Ех мори мајко
Ако спорот не се реши во наредниве неколку недели, за кога се очекуваат нови средби на Нимиц со двете страни поради изборите во Грција и Македонија и смената на Американската администрација, ќе има една година пауза, во која нема да добиеме покана за НАТО и преговори за членството во ЕУ.
Ова е заплашување нешто? Ако е за една година тогаш што се брзаме? Така таман за полнолетство ќе бидеме ЗРЕЛИ!
Не е точно дека само на Македонија и се брза, и се брза и на Грција, особено поради зголемувањето на бројот на земји кои не признаваат под уставно име, како случајот со Чиле минатата недела, вели Претседателот, според кого и Атина е нервозна и сака брзо решение.
Буахахаха па тогаш што? Зошто ние да се брзаме да фатиме воз под компромис, кога според неговите тврдења можеби ќе не признаат многу земји.
Бог да се чува и брани, вака и вртиме грб на победата... незнам за вас ама ова ми нема никаква логика.
Точно е дека Македонија има повеќе алтернативи, но само една гарантира сестран развој на земјата, а тоа е членство во НАТО и ЕУ, изјави Црвенковски, кој не гледа гаранции дека ако Македонија одлучи да почека подобри времиња за решение, Грција ќе го промени својот став за името.
Алтернативи немаме, ако имавме одамна ќе беа искористени. Нема алтернатива, не сме наивни јасно ни е тоа. „Грција можеби ќе го промени ставот?“ па што ако го промени? По твоја логика тие и така нема да бидат моќни да направат ништо штом повеќе држави ќе не признаат!
„Да дојдеме до решение во коешто ќе се содржи дека јазикот ни е македонски, а народот македонски, нацијата македонска. Тогаш ние ќе ја елиминираме опасноста од обезличување на националниот идентитет, било на народот, било на деловите од нашиот народ во соседните држави“
Ок разбирам дека политиката не е лесна. Но дали со идентитетот ни следува и Македонската историја, и Македонската територија и Македонското име?
Не го напаѓам БЦ но зошто никој не испаѓа да каже „ќе менуваме име, ама вие сепак сте македонци“? Гледам така нешто се мати... никој од нас да си признае.