Тоа е најновата надградба на патриот кој е дефанзивен исто како и С-300/400.
Видете новинарите хиперболизираат или да симплифицирам нема балистичка ракета која е до толку прецизна т.е постои таканаречен криг на еднакви можност(CEP) за погодок кој кај некои ракети е 180 кај некои 200 метри кај некои 100 метри.
Понатаму русија е загрижена од инсталацијата на штитот и ако го нападне јас се обложувам дека нападот нема да биде нуклеарен туку веројатноста е употреба на специјален мод на балистичка ракета на лик искендер но со EMP кој би го неутрализирал примарниот систем и околните Патриоти е сега Improved Hawk ја брани германија од балистички ракети заедно со МЕАДС но во основа овој чадор кој го постави НАТО е за одбрана од фиксните и мобилните лансирни платформи кои ги користи русија и Иран додека AEGIS програмот е друга прикасна.
Она од што нема одбрана се стратегиските подморници и од овие ниту Москва е безбедна ниту пак вашингтон сепак САД се далеку побезбедни во смисол на концептот на повеќеслојна одбрана почнувајќи од вселената па THAAD кој ако не успее следува израелскиот ерроу(кој е попрактичен од С-400 и патриот бидејќи не работи на хит ту килл и затоа има толеранција при пресметките-нормално имаат и патриот и С-400 вакви ракети но не се правило туку исклучок) е сега во случај да падне ероу и патриот останува HAWK ABM модификацијата и ако таа не успее следува клекни прекрсти се и.....
А дека ќе се употреби ова оружје за масовно уништување нема сомнеж кај мене туку прашањето е само каде.
Во секој случај нема 100% заштита иако концептот на САД е добар за разлика од рускиот сепак да спречат тие системи минимум 25% од боевите глави пак остатокот ќе остави пустош а милијарди милијарди се потрошени.
Токму затоа и Русија не троши толку средства на ABM бидејќи знаат дека 25-30% успешност не е доволна така да нивниот концепт е да се контролира небото од земја(бидејќи праксата се покажа катастрофална за нив мислам на битки авион vs авион па затоа и Ф-15 го нарекуваат MIG killer) така да комбинацијата на С300 заедно со Панцир и Тор е совршена за контрола и одбрана на витални делови и плус напумпаните мамки кои ќе придоинесат непријателот да троши ресурси гаѓајќи ништо и да мисли и калкулира дека е во предност е многу подобра.
Се на се Русија не е консолидирана па САД има моментално најмоќна флота на носачи а Јапонската морнарица е трета после САД и Русија, сепак Русија има само еден носач и тоа без катапулт а доколку сака да има моќ русија да проектира сила вон нејзините граници и требаат минимум уште 4 за кои нема средства, во меѓувреме бразил и Индија имаат носачли, Франција исто така, британија гради нов HMS Queen Elizabeth и САД со најновите кои за чудо имаат енергија многу повеќе отколку што им треба и тоа за цели 150% што значи на нив ќе се постават новите раилганс кои би требало да ги бранат и од балистичка закана конкретно од кинеската програма за развој на ASBM.
Каде сме ние, па велам ни треба нешто ако не патриот бидејќи е скап барем С-300 ПМУ2 кој ќе се комбинира со западен HAWK и Тунгуска која ќе се користи како мобилен систем кој е развиен специјално да му пркоси на А-10 и апачи. како и да е денес праксата покажа дека кој го контролира небото го контролира и фронтот и тоа се докажа уште за време на Арапско израелските војни, а ние немаме средства за Скапи авиони(ниту простор) но за ПВО системи кои се се поевтини имаме средства и наскоро АРМ ќе набави и тоа неколку батерии и две врсти на различни САМ системи, а одлуката кои ќе биде донесена до 2018 година ако се оди по план но во меѓувреме треба да се набават барем рачни ПВО системи како Игла или стингер па и Мистрал не е лоша опција али Игла е мој фаворит како резистентен на Jamming.
Штета е што сега ние не успеавме да ја обновиме наменската индустрија токму кога има побарувачка додека Бугарија и Србија прават тешка пара тука е и Словенија.
А нашето место се знае каде треба да биде-НАТО но само НАТО, ЕУ мислам дека не ни е потребна можеме и без нив,всушност подобро и ќе ни биде без нив.