Каде пишува у кој закон дека мора сдсм да постои?! Никаде! Следствено постои ризик и да се распадне! Нека не го држи веќе местото зафатено за прва социјалдемократска партија. Зашто да мора сдсм да биде социјалдемократијата у Македонија. Зашто тоа да не биде еленовски или псд или подем или некои којзнае кој?! Мене една друга работа ме заплашува тука, а тое е неспособноста на оваа земја да изроди здрава социјадемократска партија.
Муабетите од типот еднопартиски систем, авторитарно или слично се празни муабети! Па дури и да владее вмро авторитарно тука треба да биде опозицијата што ќе понуди спротивно решение.
И сега, види богати, груевски владеел авторитарно!?! Па кој му дозволи на груевски да владее авторитарно?! Кој му остави простор за такво владеење?! Нормално видел човекот простор и ќе си владее! Зарем вие да го имавте тој бришан простор на политичката сцена, зарем вие немаше да владеете авторитарно?!?! Вие ше бевте уште побетер авторитарци! Вие, драги господа социјалдемократи што не ве бива! Напрајте здрава опозиција и следните избори да идете со прогрома, а не како прошлите без!