Ќе стави
Вие немате муда ни на Македонија да и ставите вето,на Грција вето ќе и ставиле,а не па на некаков совет на вашиот ЕУ господар.
1.Оди на автобуската станица во Скопје да видиш колку линии и со каква фрекфенција и покриеност од цела Македонија одат кон Србија.
2.Исто и железничка поврзаност.
2.Кога вадиш карта за Србија,не ти бараат ниту пасош ниту лична карта,за Бугарија ти бараат.
3.Македонија е и автопатски и железнички поврзана со Србија,со Бугарија не е.
4.Отиди во една просечна македонска продавница,маркет,погледни ги производите,имаш српски артикли почнувајќи од млеко и минерална вода па се до брашно,колачи и чоколади,никогаш не сум видел ништо од Бугарија.
5.Во Србија имаш улици и објекти кои носат имиња како Македонска,Гоце Делчев...во Македонија имаш хотел Белград,булевар Србија,Бранислав Нушиќ...десетици примери.
6.Погледни ја застапеноста на српската култура,ТВ шоуа,музика,филмови во Македонија.
100 спрема 1 е споредено со тоа што доаѓа од Бугарија и тоа и овие 1 од Бугарија се неколку серии кои ги даваат во последните неколку години.
7.Отиди на железничката станица во Скопје,Куманово да видиш гужвите на луѓе кои одат за српското фудбалско дерби Партизан-Црвена Звезда.
Фан клубови на овие српски клубови имаш дури и во градови како што е Тетово.
Исто е и во клубска кошарка.
Да збориме сега за македонската приврзаност кон бугарските клубови?
8.Просечниот македонец за Бугарија знае само: Црно Море,Банско,Боровец,Софија,ни крадат историја.За Србија мислам нема потреба да ти набројувам,мислам дека некои знаат и кој е министер на животната средина во српската влада.
9.Во Македонија имаш српски весници од секаков спектар и српски ТВ канали,бугарски нема.
10.Србите се признати за официјално малцинство во Македонија и влезени во уставот,имаат свој државен празник.
11.Има многу родбински и пријателски врски помеѓу македонци и срби,нешто што не е случај со македонците и бугарите.Никој нема роднини во Бугарија.
12.Српски естрадни уметници гостуваат во Македонија и полнат плоштади,сали,стадиони,клубови...ниту еден пеач од Бугарија не стапнува во Македонија.
13.Во Македонија има просрпски политички кругови,домашно етаблирани пред се.
Бугарските се сведуваат на оној бугарски културен клуб и сега оние новите клубчиња за пријателство финансирани од Бугарија.
Да набројувам понатаму Фимчо?
Македонија и 25 години после Југославија не подпадна ама баш под никаква бугарска орбита на влијание.Што значи дека ако до сега не подпаднала,нема ни да подпадне.
Ваш никој не ве рачуна за живи.
Единствено што имате сега е оваа политика со пасошите,на која ќе видиш што ќе и се случи ако Македонија или пак Србија влезе во ЕУ и ја примени истата политика кон македонците.А политиката со студентите веќе ви пропадна.