Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
15 јули 2011
Мислења
3
Поени од реакции
3
Почитуван Картов
Ви благодарам за оваа исклучително поучна и на експертско ниво напишана статија за машката келавост. Вашето знаење од оваа област е многу поголемо од она што го поседуваат нашите врвни дерматолози кои милуваат да кажат дека се стручњаци за косопаст. Ова е проверено - со неколку од нив се консултирав, вклучувајќи го и Анчевски, и заклучив дека не го познаваат овој проблем воопшто. Но морам да забележам дека статијата е наменета исклучиво на машката популација. Многу малку податоци има за проблемот на опаѓање на косата кај жените а верувајте, овој проблем е присутен кај огромен број од нив. Постојат ли некои специфики во третманот на женскиот тип на косопаст и дали лековите кои вие ги применувате може да ги употребуваат и жените? Имам 18 години и од 2009 година забележав дека косата ми опаѓа интензивно. Пред 6 месеци, фризерката ми кажа дека косата ми е страшно проретчена во вид на круна и дури тогаш сфатив дека треба да превземам нешто. Сметав дека косопастот се должи на пролонгиран стрес и на нередовен менструален циклус. Стресот го надминав а за второто се обратив на гинеколог. Ми препорача таблети ЈАЗ кои би требало да го спречат косопастот и да го регулираат циклусот. Сеуште не сум ги зела затоа што на неколку форуми прочитав дека токму тие се причина за косопаст. Што ќе ми препорачате вие? Ве молам пишете побрзо затоа што сум очајна и преплашена.
Софија
Софија, јас мислам дека треба да си ја провереш тиродната жлезда,бидејќи можеби имаш хормонални пореметувања,потоа провери да не имаш некоја инфекција на скалпот како на пример ringworm или candida,ако имаш дамки на скалпот,потоа провери си ја крвта да не е до недостаток на витамини...поздрав
 
N

Nicky Santoro

Гостин
заебележав последниве неколку дена ми паѓаат по неколку влакна, не кога ќе се разбудам и да има по перници или кога се капам па на крпата, не така, туку ако е затријам косава(повеќе да е затријам и со прсти, значи не баш толку лесно)забележувам по 5-6 влакна паѓаат.прашањето е, дали е нешто сериозно или влакната се обновуваат?
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Искрено, од кога приметив и јас ова започна косата да ми се проретчува и еве веќе 5 години се мачам со шампони, пилфуд и други ствари. Значи на ова ќе ти кажат дека е нормално дневно да пагаат 100 влакна кој се обновуваат, но верувај јас до моментот кога не гледав влакна на раката или на перница немав проблеми со проретчувањето, но кога почнав да гледам влакна веке косата почна да ми се проретчува. Иако и кај мене има највеке 10 влакна да забележам во текот на денот
 
N

Nicky Santoro

Гостин
епа мене ова сеа ми се случува последниве 3-4...порано така пред 3-4 години забележував исто и не ми е ич проретчена. еве сеа по 4 години ако не и повеќе забележувам пак , значи треба убо со ракава да затријам и забележувам по 5-6 паѓаат .и влакната ми паѓаат на секој дел, не на некој посебно.на темето не ми паѓа ич . и што шампон да користам ?
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Користам пилфуд 5 % веке 1 година, али го користам еднаш неделно, што можеби ми е грешка. Паралелно користам кето шампон 3 пати неделно, пијам зелен чај но резултати не само што нема туку и косата многу ми се изретчи. Она што сакам да почнам е да го користам пилфудот 2 пати дневно, да си продолжам со користење на кето шампон и пиењето зелен чај, но и да користам ревивоген. Читам на некој форуми доста луге задоволни од него па дури одат дотаму што кај некој има подобар ефект и од пропециа апчињата. Ако се земе предвид дека Ревивогенот се нанесува на главата и нема никаков штетен ефект по хормоните а е исто ДХТ блокер, ќе морам да го земам и планирам. Ве молам ако има некој искуство со ревивогенот и миноксидилот нека пише и нека ми каже од каде можам да го купам и дали го има во некој земји од соседсвото. И уште нешто многу читам по форумиве дека ревивогенот и минохидилот имаат ограничено дејство односно после 5, 10 години и покрај нивното аплицирање сепак нема да имаш никакви резултати. Нешто околу ова ако може дискусија
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
За шо го користиш еднаш неделно? Џабе парите си ги дал :) Многу глупаво од твоја страна.
Има една поука, веќе ако си решил да се замараш со коса и ако сакаш да ја повратиш или барем да ја зачуваш преостанатата - треба да си многу упорен и издржлив.
Јас купив ревивоген, веќе 1 месец и 1 недела го користам. Дејан викаше дека 3те шишенца му траеле 5-6 месеца. Јас 1 шишенце истрошив за 20 дена така да...
Резултати сега за сега нема, но не ни ги очекувам моментално. Во комбинација ревивоген и миноксидил се супер, само е малце напнато да користиш 2 топикални средства.. ке треба убаво да го испланираш времето за константно да ги користиш, а ако мислиш да користиш коа ке ти текне ич не си ги фрлај парите.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Да да почнувам да го користам од денеска 2 пати дневно, ќе известам за резултати. Него кажи ми знаеш и ти дека ревивогенот е ДХТ блокер ?? И од каде го купуваш ??
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Мајка има има проблем со опаѓањето на косата, користи Фитовал. Има ли нешто друго што би препорачале како плус, за женско? Ова женско потенцирам да не има разлика во тие средствата ради хормони ова она :)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Мајка има има проблем со опаѓањето на косата, користи Фитовал. Има ли нешто друго што би препорачале како плус, за женско? Ова женско потенцирам да не има разлика во тие средствата ради хормони ова она :)
Чим користи фитовал нека си земе и лосионче од истата фирма :) А акутно опаѓањето тогаш кажи ке најдеме решение :) Барем за женските проблемов е решлив
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
3
Поени од реакции
3
Овоа е за сите со се замарат со косопад...Јас имав косопад на 17 години и тоа ми оретчи
косата на целата глава,претходно имав густа виткана коса...Бев тотално збунет и не ми се одеше ни на школо, ни ништо не ми се правеше,едноставно мислев дека живото ми заврши. Косата во рок од една недела ми опаѓа и тоа ми беше најмногу чудно.Ми излегнаа на скалпот,едни кафени дамки, за кој ниеден доктор не ми даде објаснување...Бев на дерматолог ми кажа дека имам недостаток на витамини...добро внесував витамини се како што треба и ништо...потоа бев кај доктор вајс ми зема 4 000 денара за преглед и за еден лек оти го отвори за да ми го показе иако и реков да не го отвара и пак ништо и таму...потоа користев велформ лусион и апарат за косата со инфрацрвени зраци и пак ништо...потоа бев кај еден човек од кратово кој ми стави еден лек за главата за вадење на мрснотии и умрев од болка и пак ништо... и на крај се одлучив да одам на трансплатација на косата во Белград, бев таму и татко ми плати 3 000 евра за операција и таму ме правија операција околу 7-8 часа и притоа цело време ме бодеа со игли во главата а болката не се трпеше,ми кажаа дека за година ипол дека ке почне да си расте коса и се океј... Во тие две години таму каде што ми беше правена операција ми излаваше мртва кожа и требаше да мине период за да испадне, испаднаа тие,после некое време пак се појавија, а тоа било нормално по операцијата, но не ми кажаа и еве после две години на тие места kade sto бев правен операција има по некое влакно и џабе си уништив две години...иначе немаме многу пари, ама моите сакаа да ми помогнат затоа што видоа дека немам волја за ништо... и сега што сакам да ви кажам...јас си ги упропастив сите овие години затоа што само се замарав со косата,за неа живеев, со друго не се замарав, само тоа ми беше во главата...треба да се помиреме со тоа да си го живееме живото затоа што се можеш да вратиш само времето не и сега вие одлучете дали ке живеете за вас или косата...ма скрати тоа гомно од главата, стави една обечка на ушето, вежбај си и живеј си живото...
 
Член од
28 јули 2011
Мислења
81
Поени од реакции
25
Здраво, јас сум подамнесна членкана форумот но си ја заборавив лозиката и морав заради темава да направам нов профил
Јас имам проблем веќе подолго време. Пред одприлика 2 години почна да ми опаѓа косата драстично. Ми паѓаа дневно милиони влакна, а посебно после бањање или чешлања тоа перика вадев. Имам коса под раменици и грутки цели топки влакна остана. Користев Плифуд по препорака на дерматолог, а испитав и крвна слика и жлезди да не е од тоа. Но не тоа е во ред. Пилфудот не ми помогна, па земав Алпецин, ништо, па Фитовал, и забележав подобрување од Нирел шампонот. Се смири паѓањето некои си 5-6месеци, за сега пред месец дена пак да почне да опаѓа ама ептен драстично. Почнаа да ми се гледаат и залистоци на челото од што ми е испаѓана косата. Не паѓа во кругови, туку по цела површина на главата.
Би ви била премногу благодарна доколку ми дадете некој совет навистина премногу ќе ми помогнете. Сеуште користам Нирел но сега нема подобрување. Не све свесни колку ми е ретка косата едно репце од 5 влакна. Ве молам за помош навистина веќе очајна сум.
Фала ви однапред
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
3
Поени од реакции
3
Здраво, јас сум подамнесна членкана форумот но си ја заборавив лозиката и морав заради темава да направам нов профил
Јас имам проблем веќе подолго време. Пред одприлика 2 години почна да ми опаѓа косата драстично. Ми паѓаа дневно милиони влакна, а посебно после бањање или чешлања тоа перика вадев. Имам коса под раменици и грутки цели топки влакна остана. Користев Плифуд по препорака на дерматолог, а испитав и крвна слика и жлезди да не е од тоа. Но не тоа е во ред. Пилфудот не ми помогна, па земав Алпецин, ништо, па Фитовал, и забележав подобрување од Нирел шампонот. Се смири паѓањето некои си 5-6месеци, за сега пред месец дена пак да почне да опаѓа ама ептен драстично. Почнаа да ми се гледаат и залистоци на челото од што ми е испаѓана косата. Не паѓа во кругови, туку по цела површина на главата.
Би ви била премногу благодарна доколку ми дадете некој совет навистина премногу ќе ми помогнете. Сеуште користам Нирел но сега нема подобрување. Не све свесни колку ми е ретка косата едно репце од 5 влакна. Ве молам за помош навистина веќе очајна сум.
Фала ви однапред
Ке се обидам да ти помогнам... Знам едно девојче на кое така му опадна косата,беше тука на лекар и и рекоа дека со неа е се во ред,после тоа отиде да се испита во Германија и и рекоа дека има габична инфекција,па провери дали по скалпот имас дамки и дали те чешаат и оди на дерматолог и му кажи да ти ги прегледа, но не онака со голо око тука со апаратче и нека ти ја испита косата на микроскоп да виде да не е заразена, а можеби имаш дефицит на витамин Б или железо и не пиј од тие газирани сокови тоа се е хемија и и штете на косата.... а дали ти е многу мрсен скалпот?
 
Член од
28 јули 2011
Мислења
81
Поени од реакции
25
Ти благодарам што ми одговори :)
Значи дамки по скалпот немам, но косата ми се мрси често. Морам да ја мијам по 3 пати неделно, сега прекулето не е проблем тоа. На дерматолог ми даде Пилфуд и ми рече не е ништо ајде млада си за да се занимаваш со такви работи. Железто во крвта е сосема во ред, а витамини од Б групата пијам секојдневно.
Ќе отидам уште еднаш на дерматолог но не верувам дека е некоја инфекција бидејќи долг период е во прашање.
Газирани пијалоци пијам ретко и претежно Кока Кола, но премногу се плашам бидејќи веќе на челото ми се познаваат залистоци.
Прамногу паѓа топки огромни по секое чешлање. А кога и да ја фатам косата во рака ми остануваат по 20тина влакна и повеќе. Не е нормална оваа појава да речам период е или слично бидејќи косата навистина на пола ми е изретчена.
Благодарам и позз
 
Член од
9 јули 2011
Мислења
58
Поени од реакции
21
При првите знаци на косопаст треба да делувате смирено и брзо. Доколку ова ве засега премногу и сте решени да одвоите значаен дел од вашиот буџет и вашето време и да го прифатите фактот дека третманите против опаѓање на косата МОРА да се употребуваат доживотно, тогаш бидете сигурни дека со читањето на оваа статија, вашиот проблем со голема веројатност ќе биде решен.

Како прво:

Треба да утврдите од каков тип на косопад страдате.
Постојат 3 најчести видови на косопаД.

1. MPB(Male Pattern Baldness) - Типична машка ќелавост или попозната како Androgenetic Аlopecia. Најчеста причина за косопастот кај мажите со 95 % застапеност.Доколку вашата коса се ретчи само на предниот дел од главата или ви се појавуваат мали залистоци над слепоочниците, или пак мала пропетченост на темето на главата,не се залажувајте - вие имате Типична Машка Ќелавост која доколку не се третира, најчесто доведува до целосна ќелавост во период од 5 до 15 години. Причина за овој тип на ќелавост се гените и вишокот на тестостерон во организмот кој кога се врзува со 5 - алфа ензимот кој го создава простатата креира Дихидротестостерон кој е главната причина за истенчувањето на влакното, неговото опаѓање и изумирање на фоликулите на влакното.Оваа болест, иако во мал процент, ги напаѓа и жените исто така.

2.Tellogen Efluvium - Овој тип на косопаст ги напаѓа подеднакво и мажите и жените и е последица од стрес или постоперативен период кога фоликулите на косата се атрофирани како последица на оперативниот стрес. Овој вид на косопаст е повремен и после 6 до 12 месеци косата сама се обновува. Се препознава по тоа што косата се тенчи и се ретчи низ целата глава подеднакво.

3.Alopecia Areata - Овој тип на алопециа(косопаст) се појавува подеднакво и кај мажите и кај жените и е најтешка форма на косопаст. Одредени делови од главата во облик на кругови се нападнати од некоја бактерија што доведува до целосно опаѓање на косата во тие делови. Може да се третира со Ketoconazole апчиња и со други антибактериски и антимикотични креми и препарати.

Исто така постојат и други видови на косопаст како што се Duffuse Thinning, Alopecia Totalis, Scarring Alopecia и други, но овие типови на косопаст се многу ретки и за нив нема за зборувам.

Други причини за појава на косопад се: Хормонален дисбаланс предизвикан од проблеми со тироидната жлезда, период на породување и менопауза кај жените лоша исхрана, aнемијa,мс,диабетес, полови заболувања - кандида, сифилис итн...
Запомнете дека косопастот поготово кај мажите НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ САМ ПО СЕБЕ и во голем дел од случаите ке кулминира после 5-15 години и ќе доведе до потполна ќелавост.

Ќелавоста кај мажите,типичната машка ќелавост - MPB, според нејзиниот степен на изразеност се мери според мегународната NORWOOD скала од 1 до 7 степени.

Не постојат шампони или витамини, Velform течности, Vicky таблети,MERZ, OLIGOVIT или било какви препарати кои ќе го излечат косопастот, но со секојдневна употреба тие можат да го забават или да го запрат паѓањето на косата, НО НИЕДЕН ОД ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ НЕ Е НАУЧНО ДОКАЖАН ДЕКА НАВИСТИНА ДЕЈСТВУВА. Не трошете ги вашите пари залудно доколку не сте сериозни во вашата борба против косопадот, зашто со нередовна употреба на било кој препарат или средство, дејството е само привремено. Криењето на болеста која често е застрамувачка и депресивна, НЕМА да го реши вашиот проблем. Доколку не превземете никакви мерки, таа многу веројатно со тек на време ќе стане видлива и забележлива за другите.

Не постои траен лек за MPB и сите препарати и лекови се ефективни само за време на нивната употреба. За оптимален резултат се смета престанувањето на косопастот, но во некои случаи може да се појави и никнување на нови влакна.90% од компаниите кои тврдат дека имаат лек за косопастот се скамери и профитери без никаков респект кон вас и вашите пари.

Во светот постојат само 2 докажани ефикасни долгорочни третмани против опаѓање на косата.

1.Minoxidil, попознат како Rogaine(Brand name) во САД.

2.Finasteride или попознат како Propecia(Brand name) во САД.

Американската асоцијација за храна и лекови (FDA - Food and Drug Association) после извршените тестови го одобри Minoxidil како лосион за спречување на паѓањето на косата и обновување на косата во 1978 година. Finasteride(Brand name - Propecia) е одобрен во 1997 година и се употребува во форма на апчиња. FDA препорачува да не се употребуваат никакви други лекови или препарати освен горенаведените две.

Како најважно предупредување ќе го издвојам фактот дека за андрогена алопециа или MPB(Male Pattern Baldness) односно Типична машка ќелавост, и двата лека треба и МОРА да се користат постојано без никаков прекин до крајот на животот. После секое прекинување сите резултати кои се добиени како резултат од овие лекови ке изчезнат во рок од 3-6 месеци.

1.Minoxidil(Rogaine) е прапарат кој се нанесува директно на главата во форма на лосион или пена. Првенствено откриен како лек против зголемен крвен притисок кој како страничен ефект покажувал обновување на паднатата коса.Minoxidil постои во варијанта од 2% и од 5% и може да се купи и во Македонија во сите аптеки без лекарски рецепт. Minoxidil не покажува системски странични ефекти, освен зголемена појава на првут и иритација на кожата, што се регулира со Ketoconazole шампон за кој ќе зборувам подоцна. Се нанесува 2 пати дневно, наутро и навечер. Minoxidil делува како вазодилазатор и е научно е докажано дека Minoxidil е најефикасен во делот на темето на главата и на горниот дел на главата. Не е докажано дека е ефикасен на предниот дел од главата кај залистоците(Receding hairlines) што не значи дека не делува и на тој дел.Minoxidil 2% може да го употребуваат и мажи и жени додека варијантата од 5% е наменета исклучиво за мажи.За било какви резултати од овој лек пациентот мора да почека најмалку 6 месеци за да ги види првите резултати.Minoxidil e многу ефтина варијанта и најбезбедна. Чини само околу 450 ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

2.Finasteride e НАЈДОБРИОТ лек во светот за вашата MPB. Finasteride e лек кој е наменет за третирање на Бенигна хипертрофија на простатата, кој како страничен ефект имал значително обновување на косата. Finasteride за лечење на простатата се користи во облик од 5мг секој ден, а за косопаст во облик на апче од 1мг.Finasteride СЕ УПОТРЕБУВА САМО КАЈ МАЖИТЕ!!! Употребата од страна на жени може да предизвика аномалии кај гениталиите на новороденчето доколку жената остане бремена.Finasteride е најефикасниот лек за лечење на MPB и има ефект кај 89% од пациентите.Тој активно делува врз 5-алфа ензимот и го спречува креирањето на Дихидротестостеронот кој е главниот предизвикувач на MPB.Finasteride има СЕРИОЗНИ СТРАНИЧНИ ЕФЕКТИ и пред да започнете со ваков вид на терапија мора да се консултирате со лекар( НАЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ЛЕКАРИТЕ НЕ ЗНААТ НИШТО ЗА ОВОЈ ЛЕК КОЈ ГО КОРИСТИ ЦЕЛИОТ СВЕТ) или да направите добро истражување преку интернет со корисници кои веќе го користат и целосно да се информирате. 15% од корисниците пројавиле странични ефекти како што се: намалена желба за секс, намалена количина на сперма, намален процент на сперматозоиди во спермата, болка во тестисите. 0.5% од корисниците пројавиле целосна импотенција.Finasteride лекот во облик од 1мг за третирање на косопаст не е достапен во Македонија. Достапен е во варијанта од 5мг(многу корисници во светот користат 5мг таблети и ги кршат на 4 еднакви делови со што добиваат прилично иста доза од 1мг дневно, а и заштедуваат финансиски сретства)
Finasteride e прилично скап лек. Propecia - нарачана преку интернет ќе ве чини околу 3500 денари месечно. Варијантата од 5мг (име на лекот-PROSCAR, кој го има во Македонија) искршени на 4 дела ќе ве чини 2800 денари за 4 месеци (800 ден-месечно). Finasteride не се продава без лекарски рецепт. Се употребува до крајот на животот.

Други лекови докажани од задоволни клиенти и клинични тестирања, но не и од FDA - Американската институција за храна и лекови.

3.Dutasteride - Лек со слични особини како Finasteride, но со поголема концентрација на активна супстанција и поголеми можности за странични ефекти.
4. Ketoconazole шампон - постои во варијанта 1% и 2% и е многу добар за отстранување на првут (Minoxidile поради присуството на алкохол,веројатно ќе предизвика првут) Исто така тој има и антибактериско дејство и антимикозно и е доста ефикасен и како природен блокер на DHT(Дихидротестостерон) на површината на главата. Достапен е во Македонија без лекарски рецепт во секоја аптека и чини околу 200 денари за еден месец.

Природни лекови кои не се докажани клинични, но со добри резултати кај некои поединци.

5.SAW PALMETTO - приподен DHT блокер кој е производен од вид на палма која расте во северна Америка. Се пие во облик на апчиња и се консумира секој ден. После престанување со неговото консумирање, пациентот ги губи сите постигнати резултати како ефект од неговата употреба.Нема поголеми несакани дејства освен - лош здив.Го има во некои аптеки во Македонија и чини 1200ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

6.Чај од корен од коприва, зелен чај, чај од ѓумбир, Рузмарин зовриен во вода се користи за поливање на косата, екстракт од пиперка се трие на коренот на влакното,Алое вера креми и шампони, Лаванда екстракт како локален апликатор на главата, Коњско опавче како чај и вода за миење на главата, триење на главата со лук СИТЕ ОВИЕ ПРИПОРДНИ ПРЕПАРАДИ НЕ СЕ НАУЧНО ПОТВРДЕНИ И ИМААТ МНОГУ МАЛ ЕФЕКТ И ТОА КАЈ ПОМАЛКУ ОД 20% ОД ПАЦИЕНТИТЕ МАЖИ А ПОГОЛЕМ ЕФЕКТ ОД 45% КАЈ ЖЕНИТЕ.

После било кој третман за опаѓање на косата, ТАА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ОПАЃА ВЕДНАШ.Доколку вашата коса престане да опаѓа набргу после земањето на лекот, тогаш тоа не е последица на земањето на тој лек, туку постои некоја друга причина која е моментална и вашата коса ќе започне да опаѓа повторно(нажалост). Потребни се најмалку 4-6 месеци секојдневна употреба на лекот за да се видат првите резултати(поради природниот тек на растот на влакното кое расте во три фази-Анаген,Телоген и Катаген).Најверојатно доколку третманот е ефикасен во првите 2-3 месеци треба да забележите ЗГОЛЕМЕНО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА поради нејзиното обновување и ослободување од влакната кои се веќе влезени во Телоген фазата(Фаза на мирување на влакното).

Ослободете се од бабините приказни дека носењето капа влијае на косопадот, дека често миење на косата ја прави помрсна(косата се мрси од зголемено лачење на Себум, кој го лачат лојните жлезди на главата, како резултат на хормонално пореметување манифестирано со зголемување на женскиот хормон Прогестерон или Естроген, кој го имаат и мажите и жените), дека краткото стрижење ќе ја згусти косата,дека сушењето со фен и пеглањето предизвикува опаѓање на косата(сушењето со фен и пеглањето го оштетува влакното и доведува до кршење на косата но не го оштетува коренот) и други 100 % невистини и чисти заблуди и глупости.

Јас лично користам:
- Minoxidil 2% (Original Rogaine-USA)- 2 пати дневно, - 1050 ден/месечно
- Finasteride 1mg (Оriginal Propecia-USA)- 1 апче дневно, 3500 ден/месечно
- Saw Palmetto - 1 апче дневно, - 1200 ден/месечно
- Шампон Ketoconazole 2% - 3 пати неделно, - 200 ден/месечно
- MERZ Spezial Dragees - 2 апчиња дневно, - 550 ден/месечно
- Чај Виталиа-Зелен чај со лимон и Ѓумбир - 1 дневно, - 150 ден/месечно
- Рузмарин и корен од коприва за поливање на главата после миење. - 300 ден/месечно.
и сум многу задоволен од своите резултати. Косата престана да ми опаѓа целосно иако претходно губев енормно голема количина на коса дневно. Исто така имам големи резултати во обновување на паднатата коса. Иако мојот косопад беше во почетна фаза и речиси неприметлив за другите, со правовремена реакција спречив понатамошно опаѓање а добив и значајно обновување. Немам никакви странични ефекти од лекарствата, но месечно од својот џеб одвојувам околу 7,500 денари за оваа намена.

ВАЖНО: Со употреба на лекови од домашни или локални брендови или генерички лекови истиве лекови и препарати против опаѓање на косата можат да ве чинат само околу 2,000 денари месечно.
---------------------------------------------------------
Потрошив голем дел од моето слободно време за оваа статија, само и се со цел и Македонците да се едуцираат и да научат нешто повеќе за современите третмани за косопастот и да сватат дека секој третман за коса кај мажите кои страдаат од MPB(95% од мажите) МОРА да трае до крајот на нивниот живот.
Отворен сум за секакви прашања. Се надевам дека оваа статија ќе им користи на многу луѓе кои имаат проблем со косопадот. Ви посакувам се најдобро!
Картов -
Волонтер, член на Мегународната Асоцијација за борба против опаѓање на косата.
Veteran Real Hair Club Member na HairLossNetwork мрежата.
---------------------------------------------------------
П.С.
СО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЕДИНСТВЕНО САКАМ ДА ПОМОГНАМ СО МОИТЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И МОЕТО ЛИЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, А ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ХУМАНО
vaka sakam da te prasam nesto gledam zapoznaen si so ovie rab.imam bratucetka na koja i se javi premnogu opaganje na kosata okolu 70%od kosata ja izgubi sega so proverka na zenski hormoni dokazano e deka hormonot za stres maksimum treba da e 25 a nejze i e 50 utre ke i prepisat terapija dali so terapijata dokolku se sredi hormonot ke prekini i opaganjeto na kosata i pokasno planirame da ja posetime Dr.vais mislam se vikase doaga specijalno doktorka od srbija za vakvi rab dali si so ova zapoznaen?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom