Роман на годината

Член од
3 декември 2018
Мислења
23
Поени од реакции
23
Утре наутро - првиот пресек за наградата Роман на годината. Очекувам списокот да се преполови. А прогноза:

01. „Безсловен“, Кирил Ангелов, „Сакам книги“
02. „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“
03. „Јод“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или-или“
05. „Коски, пепел, чад“, Мери Арсова, „Антолог“
07. „Риба во(н) мрежа“, Јована Матевска Атанасова, „Арс Либрис“
11. „Тони“, Румена Бужаровска, „Три“
14. „Искра“, Петре Димовски, „Дијалог“
16. „Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“
17. „Кобајаши Мару“, Анде Јанков, „Антолог“
18. „Недостиг“, Симеон Јанков, „Или-или“
19. „Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“
20. „Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“
21. „Страшни приказни“, Сузана Камберова, „Арс Либрис“
23. „Простување“, Кица Колбе, „Или –или“
24. „Тајни“, Јордан Коцевски, „Антолог“
25. „Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“
29. „Неочекувано“, Ана Мовска, „Арс Либрис“
32. „И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“
37. „И јас сум Сирма“, Зоран Спасов Ѕоф, „Арс Либрис“
43. „Приказни од ѕунливото море“, Билјана С. Црвенковска , „Чудна шума“

Јас мислам дека овие 20 ќе продолжат во втор круг, па да видиме утре колку сум погодил. :P
Чул те Господ, момак.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.198
Поени од реакции
10.223
Направен првиот пресек.
Прва селекција за наградата „Роман на годината“ за 2024 година:

  1. „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“
  2. „Јод“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или-или“
  3. „Играта на господин Филип“, Санта Аргирова, „Култура“
  4. „Коски, пепел, чад“, Мери Арсова, „Антолог“
  5. „Риба во(н) мрежа“, Јована Матевска-Атанасова, „Арс Либрис“
  6. „Ковчежето со драгите предмети“, Матеј Богдановски, самостојно издание
  7. „Тони“, Румена Бужаровска, „Три“
  8. „Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или – или“
  9. „Недостиг“, Симеон Јанков, „Или-или“
  10. „Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“
  11. „Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или – или“
  12. „Страшни приказни“, Сузана Камберова, „Арс Либрис“
  13. „Простување“, Кица Колбе, „Или – или“
  14. „Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“
  15. „Јас пратеник“, Владимир Мандичевски Манде, „Баги Комуникации“
  16. „Неочекувано“, Ана Мовска, „Арс Либрис“
  17. „И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“
  18. „Не ù верувај на баба ти“, Натали Спасова, Н. Славковска
  19. „И јас сум Сирма“, Зоран Спасов Ѕоф, „Арс Либрис“
  20. „Приказни од ѕунливото море“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
23
Поени од реакции
23
Направен првиот пресек.
Дебакл. Не може книга за деца да влезе пред мојата, и тоа да биде оправдано. Што мислите, зошто нема јавно објавено критериуми за оваа награда? За да можат вакви глупости да прават. 7 од 7 од Или-Или, 90 проценти од книгите на Арс Ламина, единствената книга од Три многу нормално дека Румена ќе влезе, и уште по некое самостојно издание. На Антолог обично му даваат по неколку места, само годинава ја утнале книгата. Преклани ми ја пуштија Само Бог простува што е два пати послаба книга од Кобајаши Мару, а оваа година мојот не помина на сметка на Огнена Никулски. Секоја чест, што фазла муабет да речам. Догодина романот Мементо Мори ќе биде гордо неприсутен на овој конкурс.
 
Ти го немам читано романот другар, али со тоа што нема да се пријавиш си правиш сам себе штета.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.233
Поени од реакции
37.896
Ти го немам читано романот другар, али со тоа што нема да се пријавиш си правиш сам себе штета.
Не се согласувам. На кој начин би си направил штета ако не учествува? Напротив, дури сметам дека ако учествува и упорно го исфрлаат во прв или втор круг - тоа му прави штета.
Утре наутро - првиот пресек за наградата Роман на годината. Очекувам списокот да се преполови. А прогноза:

01. „Безсловен“, Кирил Ангелов, „Сакам книги“
02. „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“
03. „Јод“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или-или“
05. „Коски, пепел, чад“, Мери Арсова, „Антолог“
07. „Риба во(н) мрежа“, Јована Матевска Атанасова, „Арс Либрис“
11. „Тони“, Румена Бужаровска, „Три“
14. „Искра“, Петре Димовски, „Дијалог“
16. „Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“
17. „Кобајаши Мару“, Анде Јанков, „Антолог“
18. „Недостиг“, Симеон Јанков, „Или-или“
19. „Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“
20. „Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“
21. „Страшни приказни“, Сузана Камберова, „Арс Либрис“
23. „Простување“, Кица Колбе, „Или –или“
24. „Тајни“, Јордан Коцевски, „Антолог“
25. „Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“
29. „Неочекувано“, Ана Мовска, „Арс Либрис“
32. „И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“
37. „И јас сум Сирма“, Зоран Спасов Ѕоф, „Арс Либрис“
43. „Приказни од ѕунливото море“, Билјана С. Црвенковска , „Чудна шума“

Јас мислам дека овие 20 ќе продолжат во втор круг, па да видиме утре колку сум погодил. :P
Еве погоре што сум утнал. 4 утки од 20, 16 погодени. Наместо овие 4, изненадувања за мене се:

-„Играта на господин Филип“, Санта Аргирова, „Култура“
-„Ковчежето со драгите предмети“, Матеј Богдановски, самостојно издание (ова не толкаво изненадување, требаше да претпоставам)
-„Јас пратеник“, Владимир Мандичевски Манде, „Баги Комуникации“
-„Не ù верувај на баба ти“, Натали Спасова, Н. Славковска

Особено големо изненадување според мене е романот на овој Манде.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.198
Поени од реакции
10.223
Не се согласувам. На кој начин би си направил штета ако не учествува? Напротив, дури сметам дека ако учествува и упорно го исфрлаат во прв или втор круг - тоа му прави штета.
Ако романот е квалитетен ќе си добие публика без разлика дали испаднал во прв или втор круг на наградиве или освоил некоја награда за нив. Игор Станојоски никогаш ја нема освоено наградава, а си стекна своја публика.

Плус Окно или некој друг портал вадеше извадоци од сите романи во трката. Со тоа романот добива бесплатна реклама и ќе добие поголема видливост кај луѓе што не одат по промоции. Ја така мислам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.233
Поени од реакции
37.896
Ако романот е квалитетен ќе си добие публика без разлика дали испаднал во прв или втор круг на наградиве или освоил некоја награда за нив. Игор Станојоски никогаш ја нема освоено наградава, а си стекна своја публика.

Плус Окно или некој друг портал вадеше извадоци од сите романи во трката. Со тоа романот добива бесплатна реклама и ќе добие поголема видливост кај луѓе што не одат по промоции. Ја така мислам.
Да, ама ако го исфрлаат во прв круг, колкумина од тие потенцијални купувачи ќе си речат - ах, сигурно не е добар штом испаднал во прв круг? И нема да го купат.

Не знам што да кажам, реално, со секоја една книжевна награда во светот истото се случува - кога за Нобел или Букер има коментари, превирања, бурни реакции за некои (чудни) избори... па што останува за еден малечок македонски избор. Да не спомнувам во Србија што се случува со НИН-овата награда. Живко Грозданоски морам во овој момент многу да го пофалам, зашто годината кога он беше член на комисијата за Роман на годината, објавуваше на својот блог рецензии за сите романи кои испаднале (така јас то открив впрочем „Идол на ѕидот“ - феноменален роман кој инаку ќе беше фрлен во заборав, а исто испадна во прв круг). Потранспарентно од тоа - амин! Да направат од комисијата нешто такво, или не мора да се рецензии, барем кратки коментари зошто некој роман не ја поминал селекцијата, барем ќе се намалат таквите коментари. Вака, зад затворени врати, секогаш останува простор за шушуру-бушуру муабети отпосле, од кои барем некои мора да се точни.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
23
Поени од реакции
23
Да си жив и здрав ама така е... И пази сега, јас секако си имам публика, поентата е дали книжевната фела го препознава тоа што се обидувам да го направам или не. Не е ова прва неправда на која налетувам, напротив знам точно зошто го прават ова, бидејќи јас одбивам да настапувам штабомански како нив. Нема жива сила што може да ме убеди дека роман како Риба вон мрежа е подобар од мојот, особено бидејќи сум го прочитал сам, не тропам без врска. Се фаќам за тој само затоа што е потребно еден да испадне за да влезе некој друг. Провери ги сите романи од овие што поминаа и спореди ги со мојот на Goodreads или на Cobiss.mk и ќе видиш голема разлика помеѓу тоа што публиката го кажува и книжевната критика. Добро е ова ми е за памет, ако се така поставени работите, единствен начин за да победиш на наместени работи, е воопшто да не учествуваш. Сум се мислел и досега, сега веќе сум апсолутно сигурен дека нема што да барам на вакви конкурси.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom