Русија - смена во надворешната политика?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
-Русија потпиша договор со Индија за набавка на хеликоптери и авиони во вредност од $2.9 bln
Во моментов Русија е главен лобист Индија да стане 6 членка на постојаниот СБ.


Основен моментален недостаток е на полето на микрочипови и се надополнува полека со трансфер на технологии.
Полека но сигурно Медведот се буди, а за мене се доста интересни односите што ги има со Германија и Италија
Ќе речам ајде за Германија да, но што е интересно со Италија?
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Во моментов Русија е главен лобист Индија да стане 6 членка на постојаниот СБ.




Ќе речам ајде за Германија да, но што е интересно со Италија?
Индиректно Русија ја помага Италијанската економија во состојба на криза.
Заедничките ловечки средби на Путин и Берлускони додека беше на власт,присуството на истиот на инаугурацијата на Путин,посета на хокеарски натпревари и слично.
Russia is testing Italy's Centauro wheeled tank and considering building it under license

The Russian Armed Forces will take delivery of the first 57 Italian Lince (Lynx) light multirole armored vehicles (LMV) before the end of the current year

Russia and Italy have revisited the project of S1000 non-nuclear submarine. The project was frozen four years ago

И еден куп други
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
Баш затоа и не го разбирам твојот претходен коментар, добив впечаток дека сакаш да кажеш дека чим ние за ништо не се прашуваме ондак нема потреба ни да дискутираме.
И не, не мислам дека тоа што не ни штети, би требало да ни користи.

Дури и не сум сигурен дека зајакнувањето на Русија, би требало да значи дека ние ќе имаме директна корист, меѓутоа земајќи во обѕир дека сепак доаѓа до прегрупирање на одредени сили, мислам дека дефинитивно во иднина ќе бидеме во ситуација кога некои наши интереси ќе зависат во голема мера и од Русија, а не како што е досега, повторно според мој личен впечаток, да сме под силен диктат на САД и да сме третирани како несаканото дете.
Мислата ми беше дека ако Русија ја смени надворешната политика према одредени држави и региони а тоа не сме ние и никако не сме инволвирани со нив, што е до мене ако сака нека ги срамнат. Нит ги жалам нит ми е гајле. Или уште подобро подобро да плаче мајка им одтколку мајками. Колку се позафатени таму со нив( се мисли на големите сили) толку нас ке не остават порајат да си го живееме животот. А факт е дека ние сме под свера на влијание на САД и ЕУ а исто е факт дека како што реков ни не сакаат нит не даваат на друг. Вака барем ке бидат зафатени со попаметни работи отколку нас да не ебаваат.
--- надополнето: 25 декември 2012 во 22:40 ---
Фактот што сме играчи од микрокатегорија, треба да значи уште повеќе и повнимателно да ги следиме светските текови за да можеме да се вклопиме во нив и да извадиме што е можно повеќе корист.
Значи дека не се моча спроти ветрот оти лом ке се направиме.
Финтата за вакви математики би била кога би биле во зоната на преклопување на сверите на влијание на две или повеќе сили. Е тогаш или ке биде весело или ке се офајдиме, како Бугарија на пример што се офајди со влез во ЕУ.
Украина на пример де ваму де таму.
Сирија бетер.
За среќа или жал не спаѓаме во таква зона. Сега дека не им сме нешто многу по ќеф тоа е факт, ама исто е факт дека не сме и ни на Русија во некоја интересна зона па да се заинтересира, на Кина уште помалце. Кога ке видиш како да се свртиме газот од позади ни е.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Колку што ги следам настаните, политичкото раководство на Хамас изјави дека нема да се меша доколку Иран биде нападнат од Израел. Истото чинам беше соопштено и од Хезболах.

http://www.guardian.co.uk/world/2012/mar/06/hamas-no-military-aid-for-iran

http://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/153515#.UNoQ7a_n9J8

Хаосот во кој се наоѓаат сега арапските земји, ги оневозможи на подолг период тие да се консолидираат и да се насочат против Изреал, во моментов немаат никаква контрола над самите себе, не постои ред, никаков воен морал, а самите се истоштени од внатрешните меѓусебни војни кои и понатаму тлеат и повремено разгоруваат, само што светските медиуми сега имаат задача да ги минимизираат и прикриваат.

Претпоставувам дека и САД и Израел ќе се погрижат овој хаос да опстои што подолго.
Без да се навлегува во задкулисните политички игри, да прашаш дури и најортодоксни евреи, ќе ти кажат дека без разлика што мислат дека Асад треба да си оди, бунтовниците со кои се соочува Сирија се недобредојдени и воопшто не ги разликуваат од Хамас.

Што се однесува до изјавата дека Хамас не би се мешал доколку Израел го нападне Ирак. Јас за тоа би барал причина што Иран престана да го финансира Хамас, а од друга страна сега главен финансиер им е Турција. Ако се има во предвид дека Турција е традиционален непријател со Иран, а во сојуз САД, како што се и Бунтовниците. Ја прави цела ситуација уште позамрсена.

Искрено не би ме изненадило ниту најневеројатното сценарио со Израел. Меѓутоа мое мислење е дека патиштата на САД и Израел ќе се разминат токму со Арапската пролет.

Иако е општо прифатено мислењето кај нас дека главен партнер во регионот на Русија е Иран, и дека всушност Сирија се чува заради Иран, тоа не е точно. Сирија е главниот партнер на Русија во регионот. Но местоположбата на Иран во однос на Русија, како и ресурсите кои ги располага го прави Иран доста опасен за Руската безбедност, доколку успее да се инсталира прозападен режим.

САД иде на картата да го освои Иран преку арапската пролет и обединување на муслиманскиот свет. Но како што гледаме, разликите од минатото тешко се бришат и наместо обединување, арапската пролет донесе поголем раскол. Времето не е во нивна полза, зошто Русија забрзано излегува од апатијата и повторно поставува рамнотежа во светот, САД го гледа тоа и брза да се позиционира подобро во пресрет на новата поларизација. Тоа прв имаше доблест да го објави Ромни.

Европа, до гуша во криза, по обичај поделена, левицата во традиционална подршка на муслиманските екстремисти. Десницата, освен во Холандија, речиси безгласна.

Во такви услови, расте цената за подршката дури и на мали држави од микоркатегорија попут нашата. Сум рекол многу пати и пак ќе се повторам. Настрана митот за Израел пишуван од светските теоретичари на заговор. Израел своето постоење и својата сила може да ја заблагодари на вистински одлуки во вистински моменти, токму во најмрачните денови од студената војна.

Со оглед дека, како што најавив и како што се остварува, дека додатна пречка за НАТО и ЕУ би била Бугарија, а многу веројатно и Албанија. Ние не сме во агендата да влеземе во НАТО како република Македонија, туку како територија(поверојатно територии), разделена помеѓу трите НАТО држави. Така многу е веројатно, да се вклопиме во плановите на една силна Русија, која може на пример, своите противракетни системи да ги инсталира кај нас или сл.

Доста го наведуваат Албанското прашање во Македонија, како пречка ова да се изигра, но да имаме во предвид, дека после 2 св. војна, Албанците, покрај Бугарија беа главен сојузник на Русите на Балканот. И постојат неколку различни начини да се добие нивната подршка. Еден од нив е јазикот кој тие го разбираат, преку криминалните структури на бившото КГБ распределени низ западна Европа, а сега во служба на шефот, со мали рачиња.
--- надополнето: 25 декември 2012 во 23:15 ---
Значи дека не се моча спроти ветрот оти лом ке се направиме.
Финтата за вакви математики би била кога би биле во зоната на преклопување на сверите на влијание на две или повеќе сили. Е тогаш или ке биде весело или ке се офајдиме, како Бугарија на пример што се офајди со влез во ЕУ.
Украина на пример де ваму де таму.
Сирија бетер.
За среќа или жал не спаѓаме во таква зона. Сега дека не им сме нешто многу по ќеф тоа е факт, ама исто е факт дека не сме и ни на Русија во некоја интересна зона па да се заинтересира, на Кина уште помалце. Кога ке видиш како да се свртиме газот од позади ни е.
За да те види светот во позитивно светло, треба ти прво да се видиш во позитивно светло.
За да играш успешно и да пуштиш некоја твоја нота, треба да ги имаш во предвид сите можности.
За да бидеш барана роба, треба да направиш добра понуда.

Ти можеби не гледаш од твоја перспектива корист за Русија во Македонија, но војните кои се воделе за ова парче земја, кажуваат поинаку. Значи има тука многу нешто да се понуди.

Политиката не е “да чекаш од Бога росица„ туку активно да учествуваш. Светот не живее многу долго без рамнотежа, надмоќта на САД се губи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во времето на СССР и Варшавскиот пакт тие постојано беа, на воен план, многи послаби од Западните сили.
Истото важи и сега во уште поголема мера.
Во последно време Русија е со подобра економска ситуација, па повеќе се експонира, но и сега е многу послаба од она што беше СССР.
Војните се скапа работа и не може секој да си ги дозволи. Но со Руската армија и со Американската армија раководат луѓе кој многу добро знаат што може, а што не може.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Во времето на СССР и Варшавскиот пакт тие постојано беа, на воен план, многи послаби од Западните сили.
Истото важи и сега во уште поголема мера.
Не навлегувам дали е вистина или не. Ме интересира само, по кои мерила и по кои критериуми го извади ова тврдење.
--- надополнето: 25 декември 2012 во 23:35 ---
Колку што ги следам настаните, политичкото раководство на Хамас изјави дека нема да се меша доколку Иран биде нападнат од Израел. Истото чинам беше соопштено и од Хезболах.
Ова за Хеболах не го забележав прееска.
Ако не се лажам, мислам дека прочитав негде дека Шиитската милиција (Хезболах) имаше веќе вооружени судири со брадите во Либан пред неколку дена или недели, а тоа значи дека влегува во директна конфронтација и со Хамас. Исто така останаа доста тивки со последната акција на Израел во Газа. А и не верувам дека на Хезболах им е мила подршката што Хамас ја добива од Турците. Така да не би ги ставал повеќе во ист кош Хезболах и Хамас.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не навлегувам дали е вистина или не. Ме интересира само, по кои мерила и по кои критериуми го извади ова тврдење.
Пред мене ја држам книгата „ Nuklearne strategije supersila “,автор Радован Вукадиновиќ, издание 1985
На страна 339 е дадена проценка: САД : СССР = 100 : 55
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Пред мене ја држам книгата „ Nuklearne strategije supersila “,автор Радован Вукадиновиќ, издание 1985
На страна 339 е дадена проценка: САД : СССР = 100 : 55
Колку што има автори кои ја фаворизираат САД како воено супериорна, толку има автори кои го фаворизираат СССР.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Пред мене ја држам книгата „ Nuklearne strategije supersila “,автор Радован Вукадиновиќ, издание 1985
На страна 339 е дадена проценка: САД : СССР = 100 : 55
Не знам на што се однесува соодносот во проценката, меѓутоа ако судиме според нуклеарниот арсенал, САД имаше предност се до 1978 година, кога СССР ги надмина во поседот на боеви глави.
И понатаму проценките од 2006 година покажуваат надмоќност на Русија со 6000 боеви глави повеќе од САД.

Robert S. Norris and Hans M. Kristensen, "Global nuclear stockpiles, 1945-2006," Bulletin of the Atomic Scientists 62, no. 4 (July/August 2006), 64-66.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
За да те види светот во позитивно светло, треба ти прво да се видиш во позитивно светло.
За да играш успешно и да пуштиш некоја твоја нота, треба да ги имаш во предвид сите можности.
За да бидеш барана роба, треба да направиш добра понуда.

Ти можеби не гледаш од твоја перспектива корист за Русија во Македонија, но војните кои се воделе за ова парче земја, кажуваат поинаку. Значи има тука многу нешто да се понуди.

Политиката не е “да чекаш од Бога росица„ туку активно да учествуваш. Светот не живее многу долго без рамнотежа, надмоќта на САД се губи.
Не би рекол во случајот дека е така баш.
Песот не оди кај кучката дури таа не мрди со опашката.
Ние можеме да му се нудиме на Русија на тацна, ама ако едноставно не и требаме не и требаме и тоа би било тоа.
Нека дај знак Русија, нешто барем па да размислуваме за тоа, вака е само не умри коњу до зелена трева.
И да не се сватиме погрешно, не дека ептен ги сакам САД и ЕУ, устври не ги ни сакам, но реалноста е дека Русија не нејки и тоа е тоа. Веке ако би можел да бирам ако веке се нудиме некому нека биде тоа КИНА.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.537
Се обидувам да не генерализирам, но фактите ме тераат на спротивно.

Фактите велат дека без разлика кој им продава оружје и муниција на муслиманските народи кои живеат на Блискиот Исток, на крајот подебелиот крај секогаш го извлекува невиното цивилно население.

Тешко е да не се прави споредба помеѓу политиките на поранешниот Советскиот Сојуз и политиките на денешната Руска Федерација, бидејќи политиките се премногу слични, да не речам исти. Тоа што денешна Русија не се залага за ширење на социјализмот како што тоа го правеше поранешниот СССР не значи дека денешна Русија применува поинакви надворешни политки од политиките на поранешниот СССР.

Христијанството, исто како и јудаизмот, потекнува од западниот брег на Блискиот Исток и исто како и јудаизмот, е религија постара од исламот. Но токму на Блискиот Исток каде што постои само една вистинска демократска држава, а тоа е Израел, државите од типот на Саудиска Арабија, Јордан, Либан, Иран и ред други кои се во меѓусебни конфликти од трети причини, сепак имаат заеднички став не само за христијаните, Евреите и атеистите, туку општо за сите немуслимани, а тој став е дека сите тие немуслимани мораат да бидат или исламизирани или прогонети или погубени, без разлика дали станува збор за автохтони народи или за доселеници, иако значителен дел од тие немуслимани се автохтони народи кои своеволно преминале од ислам кон некоја друга религија.

На Балканот е слична реалноста за исламот, кој на Балканот се појавува кон крајот на 14-от век со поразот на Србите во битката на Косово, и почетокот на втората половина на 15-от век со падот на Константинопол и распаѓањето на Византиската Империја.

Христијанството не е забрането во Израел, не е забрането на Балканот, не е забрането во Европа, а истовремено во истите тие држави не е забранет ни исламот, а од друга страна, во тазе "демократизираните" држави како Тунис и Египет активно се работи на прогонување или истребување на христијаните, тоа е ептен чудна демократија во која некој треба да биде прогонет или погубен поради неговата/нејзината религија.

Во Либија до денешен ден не се знае кој е легитимна власт во државата, а кој не. Таканаречените борци за слобода и демократија кои САД, НАТО и ЕУ без никакво двоумење ги поддржуваа во соборувањето на Моамер Гадафи, денес водат меѓусебни борби за превласт во одредени области, во одредени градови и села, а некаде водат меѓусебни борби за превласт и во одредени улици, а бројот на цивилни жртви и понатаму расте. Иронично е тоа што на крајот испадна дека Моамер Гадафи ја говорел вистината кога говорел дека таканаречените борци за слобода и демократија се поранешни криминалци, а не политички затвореници, голем дел од тие луѓе навистина испаднаа убијци, силувачи, педофили, наркодилери и што ли уште друго не, а западот токму нив ги поддржа за да донесат слобода и демократија во Либија. :pos:

Во Сирија, таканаречените борци за слобода и демократија веќе почнале да им се закануваат на христијаните и на Евреите дека ги чека смрт откако ќе го соборат Башар ал Асад. Колку чудно, наводно соборуваат диктатор, а веќе најавуваат истребување на немуслимани откако ќе го соборат диктаторот, ова е многу чудна демократија, не гледам на Балканот да се примени истата политика кон муслиманите, кои исто така не се автохтони.

Поентата не ми беше кој на чија страна е, туку дека без разлика каква е надворешната држава на Русија, на САД, на Кина, на Велика Британија, на Франција, на Германија, или на било која друга држава која се занимава со продажба и извоз на оружје и муниција, крајната цел е профит, без воопшто земање во предвид на човечките жртви, кои секогаш ги има во изобилие.

...

Секако дека одредени радикални исламистички групи ќе се обидат да го максимизираат “профитот“ со чистење на своите територии, исто како и Албанците кои во намерата за креирање голема Албанија пропагираат и екстремни исламистички пораки и се обидуваат да го исчистат теренот “во име“ на Исламот.

Сите овие дејствија се вкалкулирани во развојот на насилствата кои ги произведува САД и НАТО и тие секогаш ќе бидат искористувани како завеса зад нивното остварување профити.

Стратешки гледано, освојувањето и придобивањето на сите земји кои го опкружуваат региониот околу Иран, претставува олеснителна околност во евентуалната воена офанзива над Иран.

Очигледно Русија има поинакви планови.
Не се обидуваат да го максимизираат "профитот", туку веќе го спроведуваат својот план за етничко чистење на дело, а западот молчи, исто како што и истокот молчи, односно Русија и Кина молчат од тотално оправдливи причини, бидејќи и нив, исто како и западот, ги интересира исклучиво профитот.

Иран е непослушното дете, кое се осмели да му го сврти грбот на западот со исламистичката револуција во 1979 година, со која беше соборен владејачкиот режим на шахот, а беше воспоставен радикален исламистички режим на чело со ајатолахот.

Можеби САД ќе се обидеа да ја задушат револуцијата на почетокот на 1980-те години, но неочекувано, иако водеше во сите анкети и цел свет очекуваше да освои втор претседателски мандат, сепак Џими Картер изгуби на претседателските избори 1980 во САД од страна на неговиот противник Роналд Реган, кој повеќе се фокусираше на борење против советските вооружени сили во Авганистан и против ширењето на социјализмот во западната хемисфера, како што беше во случајот со американската инвазија на Гренада, отколку да се замара со задушување на исламистичката револуција и со враќање на шахот на власт во Иран.

Секако дека САД сакаат нивни марионети да бидат на власт во Иран, која е една од државите со најголеми резерви на нафта во светот, а истовремено и да ги остават Русија и Кина без доста важен купувач на нивните оружја и муниции, на кого Русија му помага во развивањето на сопствена нуклеарна технологија.

Но за мене лично, вистинската опасност во Иран е радикалниот исламистички режим кој постојано повторува како расипана плоча дека ќе го уништи Израел и ќе ги истера Евреите во морето. Тие луѓе не се закануваат со празни зборови, туку активно работат на масовно вооружување и сакаат да имаат нуклеарно вооружување, не само со цел целосно етничко чистење на Блискиот Исток од немуслимани, туку и со цел понатамошно етничко чистење каде што има муслимански малцинства, а Балканот е едно од тие места каде што има муслимански малцинства и воопшто не треба заканите на радикалниот исламистички режим во Иран да се сметаат за празни закани, бидејќи прашање на време е додека да станат реални, поради што се повеќе станува прифатливо решението кое предвидува неутрализирање на иранската воена сила.

А плановите на Русија во Иран, исто како и плановите на Кина, се остварување на што е можно поголем профит од продажба на оружје и од помагање во збогатување на иранскиот ураниум, без разлика дали истиот ќе биде користен за енергетски цели или за воени цели.

Пред мене ја држам книгата „ Nuklearne strategije supersila “,автор Радован Вукадиновиќ, издание 1985
На страна 339 е дадена проценка: САД : СССР = 100 : 55
Не знам на што се однесува соодносот во проценката, меѓутоа ако судиме според нуклеарниот арсенал, САД имаше предност се до 1978 година, кога СССР ги надмина во поседот на боеви глави.
И понатаму проценките од 2006 година покажуваат надмоќност на Русија со 6000 боеви глави повеќе од САД.

Robert S. Norris and Hans M. Kristensen, "Global nuclear stockpiles, 1945-2006," Bulletin of the Atomic Scientists 62, no. 4 (July/August 2006), 64-66.
Тоа и јас сакав да го спомнам.

Претпоставувам дека Русија ја поседува најголемата количина на нуклеарни боеви глави во светот, но без разлика дали тоа е вистина или не, едно е 100% сигурно, а тоа е фактот дека Русија дефинитивно поседува далеку поголем број на нуклеарни боеви глави во споредба со САД.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Старт договорот ги ограничува и двете за количината на боеви глави
http://en.wikipedia.org/wiki/START_I
Иако мислам дека пред некое време Русија се закани и излезе од него.
Порблемот не е во количината токолку во ефикасноста,воената доктрина која секоја од нив ја застапува(навална или одбранбена) па асиметричен начин на војување и слично
Колку за илустрација последниот проектил Булава:
“This is a solid fuel missile and is launched from under water with a higher speed than the liquid-fuel ones. It’s impossible to intercept when launching it and air defence systems cannot target it. Moreover, its warheads fly along unpredictable trajectories at hypersonic speed. In view of this, it’s quite difficult to intercept the warheads. In addition, Bulava missile overcomes air defence systems with the assistance of falsified targets. In short, the warheads disperse falsified targets and fly in a cloud of these targets. In these circumstances, an air defence radar cannot identify real targets, and missile-interceptors cannot launch real attacks. In fact, Americans have not learned to do this yet,” Victor Litovkin added.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ајде да се држиме до анализирање на моменталните случувања, отколку веќе виденото докажување од други теми кој е појак Русија или САД.

Не сакам премногу да ја контролирам дискусијата, но ако се вовлечеме во историски споредби ќе го изгубиме фокусот и ќе ни здосади темава.

Сакам да ја надоградуваме темава, паралелно како се менуваат и развиваат случувањата кои ги спомнавме. Ете можност да провериме чии претпоставки биле највалидни.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не знам на што се однесува соодносот во проценката, меѓутоа ако судиме според нуклеарниот арсенал, САД имаше предност се до 1978 година, кога СССР ги надмина во поседот на боеви глави.
И понатаму проценките од 2006 година покажуваат надмоќност на Русија со 6000 боеви глави повеќе од САД.

Robert S. Norris and Hans M. Kristensen, "Global nuclear stockpiles, 1945-2006," Bulletin of the Atomic Scientists 62, no. 4 (July/August 2006), 64-66.
Проценката се однесува на поимот „ економска сила “, а еве еден друг момент. Големите сили и во историјата и денес никогаш немаат сојузници ( толку се големи да никој не може да им помогне ) Во Русија одамна се вели: Русија има само два сојузника: Армијата и флотата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom