Риба

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ослиќ на медитерански начин

Потребни состојки:

- 750 гр. филети од ослиќ
- 500 гр. компири
- 150 гр. маслинки
- 50 гр. путер
- 2 дл. млеко
- 1 лажица густин
- 1 главица кромид
- 125 мл. бело вино
- 150 гр. чадена шунка
- 150 гр. сирење
- 1 црвена пиперка
- 1 лажица црвен пипер
- магдонос
- 1 лимон
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Кромидот ситно го сечкаме. Лимонот го сечеме на половина и го цедиме во цедалка.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ослиќ со компири и домати

Потребни состојки:

- 500 гр. ослич
- 500 гр. домати
- 1 главица кромид
- 2 компира
- магдонос
- брашно
- 1 лажица вочестер сос
- 4 чешниња лук
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40- тина минути.
На даската за сечење ситно го сечкаме кромидот. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. Чешнињата лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го оставаме во сад настрана. И магдоносот ситно го сечкаме и го оставаме во сад настрана. Претходно сварените компири ги сечкаме на поголеми коцки. Парчињата компири ги ставаме во поголем длабок сад. Водата во тенџере на оган ја посолуваме. Потоа во тенџерето ги ставаме доматите да се обарат. Со лажица решетка ги вадиме доматите од тенџерето и ги ставаме во цедалка.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме кромидот да се пржи. Доматите ги лупиме и им ги отстрануваме рачките. Излупените домати ги сечкаме на коцки. Исечканите домати ги собираме во сад. Потоа доматите ги додаваме во тавата на оган. Промешуваме. Посолуваме. Го додаваме сечканиот лук.
Филетите ослич ги редиме на даската за сечење. Филетите ги посолуваме од двете страни. На оган ставаме уште една тава за пржење. Првата тава ја протресуваме и ја покриваме со капак. Оставаме да врие 10- тина минути. Во втората тава ставаме масло да се загрее. Во првата тава го додаваме вочестер сосот и ситно сечканиот магдонос.
Филетите ги валкаме во брашно. Потоа ги ставаме да се пржат на загреаното масло во тавата. Откако ќе се испржат од едната страна филетите ги превртуваме. Исечканите варени компири во длабокиот сад ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа во садот додаваме масло за јадење. Промешуваме. Додаваме и ситно сечкан магдонос.
На чинијата за сервирање го ставаме компирот. Потоа на чинијата ги ставаме испржените филети. Врз филетите и компирот преливаме со сосот од првата тава. Лимонот го сечеме на кришки. Со кришките лимон го декорираме осличот со компири и домати. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња француски магдонос помеѓу кришките лимон, како и со ситно сечкан магдонос.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ослиќ со павлака во кари сос


Потребни состојки:

- 4 парчиња ослич исечени на филети
- 250 мл. павлака
- 1 лимон
- 50 гр. путер
- 1 лажица бел бибер
- 1 лажица кари
- 3 млади кромитчиња
- 4 чешниња лук
- половина лажица копар
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 - тина минути.
На даската за сечење филетите ги сечеме на половина, притоа отстранувајќи им ги опашките. Лимонот го сечеме на половина и го цедиме во цедалка. Со лимоновиот сок ги полеваме филетите. Посолуваме. Ги наросете со мелен црн пипер филетите.
Во тава за пржење на оган ставаме поголема количина масло за јадење да се загрее. Парчињата филети ги валкаме во брашно и потоа ги ставаме на загреаното масло да се пржат. Во меѓувреме чешнињата лук ситно ги сечкаме.
Започнуваме со подготовка на сосот. Во тава за пржење на оган ставаме 50 гр. путер да се растопи. За време на пржењето парчињата риба ги превртуваме На растопениот путер ги ставаме парчињата лук да се пржат. Мешаме за време на пржењето. Потоа во тавата со лукот ја додаваме ја павлаката. Мешаме. Додаваме 1 лажица кари и 1 лажица бел бибер. Додаваме половина лажица копар. Зачинуваме со мелен црн пипер. Посолуваме . Промешуваме. Продолжуваме сосот да го мешаме со жица за матење.
Испржените парчиња риба ги ставаме на чинија врз лист хартија, за да ја впие непотребната мрснотија.
На двата краја на чинијата за сервирање ставаме листови зелена салата. Филетите скалесто ги редиме на чинијата за сервирање. Со црпалка филетите ги преливаме со подготвениот кари сос. Младиот кромид го сечкаме на коси парчиња. Парчињата кромид ги ставаме врз кари сосот. Еден лимон го сечеме на кришки. Кришките лимон ги ставаме на двата краја на чинијата. Портокалот го сечкаме на кругови. Со два круга портокал завиткани во форма на цвет ја украсуваме чинијата. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња француски магдонос.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Пастрмка на македонски начин

Потребни состојки:

- 1 пастрмка од еден килограм
- 300 гр. Кајмак
- пченкарно брашно
- 1 главица лук
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење со остар нож рибата ја сечеме на 3 еднакви парчиња. Секое од парчињата го посолуваме и од надворешната и од внатрешната страна. Посолените парчиња риба ги валкаме во пченкарно брашно и ги редиме на чинија.

На оган ставаме една тава за пржење и во неа ставаме кајмак. Кога кајмакот ќе се растопи во тавата ги ставаме парчињата риба. Откако ќе се испржат од едната страна, парчињата риба ги превртуваме. Потоа тавата ја поклопуваме со капак и ја оставаме на оган. Испржените парчиња риба ги вадиме на чинија. Потоа ги редиме на чинија за сервирање риба.

Преостанатиот кајмак, го промешуваме во тавата , а потоа го ставаме врз парчињата испржена риба.

На даската за сечење ситно го сечеме лукот и го редиме врз кајмакот. Потоа ситно го сечкаме и магдоносот и него го ставаме врз лукот. На даската за сечење, сечеме тенки кришки домат, а потоа кришките ги сечеме на тенки коцкички. Коцкичките од доматот ги ставаме врз пастрмката.

Пастрмката се служи, со варени компири исечени на парчиња, варена пченка, грашок и морков. Чинијата ја украсуваме со кришки лимон и кришки од домати наизменичнжо.

На даската за сечење, сечеме тенки кругови од краставица, од нив формираме цветови со кои ја завршуваме декорацијата на пастрмката на македонски начин.
 
Член од
2 март 2005
Мислења
499
Поени од реакции
1
GO OBOAVAS MIRISOT NA RIBCE A ?
DAJ TE MI RECEPTA OD BRZI KONZALEC Plz
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.379
Nikki напиша:
GO OBOAVAS MIRISOT NA RIBCE A ?
DAJ TE MI RECEPTA OD BRZI KONZALEC Plz
Ники, побарај го рецептот на темата СЛАТКИ ЈАДЕЊА.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Браво The`bItCh, ќе те биде за домаќинка, иако по никот не би рекол.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
ne mi vregaj svrshenicata breeej :D
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
цуц leave it :wink:


Филе. од ослич во сос од домати

Состојки

- 800 гр филети од ослич
- 200 мл доматен сос
- 2-3 главици кромид
- 5 чешниња лук
- француски магдонос
- гранчиња рузмарин
- половина лажица шеќер
- 2-3 лажици оцет
- 300 мл црвено вино
- ринглици
- 100 гр палента
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка

Во тенџере на оган ставаме масло за јадење да се загрее. Кромидот ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го ставаме во тенџерето на оган да се пржи. Мешаме за време на пржењето на кромидот. Чешнињата лук ги гмечиме со алатка. Изгмечениот лук го додаваме во тенџерето со кромидот на оган. Промешуваме. Францускиот магдонос ситно го сечкаме. Во тенџерето го додаваме оцетот. Во тенџерето го додаваме исечканиот француски магдонос. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме. Во тенџерето го додаваме доматниот сос. Промешуваме. Ја сечкаме ринглицата. Исечканата ринглица ја додаваме во тенџерето. Во тенџерето додаваме од црвеното вино. Промешуваме. Ги рониме листовите рузмарин. Во тенџерето додаваме половина лажица шеќер. Промешуваме. Филетите ги сечкаме на парчиња. Парчињата филети ги додаваме во тенџерето. Во тенџерето го додаваме преостанатото црвено вино. Во тенџерето додаваме околу 150 мл вода. Промешуваме. Го затвораме тенџерето со капак и оставаме да се вари. Тенџерето го тргаме од оган.
Еден сад кој ќе ни служи како калап го намрснуваме со масло за јадење. Во садот ставаме од претходно сварената палента. Калапот со палента го превртуваме на средината на чинијата за сервирање. Врз купот од палента украсуваме со цвет од лимон. Врз палентата декорираме со гранчиња француски магдонос. Потоа на чинијата околу купот палента ставаме од Филетите од ослич во сос од домати.
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Д Бич, ако готвиш вака како што пишуваш те земам за жена ОДМА :lol: :lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
готвам пер:))))) сега пред малку риба пржев :lol:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Riba mozham da jadam samo koga e kako fileti, ako najdam koska odma pljukam gad mi e od koskite.
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
The`bItCh напиша:
готвам пер:))))) сега пред малку риба пржев :lol:
Абе Ориѓанка :lol: :lol: :lol: рачунај земена си :lol: :lol: :lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Риба лист со јаболка

- 800 гр. Риба лист
- 1 јаболко
- 1 портокал
- 1 морков
- 1 главица кромид
- маргарин
- бело вино
- шеќер
- маслиново масло
- сол и црн пипер

Го земаме морковот и го сечеме на половина по должина , потоа секое парче на половина. На шпоретот ставаме две тави . Во нив додаваме маслиново масло да се загрее.

Морковот го сечеме на ситни парчиња. Го земаме кромидот и ситно го сечкаме. Исечканиот морков и кромид ги ставаме во посебен сад настрана. Го земаме јаболкото и го сечеме на тенко кришки. Исечениот морков и кромид го истураме во помалата тава да се пржи. Кришките јаболка ги оставаме во еден сад.

Ги земаме парчињата риба и ги редиме на даската за работа. Ги посолуваме рибите од двете страни и ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Да потсетиме никогаш не печете влажна риба.

Со дрвена лажица го промешуваме морковот и кромидот во тавата и додаваме сол.

Земаме еден портокал и го сечеме на половина. Го цедиме сокот од портокалот и го оставаме настрана.

Во меѓувреме го промешуваме кромидот и морковот во тавата на оган и ги додаваме кришките јаболко.

Рибите кои се пржат ги превртуваме за да бидат рамномерно испржени од двете страни. Го земаме белото вино и го додаваме во тавата каде се пржат рибите.

Со дрвената лажица ја промешуваме смесата што се пржи во другата тава. Додаваме малку шеќер и промешуваме.
Сокот од исцедениот портокал го истураме во двете тави што се на огнот.

Со лажица решетка ги вадиме парчињата риби од тавата и ги ставаме во чинија за сервирање.

Тавата каде што се пржат морковот, кромидот и јаболките уште еднаш ја промешуваме со дрвена лажица и добро ја протресуваме. Со лажица решетка ја вадиме испржената содржина од тавата и ги прекриваме парчињата пржена риба.
 
Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
Od riba obozhavam samo Salmon (losos) i Halibut. Mislam deka ne postoi poubavo jadenje od ova. Definitivno!


Halibut



Salmon
 

Kajgana Shop

На врв Bottom