...влакното расте од фоликулот сместен под кожата и тоа 3 години, па потоа настанува обновување на фоликулот и влакното повторно расте и тоа се случува во текот на целиот живот, ослабување на влакното, изретчување како и нерастење зависи од фоликулот кој се стеснува и не израснува нормално влакно најчесто зависно од машки хормони, со напомена дека не зависи од нивото на главниот машки хормон- тестостеронот, напротив ќелавите имаат нормално ниво на тестостерон, но не и нивото на дихидротестостерон кој се смета дека е еден од виновниците на оштетување на фоликулот на влакното и тоа најчесто на скалпот, т.е. не се има се уште одговор зошто не е случајот со влакната на друг место како под пазува, бедра....итн, додека жените со ,,машка ќелавост,, треба да си го проверат зголемено ниво на ,,машките хормони,, и појава на полицистични јајници итн....
е сега после овој краток вовед да се навратам како одговор на горенаведените коментари каде појава на ќелавост кај младите се поврзува со метаболички синдром- пореметување чија комбинација е од дебелина, дијабетес, покачен крвен притисок и покачен холестерол, но не само таква промена во губење на коса туку кога имаме таков синдром имаме промени и на кожата,нокти ...итн ...сакам да кажам дека не е баш во ред да се каже дека ако млад има ќелавост ајде сега да му испитаме сите овие болести ако тој добро се чуствува и нема други дополнителни симптоми освен ќелавост тогаш тоа е тоа генско наследство што кај следниот потомок ,,побрзо го стрефнува,, за разлика од предходната генерација од каде е пренесен генот...
и што е најинтересно се смета дека скоро 40 гени од сите 300 одговорни за ќелавост кај машкото се наследени од својата мајка, баба...
...зашто никој не коментира околу миењето на коса ?? колку зачестеност во текот на неделата и користење на разни средства како восок, гел, кремови за коса??? каде е вапсањето на коса??? и сума сумарум мрсни и прљави раце во коса во текот на денот, несоодветно чешлање, претоплиот фен...ете ги резултатот на оштетување на коренот и на самото влакно.... и сите препарати во вид на шампони, таблети, разни маски, ампули за помагање на ,,раст на коса,, се само да се ,,подобрат,, и зачуваат тие влакна што се уште се на глава, но никако да пораснат тие каде веќе има ќелавост !