Нова Македонија од 27.09.2008:
,,Шеќеринска и Папандреу само приватно во Њујорк
По фијаското од престојот на Црвенковски и Милошоски во Њујорк, таму од денес се поранешната лидерка на СДСМ Радмила Шеќеринска и поранешниот грчки министер за надворешни работи Јорго Папандреу. Причина за престојот е состанокот на Президиумот на Социјалистичката интернационала, каде што Папандреу е претседател, а Шеќеринска е потпретседател. Од СДСМ велат дека не очекуваат на средбата да се зборува за спорот за името.
- Нема да има билатерална средба на Шеќеринска со Папандреу, туку само средбата на Президиумот. И ако разговараат, тоа ќе биде приватно и неформално - изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.
Партијата ПАСОК на Папандреу, според анкетите на политичките партии во Грција, пред десетина дена првпат по подолго време изби пред Нова демократија на премиерот Костас Караманлис. Овој пресврт предизвика бура од повици за предвремени избори, на кои Караманлис се противи. Доколку сепак дојде до уште едни предвремени избори, според сегашните анкети, Папандреу би можел да биде идниот премиер на Грција.,,