- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.106
- Поени од реакции
- 12.682
Кога сме кај мешањето во туѓи внатрешни работи...Една Бугарија се меша во внатрешни работи на Македонија и Албанија а тек Сад и Русија...на кој му се може прави...
https://off.net.mk/vesti/razno/vesli-klark-ne-se-otkazhuva-lesno-od-treta-svetska-vojna
Портрет со повод:
Весли Кларк не се откажува лесно од Трета светска војна
23 Октомври 2017 - 12:54
Еден од најмилитантните генерали на САД очигледно уште не може да им прости на Русите што своевремено го избламираа влегувајќи први на приштинскиот аеродром по косовската војна. Иако Обама на времето прописно го олади, некогашниот прв човек на НАТО повторно би да е фактор па оценува дека Русија е главната опасност. Не Северна Кореја, не ИСИС и тероризмот. Русија.

„ Русија не го прифаќа легитимитетот на глобалните институции и на разни нивоа прави сè за да го поткопа тој легитимитет, вклучувајќи го и мешањето во американските избори. Но, тие се мешаат во туѓи избори со години... “, изјави деновиве пензионираниот генерал за Њусвик.
За признавање на легитимноста на глобалните институции:
• САД неодамна излезе од УНЕСКО;
• САД го оспорува нуклеарниот договор со Иран кој е под меѓународен патронат и за кој сите релевантни фактори велат дека се почитува;
• САД ги немаат потпишано или ратификувано римскиот статут на меѓународниот кривичен суд, конвенцијата за правата на децата, за правата на лицата со инвалидитет, протоколот од Кјото, Парискиот климатски договор, договорот за забрана на нуклеарни проби, конвенцијата за забрана на кластер муниција... вкупно 44 глобално важни меѓународни договори и конвенции
За мешањето во туѓи избори:
• Хафингтон пост ги набројува Хондурас, Гватемала, Иран, Хаити, Конго, Индонезија, Виетнам, Авганистан.
• Вашингтон пост пишува за долгата американска историја на мешање во странски избори:
• ЛА Тајмс ќе потсети дека САД се имаат директно вмешано и во руските избори кога на почетокот на изборната кампања во 1996- та, преку ММФ го освежуваат Борис Елцин со позајмица од 10,2 милијарди долари кои на пијандурата кој ја обезглави руската економија му помогнаа да победи откако тие пари ги потроши на популистички социјални давачки.
...
До тука мислам дека се важните факти поврзани директно или индиректно со мешањето во туѓи внатрешни работи, остатокот од статијата е достапен на линкот кој го објавив погоре.