Значи би се обложил со кого било, дека подобар лек против потење нема од
производов. Одорекс. Бугарски производ, кој ќе ви ги реши сите проблеми со потењето, и под пазуви и на дланките а и нозете. Во 2 варијанти го има, посебно за раце/пазуви, посебно за нозе. Проблемот е шо тешко може да се набави кај нас. До сега само во една аптека го сретнав во СК, во Автокоманда, во Аеродром го нема никаде, ги имам превртено аптекиве, освен у меѓувреме да имат донесено. Од Струмица сум, и тука нема никаде. Среќа што се наоѓаат тука наши шо секојдневно одат за БГ па ако порачиш ќе ти донесат, само шо процентче си земаат за нив. Пред 2 дена порачав, ми го донесоа, 450 ден ми земаа, а во БГ последен пат кога купував беше 11,12лв. мислам, околу 350 денари, додека во СК го најдов за 610 ден. Но и не прави цената некоја енормна разлика, кога знаеш дека производот ти ги решава проблемите.
Од што сум толку многу задоволен од прозиводот, би го фалел цел ден
, но да кажам само како се користи, и толку...
Најпрво на измиени нозе,раце или пазуви, и исушени секако, се прска 3 вечери пред легнување, и утредента се измиваат со вода. После тоа, на секој 7 до 10 дена по еднаш пред легнување. Во зависност од тоа кој ден ќе ја осетите потта. Иначе кај мене го намалува потењето до 90% сигурно. Само под пазуви го користам, по шо таму се потам премногу. Е сега можеби работи на принцип со задушување и затворање на порите, и е штетно, но кога би се погледнал во огледало или на некоја слика, како кај пазувите делиш од сите, би рекол "шо го е*ам".
Значи да не должам и досадувам пак
, само ќе кажам дека
ОДОРЕКС е решението на сите ваши проблеми со потењето.