Со околу 300 милиони продадени примероци, Рубиковата коцка се смета за најпродавана играчка на светот. Иако идејата е родена порано, првите примероци во продажба се пуштени пред точно 30 години во Будимпешта.
Најпопуларната коцка на светот се состои од девет мали еднобојни коцки на секоја страна, а вкупно ги има 54. Кога боите на тродимензионалната коцка ќе се измешаат, пред вас се наоѓа тешка задача. Според некои пресметки Рубиковата коцка има 43,252,003,274,489,856,000 различни комбинации.
Математичарот Морвен Б. Тистлетвеит смислил комплициран алгоритам, според кој Рубиковата коцка може да се „реши“ со само 52 потези. Во август годинава, научниците од универзитетот во Бостон со помош на компјутери дошле до бројката 26. Засега тоа е најблиску до Божјата бројка, како што се нарекува минималниот број на потези за решавање на Рубиковата коцка.
Историјата на Рубиковата коцка започнува 1974 година, кога идејата за тродимензионалната играчка ја добил кипарот и професор по архитектура Унгарецот Ерно Рубик (на сликата).
Иако својот изум, наречен Магична коцка, го пријавил во 1975 година во Будимпешта, првиот примерок е произведен и пуштен во продажба дури во 1977 година. Во овој подвиг се впуштила унгарската фабрика за играчки Политехника и првите коцки се најдоа во продавниците.
Иако немало никаква реклама ниту промоција, Магичната коцка за една-две години стана една од најпопуларните играчки во Унгарија. Набргу интерес покажа и њујоршката фабрика за играчки Идеал Тојс, а потоа и Тибор Лаци, Унгарец вработен во германска компјутерска компанија, како и Том Кремер, исто така, успешен иноватор.
Импресионирани од коцката, двајцата одлучиле да пронајдат добар промотер за пласирање на играчката на странскиот пазар. Меѓутоа, големите компании на оваа играчка и наоѓаа маани – претешка и прескапа за производство, тешка за демонстрација на телевизија, ментално прекомпликувана, предизвик за интелектуалците, а не за младите и просечни купувачи.
Лаци и Кремер сепак успеале да го наговорат претседателот на Идеал Тојс да дојде во Будимпешта и да ја види играчката. Веднаш е потпишана нарачка од еден милион примероци.
Следната 1980 година, самиот Рубик го претставил својот изум на неколку саеми за играчки во Лондон, Њујорк и Нирнберг. Играчката го добива името Рубикова коцка и се повеќе обожаватели ширум светот.
Во рок од две години продадени се околу 100 милиони примероци, а неодамнешното истражување на пазарот во САД покажало дека преку 85 проценти од потрошувачите знаат што е Рубикова коцка.
Меѓународни натпревари во склопување на Рубиковата коцка се одржуваат секоја година во разни категории. Така, постои категорија на најбрзо склопување на коцката, со превез преку очите, со една рака, со нозе... Светскиот рекорд во брзо склопување на коцката од 9,86 секунди во мај годинава го постави во Шпанија Французинот Тибаут Жакино, а следното светско првенство ќе се одржи во Будимпешта од петти до седми октомври годинава.
Меѓутоа, со популарната коцка се прошири и зависноста од неа. Волонтерската организација „Анонимни зависници од Рубиковата коцка“, што им помага на зависниците од оваа играчка, основана е веќе во 1980 година. Една Германка од Дизелдорф во 1981 година започнала бракоразводна постапка, наведувајќи ја Рубиковата коцка како главен виновник за распаѓањето на бракот.