факт. Башка гласав Против на референдумот, како и други 35.000 кои имаа јасен став. Неопределените кои си седеа дома, а сега се најгласни против промената на името имаа идеална шанса на тој референдум да кажат јасно не. Силувањето на таа народна волја, односно пропаднатиот референдум мене ме остави дома, плус двојните стандарди околу мерките за Ковид 19. Во Собранието гласаа луѓе од изборните листи и на Дмпне и на Сдсм, да не заборавиме.
 
Јас споменав дека Бачев навистина е трета опција, но и реков дека прво нема капацитети, а второ и медиумски простор за да знаеме какви решенија нуди за тековните проблеми. Во споредба со Сдсм и Дпмне, реков дека Сдсм за мене е помалото зло, никаде не реков дека би гласал за нив. Мислам дека бев јасен, јас останувам дома.
Другото беше мое гледање на работите.
Автоматски споено мислење:

Сдсм за мене е далеку помалото зло. Барем ништо лично лошо не видов од нив. Твојот Груевизам го уништи приватниот сектор, посебно оној кој нели не даваше 5.000 евра, овај денари.
Тоа се веќе лични причини со кои не мора да се согласам, но во секој случај ги почитувам. Изборот е сепак твој дали ќе гласаш или не.
 
ајдеее...
...сакав да потенцирам дека користење на терминологија која пред се се користи во една област-техничка кога се користи во друга област помалку делува комично, слично како алгоритмот на Вилипче, дефиниција за... вака од око за кохерентност: ускладеност на системски единици како целиот систем би можел да биде функционален без да трокира, и вака штура дефиниција говори доволно.

Но ете нека биде по твое, само ако сакаш некој збор за оваа околу Македонија.
Ти на која Македонија мислеше?
Зарем целото твое мислење околу специјалната операција за редефинирање на Македонската држава се сведува на:
Која Македонија?
Аааа да, онаа што не ни требаше па шарените револуционеристи ја предадоа во сини раце како нужно зло за да донесат поголемо добро.
“?!

Терминологијата е неоспорливо повеќенаменска, а твојот цитат говори колку прозиваш за баналности, и тоа со тотално ад хоминем поенти во моментот, али, тоа сега не е предмет на муабет.

За редифинирање на државата никаде не спомнав во цитатот, ниту чувствувам дека треба да се изјаснам бидејќи ставот е очигледен, и двете партии носат еднакво лоши одлуки.
 
Јас споменав дека Бачев навистина е трета опција, но и реков дека прво нема капацитети, а второ и медиумски простор за да знаеме какви решенија нуди за тековните проблеми. Во споредба со Сдсм и Дпмне, реков дека Сдсм за мене е помалото зло, никаде не реков дека би гласал за нив. Мислам дека бев јасен, јас останувам дома.
Другото беше мое гледање на работите.
Автоматски споено мислење:

Сдсм за мене е далеку помалото зло. Барем ништо лично лошо не видов од нив. Твојот Груевизам го уништи приватниот сектор, посебно оној кој нели не даваше 5.000 евра, овај денари.
Така е, секој збор злато ти тежит.
Имам и разбирање за таквиот став “Мислам дека бев јасен, јас останувам дома.“ зошто би декомодирал за да излегуваш на гласање, кога државичето и не го сметаш за свое, и и да не должиме а што државата наптавила за тебе за сега да мора ти да излегуваш на гласање, сосема разбирливо нели!

СДСс од кога е напраено е помалото зло! :yid:
Убаво ми се допаѓа како размислуваш а имаш ли некој “аргумент“ зошто се помалото зло?

И за Груевизмот си во право, тој Груки си зел за право на некого да му збори дека бил Македонец (а тој роден Северџанец) па му прави театар, стадионче, факултети да се едуцира, понекогаш по некоја воспитна му делит ... и кој е тој, кој му дал за право такви работи да нуди и да промовира, што се занесува тој ова негова земја ли е, да не ја добил од дедому во наследство, се знае овај Северџистан треба да се дељит на зона А и зона Б, и тука некаде доаѓа твојот став за неизлегуење на избори за да бидне се како е запишано!

@Dumbledore , ај уште еднаш види што сум напишал и дали точно сум пренел!
еве линк
убаво стои “За мене помало зло е Сдсм.“, дури и го потенцирав!
 
Види другар, јас не реков дека за Македонија Сдсм е помалото зло,туку за мене. Дпмне трга против мојата фамилија затоа што сме ја критикувале на фб. Факт. Башка гласав Против на референдумот, како и други 35.000 кои имаа јасен став. Неопределените кои си седеа дома, а сега се најгласни против промената на името имаа идеална шанса на тој референдум да кажат јасно не. Силувањето на таа народна волја, односно пропаднатиот референдум мене ме остави дома, плус двојните стандарди околу мерките за Ковид 19. Во Собранието гласаа луѓе од изборните листи и на Дмпне и на Сдсм, да не заборавиме.
Абе уште го спомнувате нелегитимниот референдум?Шом народот не излегол на референдум во доволен број значи дека истиот е неважечки.Така е барем во нормалниот свет.Сакаш да кажиш дека народот е крив за промената на името?
 
Не. Реков дека оние кои немале став на референдумот, уште се главни против промената на името. Референдумот пропадна, не знам дали ме следиш, се сложуваме. Народната волја се силуваше, најчесто со намалување на казните или ослободување од вина. Не знам што не ти е јасно околу моето мислење?
Јас ги напаѓам само оние кои ме напаѓаат.
 
Терминологијата е неоспорливо повеќенаменска, а твојот цитат говори колку прозиваш за баналности, и тоа со тотално ад хоминем поенти во моментот, али, тоа сега не е предмет на муабет.

За редифинирање на државата никаде не спомнав во цитатот, ниту чувствувам дека треба да се изјаснам бидејќи ставот е очигледен, и двете партии носат еднакво лоши одлуки.
Ако не сакаш да полемизираш не мора да измислуваш ад-хоминем, едноставно прекини и толку.
Говориш дека и двете партии носат лоши одлуки, па нормално, тоа е како да речеш Земјата и Месечината кружат околу Сонцето!
Проблемот е што на тој таков начин манипулираш, ги изедначиш овие две партии, особено погрешно (јас би рекол злонамерно) е да ги изедначиш во велепредавството на Македонските национални интереси, разликата е огромна помеѓу нив, СДСс се велепредавници а ДПсНЕ се обични кукавици и плачи*ички кои не сторија ништо за да го спречат лудилото на СДСс, заклучок: не се исти!
 
Тебе сериозно не ти е јасно дека за секоја една круцијална одлука, двете партии претходно седнуваат на маса и задкулисно се договараат? Кој дел од еднопартиски систем не ти е јасен?

Проблемот е што на тој таков начин манипулираш, ги изедначиш овие две партии, особено погрешно (јас би рекол злонамерно) е да ги изедначиш во велепредавството на Македонските национални интереси, разликата е огромна помеѓу нив, СДСс се велепредавници а ДПсНЕ се обични кукавици и плачи*ички кои не сторија ништо за да го спречат лудилото на СДСс, заклучок: не се исти!

Беспотребно драмиш интерпукциски, иако релативно се слагаме на темата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom