Не, во никој случај не треба да се растури, ама ПОД ИТНО ДА СЕ РЕФОРМИРА, ДА СЕ ВНЕСЕ МЛАД, СВЕЖ, ИНТЕЛЕГЕНТЕН КАДАР. Или и ако го има тој кадар, да го пуштат да се пробие.
Разбирам дека таму отсекогаш поелитистички биле поставени работите, ама и во светот во сите елитистички партии има циркулација. Во СДСМ нема никаква циркулација, истите 6 души се вртат постојано околу врвот. Доколку се разбие тоа и се донесат надежни, напредни, млади, амбициозни луѓе и ја средат цакум пакум партијата, таман ќе си бидат.
Најпрвин, затоа што во моментов се опозиција, а опозицијата мора да биде јака, чак на моменти и повлијателна од позицијата, односно партијата на власт. Во некои држави опозициите се нарекуваат и “ влада во сенка“ од причина што имаат моќ да влијаат и да бидат критичари на владата, се разбира рационално, не маваат со камења во власта за секоја одлука.
Потоа, потребна е силна лева партија во Македонија. Да, да, знам дека се каша попара идеологиите, ама ... добро.
Како и да е, јас сметам дека на една политичка сцена најбитна е конкурентоста и анимозитетот меѓу партиите. Колку е поголема и поостра конкуренцијата (ама пазете зборам за квалитетна конкуренција на политичко, интелектуално и др. ниво.), толку ќе се зголемува и квалитетот на луѓе кои постојат на политичката сцена, а така ќе се подобри и општата ситуација во целата држава.
Вака...ништо...само се вртиме во маѓепсан круг.