Роди ме мајко во Швајцарија.
Многу е јасно дека е подобро да се родиш во земја каде што комшии ти се една Германија, една Франција, една Италија, една Австрија или горе на север комшии да ти бидат една Данска, една Шведска, една Норвешка, земји со развиена висока култура. Веднаш ти станува јасно дека и не е исто кога комшии ќе ти бидат една Албанија, едно криминално дувло Косово, една Бугарија.
Од лично искуство сметам дека најубаво е да се росиш во Шведска, земја со прилично добар стандард, образование, функционирање на правниот систем (барем за сега).
Данска на време ја увиде грешката што дозволи на нејзино тло да се ‘‘намножат цицачи‘‘, па веќе почна да спроведува мерки за да се намали бројот на нецивилизираните.
Роди ме мајко во Македонија, толку ми е криво што 2 милиони народ (една рака луѓе) не се во состојба да бидат ‘‘друга Швајцарија на Балканот‘‘, имаме се што имаат тие, единствено немаме правна рамка, правен систем кој ќе важи за сите подеднакво, систем во кој нема да биде важно дали си ВМРО или СДСМ, дали си Македонец или Албанец, систем во кој нема да биде важно дали имаш партиска книшка или не, систем кој ќе ги вреднува луѓето според тоа дали си способен или не. Кога ќе го имаме тој систем тогаш ќе кажам дека најубаво е да се родиш во Македонија.