Најновит изум има вкус на тутун, но не штети на здравјето и околината. Затоа сега зависниците ќе може да уживаат во испуштањето на димот без опасност од некакво заболување.
Дигиталната цигара Crown7 изгледа исто како и обичната цигара. Меѓутоа, во себе содржи батерија на полнење во која се наоѓа вода, никотин, облиен со гликол и вкус на вистински тутун. Со оваа цигара зависниците може да ја добијат потребната доза на никотин без штетните хемикалии, токсини и отрови кои предизвикуваат рак во организмот.
Crown7 може да се купи во облик на обична цигара, пура или луле. Цената и е околу 40-тина евра. Меѓутоа, засега ова дигитално чудо единствено е достапно на кинескиот и американскиот пазар.
Со оваа цигара пушачите конечно ќе може да уживаат во потребната доза никотин кој нема да ја загадува околината бидејќи испушта само безопасна пареа, облеката веќе нема да има непријатен мирис и луѓето нема да може да се лутат бидејќи Crown7 не штети на никому.