Варуфакис: Грција е жива, а Бугарија е мртва, ние сакаме да живееме, вие да заработите
http://vecer.mk/balkan/varufakis-grcija-e-zhiva-a-bugarija-e-mrtva-nie-sakame-da-zhiveeme-vie-sakate-da-zarabotite
Ги мрзам грчкиве педери,ама овој пат има вистина во тоа што збори[DOUBLEPOST=1436473906][/DOUBLEPOST]УДАР ПОД ПОЈАС
Варуфакис: Грција е жива, а Бугарија е мртва, ние сакаме да живееме, вие да заработите
9 јули 2015 - 14:00
Во интервју за Бугарското национално радио грчкиот ексминистер за финансии Јанис Варуфакис вели дека ако луѓето на светско ниво станат посолидарни и подготвени заемно да си помагаат, улогата на парите значајно ќе се намали. Тој лично смета дека парите немаат место во иднината на човечката цивилизација
Министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, кој себеси се смета за либертаријански марксист, си поднесе оставка веднаш по успешниот референдум во неговата земја на кој граѓаните ја поддржаа политиката на владата да се спротистави на ригорозните мерки за штедење наметнати од тројката кредитори – ММФ, ЕЦБ и ЕК, во замена за финансиска помош на презадолжената земја.
И покрај тоа што повеќе не е на чело на преговарачкиот тим на Грција со кредиторите, неговите ставови за иднината на еврозоната и на светската економија остануваат интересни за регионалната и светската јавност. Оттука, Бугарско национално радио на еден ден пред решавачкиот референдум разговараше со Варуфакис.
Прашањето дали министерот ќе гласа на референдумот, Варуфакис го оценува за чудно оти е јасно дека ќе гласа и тоа со "не".
-Всушност, не би требало да ме зачудува вашето прашање, зашто вие во Бугарија сте навикнати само да гледате и исполнувате, но, не и да учествувате и да ги водите политичките процеси, коментира Варуфакис на прашањето од новинарот.
На прашањето дали верува дека грчкиот референдум има и друго значење освен симболично и дека е "глупаво да се гласа за да се добијат повеќе пари кога нема кој да ти ги даде", Варуфакис вели:
-Ви ги слушам прашањата и уште еднаш сфаќам дека навистина би било страшно ако дозволиме да не претворат во Бугари. Главите ви се полни со неолиберални мантри, мислењето ви е парализирано, а хоризонтите ви се како на коњ со покриени очи кој гледа само кон точката кадешто го водат, вели Варуфакис.
-Се разбира дека референдумот има симболично значење, но не во таа понижувачка смисла што вие се обидовте да му ја дадете. Самото решение да се спроведе референдум е симбол на правото на еден народ да ја изрази својата слободна волја на секоја тема што ја смета за животно важна. Спроведувањето на референдумот ќе биде симбол на будење на народите во Европа и низ светот, зашто денеска целиот свет ги впери погледите во нас, додава тој.
На квалификацијата од новинарот дека референдумот ќе покаже "како економски да се самоубиеш, сега поранешниот министер за финансии вели:
-Референдумот е повратна точка. Прв пат некој ќе се осмели ова да и го каже на „тројката", а по нас, уверен сум, ќе има и други. Немам време да ви давам лекции, а вие, заклучувајќи според вашите прашања, немате капацитет да ме разберете. Ќе ви го кажам само следново:
Парите не го измислиле човекот, туку човекот ги измислил парите.
Многу луѓе го заборавиле овој факт и го прифатиле ставот дека парите го движат светот и имаат одлучувачко значење за се, потиснувајќи ја улогата на човекот. Ова мислење широко се пропагира од мултинационалните корпорации и светските банкари. Всушност, ние ќе ги вратиме нештата на нивните места, така што ќе покажеме дека политиката што ја создаваат активните граѓани игра водечка улога во економските процеси. А во односите меѓу политиката и економијата, парите имаат улога само на посредник, што лесно може да биде тргнат, ако доволен број луѓе изразат таква желба. Знам дека не ме разбирате, но ако луѓето на светско ниво станат посолидарни и подготвени заемно да си помагаат, улогата на парите значајно ќе се намали. Лично сметам дека парите немаат место во иднината на човечката цивилизација, вели Варуфакис.
На неверувањето на новинарот дека е можно општество без пари, Варуфакис вели:
-Се разбира дека е можно. Каде се парите во денешното општество – сконцентрирани се кај малкумина, а оттаму доаѓа огромната нееднаквост. Со што денешните европски политичари ги заслужиле своите огромни плати, можете ли да ми одговорите? Огромен дел од нив се поврзани со најразлични корпорации и приватни банки. На овие луѓе им одговара парите да ја имаат водечката улога во односите меѓу луѓето, а не солидарноста, зашто парите се нивна сопственост и се под нивна контрола, но ако ги исфрлиме парите од равенката, тие ќе останат да висат во воздух.
Дали Ве боли тоа што веќе може да се каже дека Бугарија е во подобра позиција од Грција?
Тоа може да го тврдите вие, вашите политичари, вашите медиуми, вашите експерти платени од надвор, но не и ние.
Јас лично можам да кажам дека Грција е жива, а Бугарија е мртва. Тоа е мое тврдење, ние живееме и се бориме, а вие умирате и не сте способни да се подигнете. Вашите плоштади се пусти како и вашата земја, а нашите се полни со луѓе кои сакаат да се борат."