The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 112
Најпрепорачливо - туширање со ладна вода
Потењето е нормален физиолошки процес со кој се исфрлуваат токсични материи што настанале како нуспродукт во процесите на метаболизмот. Потта содржи 99% вода и 1% органски и аноргански материи. Излегува од потните жлезди, кои се распоредени по целото тело, но најмногу под пазувите, на дланките на рацете, под градите, во ципите и во стапалата. Нормалното потење, како физиолошки процес, е мошне корисен за организмот, бидејќи преку потта се исфрлува вишокот телесна температура (значи го лади организмот) и некои штетни материи. Водата од потта механички ја чисти кожата, ја зголемува нејзината влажност и еластичност, а заедно со кожниот лој и ја дава толку потребната масност. Влажноста на дланките овозможува подобро функционирање на рацете во функцијата на прифаќањето на предметите, па затоа кога постои сувост на кожата имаме потреба дополнително да ги навлажиме. Влажноста, пак, на стапалата овозможува подобра еластичност и свитливост на екстремитетите.
Прекумерното потење може да се јави како резултат на одредени невровегетативни растројства или, пак, да е резултат на зголемените температури и влажност на воздухот. Најчесто тоа се манифестира под пазувите, под градите, на дланките и на стапалата (односно онаму каде што се погусти и потните жлезди). Во летните горештини, особено кога постои нагло покачување на температурите, организмот нема доволно време да се адаптира и потењето се засилува.
Засиленото потење е придружено со непријатна миризба. Миризбата доаѓа од секретот на апокрините жлезди кој се меша со потта или, пак, од распаѓањето на некои органски и аноргански материи што се наоѓаат во потта, а кои поради немарност подолго време не се отстранети од телото. Напати миризбата на потта може да биде толку непријатна и лицето да почувствува како сите бегаат од него. Ако потта не се отстранува подолго време, особено на летните жештини што им погодуваат на развојот на бактериите, кожата може дополнително да се воспали и да се исфрли со мозолчиња или фурнуклуси (чиреви), кои не само што се непријатни по миризбата туку предизвикуваат и силни болки, особено кога се изложени на триење. Засиленото потење на стапалата секогаш е придружено со силна непријатна миризба кој се чувствува и на далечина.
Најефикасната борба против засиленото потење и секундарните последици од него е секојдневната хигиена која се состои од повеќекратно туширање со силни млазеви ладна вода, медицински наменски сапуни што ги отстрануваат токсичните материи и бактериите од потта и редовна нега со специјални лосиони, спрејови и пудри за таа намена, а кои ги има во секоја парфимерија, аптека, па дури и подобро снабден трговски дуќан. Специјалните стикови многу ефикасно ја неутрализираат потта и го забавуваат засиленото потење, а наедно ги неутрализираат и сите непријатни миризби кои доаѓаат од потта. Во случај на инфицираност на кожата, најдобро е да го послушате советот на вашиот дерматолог и да си помогнете со некој специјален крем или маст.
Пред развојот на фармацевтската козметика, лекарите и козметичарите советуваа магистрални лекарства што се подготвуваа во аптеките, а кои најчесто содржеа одреден процент на оцетна, салицилна или борна киселина растворени во разреден етил алкохол. За засиленото лачење на стапалата најчесто се советуваше нега со раствор на формалдехид во алкохол. Денеска модерната козметика навистина располага со многу посовремени и поефикасни средства што ќе го неутрализираат засиленото потење и ќе ја отстранат миризбата од потта. Најдобар лек за засиленото потење е редовната хигиена, правилната исхрана, спортскиот живот и редовниот козметички третман.