Риба лист со јаболка
потребни состојки:
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] - 800 гр. Риба лист
- 1 јаболко
- 1 портокал
- 1 морков
- 1 главица кромид
- маргарин
- бело вино
- шеќер
- маслиново масло
- сол и црн пипер
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]подготовка:
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Го земаме морковот и го сечеме на половина по должина , потоа секое парче на половина. На шпоретот ставаме две тави . Во нив додаваме маслиново масло да се загрее. [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Морковот го сечеме на ситни парчиња. Го земаме кромидот и ситно го сечкаме. Исечканиот морков и кромид ги ставаме во посебен сад настрана. Го земаме јаболкото и го сечеме на тенко кришки. Исечениот морков и кромид го истураме во помалата тава да се пржи. Кришките јаболка ги оставаме во еден сад.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Ги земаме парчињата риба и ги редиме на даската за работа. Ги посолуваме рибите од двете страни и ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Да потсетиме никогаш не печете влажна риба.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Со дрвена лажица го промешуваме морковот и кромидот во тавата и додаваме сол. [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Земаме еден портокал и го сечеме на половина. Го цедиме сокот од портокалот и го оставаме настрана. [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Во меѓувреме го промешуваме кромидот и морковот во тавата на оган и ги додаваме кришките јаболко. [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Рибите кои се пржат ги превртуваме за да бидат рамномерно испржени од двете страни. Го земаме белото вино и го додаваме во тавата каде се пржат рибите. [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Со дрвената лажица ја промешуваме смесата што се пржи во другата тава. Додаваме малку шеќер и промешуваме.
Сокот од исцедениот портокал го истураме во двете тави што се на огнот.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Со лажица решетка ги вадиме парчињата риби од тавата и ги ставаме во чинија за сервирање.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Тавата каде што се пржат морковот, кромидот и јаболките уште еднаш ја промешуваме со дрвена лажица и добро ја протресуваме. Со лажица решетка ја вадиме испржената содржина од тавата и ги прекриваме парчињата пржена риба. [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Го сечкаме магдоносот на ситни парченца и ја украсуваме целата чинија.[/FONT]