Јас сум нов на форумот со стар проблем со косата.Ми опаѓа на 17 годишна возраст и тоа скоро целосно,имав големи залистоци на предниот дел и проретчена коса во останатиот дел од скалпот,пред да ми опаѓа забележав дека имам претерано многу првут.Косата ми опаѓа во рок од две недели,а кај залистоците имав бели влакна кои си стоеја за украс,не растеа никако,забележав дека косата многу ми се мрси.Бев на дерматолог и ми даде некој шампони,спрејови,апчиња,но ништо не помагаше,бев кај др.Вајс,подобро да не одев,зедов Велформ,редовно го користев и пак ништо.Имам и кафени дамки 3 поголеми и некој поситни.Сакам да прашам дали можеби поради тоа што во пубертот се лачат повеќе мрснотии и поради тоа што постојано и ставав гел на косата во поголеми количини,дошло до преголеми мрснотии и опаѓање на косата?Дали тироидната жлезда или хормонален дисбаланс може да биде причина за лачење на премногу мрснотии на скалпот?Ве молам за мислење