Сè за потењето

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Најпрепорачливо - туширање со ладна вода

Потењето е нормален физиолошки процес со кој се исфрлуваат токсични материи што настанале како нуспродукт во процесите на метаболизмот. Потта содржи 99% вода и 1% органски и аноргански материи. Излегува од потните жлезди, кои се распоредени по целото тело, но најмногу под пазувите, на дланките на рацете, под градите, во ципите и во стапалата. Нормалното потење, како физиолошки процес, е мошне корисен за организмот, бидејќи преку потта се исфрлува вишокот телесна температура (значи го лади организмот) и некои штетни материи. Водата од потта механички ја чисти кожата, ја зголемува нејзината влажност и еластичност, а заедно со кожниот лој и ја дава толку потребната масност. Влажноста на дланките овозможува подобро функционирање на рацете во функцијата на прифаќањето на предметите, па затоа кога постои сувост на кожата имаме потреба дополнително да ги навлажиме. Влажноста, пак, на стапалата овозможува подобра еластичност и свитливост на екстремитетите.

Прекумерното потење може да се јави како резултат на одредени невровегетативни растројства или, пак, да е резултат на зголемените температури и влажност на воздухот. Најчесто тоа се манифестира под пазувите, под градите, на дланките и на стапалата (односно онаму каде што се погусти и потните жлезди). Во летните горештини, особено кога постои нагло покачување на температурите, организмот нема доволно време да се адаптира и потењето се засилува.

Засиленото потење е придружено со непријатна миризба. Миризбата доаѓа од секретот на апокрините жлезди кој се меша со потта или, пак, од распаѓањето на некои органски и аноргански материи што се наоѓаат во потта, а кои поради немарност подолго време не се отстранети од телото. Напати миризбата на потта може да биде толку непријатна и лицето да почувствува како сите бегаат од него. Ако потта не се отстранува подолго време, особено на летните жештини што им погодуваат на развојот на бактериите, кожата може дополнително да се воспали и да се исфрли со мозолчиња или фурнуклуси (чиреви), кои не само што се непријатни по миризбата туку предизвикуваат и силни болки, особено кога се изложени на триење. Засиленото потење на стапалата секогаш е придружено со силна непријатна миризба кој се чувствува и на далечина.

Најефикасната борба против засиленото потење и секундарните последици од него е секојдневната хигиена која се состои од повеќекратно туширање со силни млазеви ладна вода, медицински наменски сапуни што ги отстрануваат токсичните материи и бактериите од потта и редовна нега со специјални лосиони, спрејови и пудри за таа намена, а кои ги има во секоја парфимерија, аптека, па дури и подобро снабден трговски дуќан. Специјалните стикови многу ефикасно ја неутрализираат потта и го забавуваат засиленото потење, а наедно ги неутрализираат и сите непријатни миризби кои доаѓаат од потта. Во случај на инфицираност на кожата, најдобро е да го послушате советот на вашиот дерматолог и да си помогнете со некој специјален крем или маст.

Пред развојот на фармацевтската козметика, лекарите и козметичарите советуваа магистрални лекарства што се подготвуваа во аптеките, а кои најчесто содржеа одреден процент на оцетна, салицилна или борна киселина растворени во разреден етил алкохол. За засиленото лачење на стапалата најчесто се советуваше нега со раствор на формалдехид во алкохол. Денеска модерната козметика навистина располага со многу посовремени и поефикасни средства што ќе го неутрализираат засиленото потење и ќе ја отстранат миризбата од потта. Најдобар лек за засиленото потење е редовната хигиена, правилната исхрана, спортскиот живот и редовниот козметички третман.
 
Сакал или не, заради гостопримливоста на ВАС ОХРИЃАНИ (!) цело лето се туширав со ладна вода. Првите 5-6 пати бев шокиран, ама после ми се уарни (како не бе!).

Барем немав проблеми со потењето...
 
Acid напиша:
Сакал или не, заради гостопримливоста на ВАС ОХРИЃАНИ (!) цело лето се туширав со ладна вода. Првите 5-6 пати бев шокиран, ама после ми се уарни (како не бе!).

Барем немав проблеми со потењето...

Жали им се на тие кај што си бил сместен, не сме ние криви.:icon_lol::(:wink:
 
Офчар напиша:
Тоа дека многу си ебел, не од водата :)
Не бе друже, цел одмор не „збрцнав ништо“.

Таков сум, не се потам многу. Ни во секс.
 
Лековите и потењето

sepoti.jpg
Прекумерното потење може да биде спореден ефект на користењето лекови и секој кој страда од тоа треба да побара совет од доктор, пишува германското медицинско списание Цајтшрифт фур Алгемајнмедицин.

Луѓето кои се потат по целото тело можеби страдаат од општа хиперхидроза, кога потта се произведува без потреба да се излади телото.

Локализираното прекумерно потење на поедини делови од телото може исто така да биде резултат на заболување наречено фокусна хиперхидроза.

Мерењето на крвниот притисок и прегледот на лимфнитеВ јазли може да биде од корист во поставувањето на дијагнозата.

Умерените облици на болеста можат да се лекуваат со лекови, а во екстремни случаи, можно е хирушко отстранување на потните жлезди.
 
Е па при хиперхидрозата се поти 3-4 пати повеќе од нормалното, кај некои луѓе паѓаат и капки од рацете, често има и облици на студена пот. За време на летото симптомите се засилуваат, а во зима малку се намалуваат ама не наполно. Се јавуват и психички дискомфорт. а лекувања има различни кои зависат од повеќе фактори па треба да се испробаат неколку методи за да има добар ефект
 
Не сум имал премногу големи проблеми со потењето.Но сепак добаредојден е секој совет
 
Edno od podobrite cuvstva:
Da se prepotis dodeka vezbas (bilo sto :D), da si ja olesnis dusata dodeka ti se cedi pot kako da ti isturile kofa voda, a posle toa da opnes eden tus.....
Nema utka!!!
 
јас имам проблеми со прекумерено потење.Ако мозе некој да казе некој совет.
 
Сакал или не, заради гостопримливоста на ВАС ОХРИЃАНИ (!) цело лето се туширав со ладна вода. Првите 5-6 пати бев шокиран, ама после ми се уарни (како не бе!).

Барем немав проблеми со потењето...

Епа ако сакаш топла вода, ќе си одиш во апартмани. Не може за 250-300 денари се да ти овозможет. Ако можеш да одделиш 10 евра од вечер, е тогаш ќе си поминиш најубаво.
 
I jas potam ama to e so da se praj :jaj:
 
Јас кога трчам се потим стварно прекумерно. Можем да ги исцедим и шорцевите, и гаќите и мајцата, потоа ми капе пот по цело лице па морам да носам трака на челото за да ја апсорбира потта иначе нема чаре.. Дали е нормално тоа или ми треба некоја медицинска помош? (=
 
Јас кога трчам се потим стварно прекумерно. Можем да ги исцедим и шорцевите, и гаќите и мајцата, потоа ми капе пот по цело лице па морам да носам трака на челото за да ја апсорбира потта иначе нема чаре.. Дали е нормално тоа или ми треба некоја медицинска помош? (=

Имам само слушнато после потење обавезно туширање,оти иам слушнато дека ако не се истушираш потта пак упивала во кожата.
Ем колку повеќе се потиш толку подобро,штетните материи ги исфрлаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom