Види,јас не го нападнав твојот труд и не те нападнав тебе,туку го искоментирав дека за мене е тоа незамисливо и неразумно заради фактот дека постојат навистина многу посериозни проблеми кои ги мачат луѓето,пред се здравствени и реално косопастот е некаде на дното по типот на сериозност,туку се работи за естетски проблем.7500 се пари и тоа големи за поголемиот процент македонци и немој да напаѓаш воспитување,држава и слично затоа што ретко кој може да си го приушти,особено затоа што навистина не е проблем од кој што се умира.Нели?!Тоа е мое размислување,не знам зошто се навредуваш,јас не те навредив тебе како човек,туку воопшто дека јас не сум присталица на ова.Ниту пак ти го нападнав трудот и маката како што ги нарекуваш ти.Во ред,те почитуваат заради твојот придонес по тема косопаст на странски форуми,тука сме прости македонци кои не те разбираме.Прочитај пак,не се обратив само за да те искоментирам тебе,туку пишав и моја опција на решавање на нештото кое се покажа успешно.
Најди дел од мојот пост каде што отворено те навредив.Јас само произнесов став дека не ми се допаѓа (или немам право на избор,па мора да ми се допаѓа?!)затоа што сум го имала истиот тој проблем и го надминав со некоја поевтина алтернатива и дека сметам дека се останато е џабе фрлени пари ако се работи за генетска предодреденост да го имаат тоа.Подобро ако го имаат проблемот заради хормонално нарушување нека користат соодветни медикаменти и ќе се реши.Јас лично имам намалена фукнција на тироидата и што ќе беше да не ја примам својата терапија,а фрлам 7500ден месечно,ќе ми го решат ли проблемот тие алтернативни таблети?!Естетскиот проблем ќе се намалеше,но немаше да го снема,а остатокот што се случува во моето тело ради недостаток на хормоните Т3 и Т4 не го дискутираме.Наместо да ги фрлам тие 7500 ден.месечно,платив повеќе за други лекови и третмани на жлездата и за евтиниот етирокс од 76 ден. и си го решив трајно проблемот со еднократна поголема сума,но не се работеше само за коса,туку воопшто за целото тело,ако си запознаен знаеш што се случува.Да спомнам дека индикатор ми беше косата која почна многу да ми паѓа и мислев дека не е нешто друго во прашање освен обично паѓање на коса.
Луѓето лесно се лажат за искомерцијализирани продукти,а не го гледаат својот проблем подлабоко каков е и на сметка на тоа некој чичко тн научник од Америка се богати се до моментот не го пронајдат вистинското решение и коренот на проблемот.
А да не зборуваме за моментот дека таа хемија за толку несериозен проблем треба да се прима доживотно.
Кој има проблем со естетика,нека си испита друго прво пред да се дрзне да ги конзумира прекуокеанскиве производи,а ако само едноставно опаѓањето му е проблем и сака да се надева во чудо,а генетски е предодреден,во ред.На крај краева сепак ќе го сметам за неразумно,но ок,секој со своето.И да ти повторам,став е,не е навреда упатена кон тебе,за мене неразумно е да се дадат 3000 долари за чевли чија реална вредност е 50 долари,но хеј емоционалното задоволство е друго,сите имаме различна перцепција за нештата кои не прават задоволни и мислиме дека ни помагаат некако.Затоа постојат маркетари кои ти ги потенцираат до тогаш незабележаните потреби или пак вака или онака ти создаваат нови и ги гледаш како исклучителна нужност.
Биди поздравен и чисто да ја одржиме културата на ниво,не спомувај воспитување,родители и македонци сељаци...и биди посмирен во однос на ставовите на останатите.Ова е форум и секој може да го истакне своето мислење,а ти треба да бидеш подготвен да не го сфаќаш толку лично,па да ме навредуваш мене лично.Во ред?!Сите имаме или немаме родители...а за културата која дозволува да се спомнат родители на човек кој никогаш не си го сретнал,нема да коментирам,а уште помалку да правам психолошки профил,па да се префрлам од едно на друго,не те ни познавам всушност.