Рецепти за слатки јадења - десерти, торти, колачи, баклави..

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свински коленици на дом. начин

Потребни состојки:

- 2 свински коленици
- 200 гр. чадена сланина
- 200 гр. кајмак
- 200 мл. павлака
- 2 главици кромид
- мајчина душичка
- 200 гр. моркови
- 100 гр. доматно пире
- 200 мл. бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Ги ставаме колениците на даската за сечење и им ги отстрануваме мрсните делови. Ги посолуваме колениците од сите страни и ги наросуваме со мелен црн пипер. Во колениците втриваме изронета мајчина душичка.
Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. Кромидот ситно го сечкаме. На загреаното масло ги ставаме колениците да се пржат. Исечканиот кромид го оставаме во сад настрана. Ги превртуваме колениците во тенџерето. Морковите ги сечкаме на коцкички и ги оставаме во сад настрана. И сланината ја сечкаме на коцкички и ја оставаме во сад настрана. Откако колениците ќе поруменат од сите страни во тенџерето го додаваме исечканиот кромид и промешуваме. Ги додаваме и исечканите моркови и повторно промешуваме. Го покриваме тенџерето со капак и оставаме да се динста.
Откако кромидот и морковите ќе омекнат во тенџерето ја додаваме исечканата сланина. Промешуваме. Повторно го покриваме тенџерето со капак и оставаме да се динста.
Доматното пире го ставаме во поголем сад и мешајќи со жица за матење го разредуваме со белото вино. Откако сланината е испржена размешаното доматно пире го додаваме во тенџерето. Во тенџерето го додаваме и преостанатото бело вино и промешуваме. Налеваме околу 700 мл. вода, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го покриваме тенџерето со капак и оставаме да се вари на тивок оган час и пол до два. Го тргаме капакот од тенџерето и колениците ги ставаме во тава. Ја покриваме тавата со капак. Преостанатата содржина од тенџерето ја цедиме низ цедалка во поголем длабок сад. Зеленчукот и сланината ги пасираме во тенџерето во кое се вареа. Го враќаме тенџерето на оган и со црпалка додаваме од течноста во која се вареа колениците. Павлаката ја матиме со жица за матење. Непрекинато мешајќи со црпалката во тенџерето ја додаваме разматената павлака. Претходно сварениот ориз го формираме на чинијата за сервирање. Врз секоја форма од ориз ставаме по една свинска коленица. Колениците ги преливаме со сосот од тенџерето. Врз секоја коленица, како и на чинијата за сервирање ставаме топчиња кајмак. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња француски магдонос.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свински медаљони со шунка

Состојки:

- 600 гр. Свински филети
- 50 гр. Путер
- 8 кругови шункааа
- 2 лажици брашно
- 150 мл. Бело вино
- 8 кругови лимон
- масло за јадње
- сол и црн пипер

ПОтребно време 30 минути

Подготовка:

На даската за сечење месото го сечеме на 4 парчиња. Потоа секој од медаљоните го толчижме со дрвен чук. Ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Земаме по два круга од шунката ги згужвуваме и ги ставаме на секое парче месо. Потоа врз згужваната шунка ставаме круг од лимонот и прицврстуваме со чачкалица.

На оган ставаме една тава и во неа ставаме путер да се растопи. Во тавата додаваме и масло за јадење.Додека маслото се загрева ги земаме медаљоните еден по еден и ги валкаме во брашно од сите страни. Кога маслото е загреано, а путерот растопен ги ставаме медаљоните да се пржат. Кога медаљоните ќе се запржат во тавата го додаваме белото вино. Ја покриваме тавата со капак и ги оставаме медаљоните да се пржат. Кога медаљоните се убаво испржени од сите страни ги вадиме на чинија за сервирање.

На даската за сечење магдоносот ситно го сечкаме и го ставаме во таватаа во која се пржеа медаљоните. Тавата ја протресуваме. Од медаљоните ги отстрануваме чепкалките. На даската за сечење на резенки го сечеме претходно свареното цвекло. Резенките цвекло ги ставаме помеѓу медаљоните. Со сосот во кој се пржеа ги полеваме медаљоните. На средината на чинијата вертикално ги ставаме стапчињата од моркови во вид на цвет. Во цветот од моркови ставаме парче разлистана зелена пиперка. Декорацијата ја дополнуваме со тенки стапчжиња од краставици. Декорацијата ја завршуваме со наросување на многу ситни парчиња од цвеклото, морковот, краставицата и пиперката. Со тоа свинските медаљони со шунка се подготвени.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свински ребра на канадски начин

ПОтребни состојки:

- 1,5 кг свински ребра
- 125 мл мед
- 1 главица кромид
- 1 компир
- 1 кафена лажица мајчина душичка
- 1 ловоров лист
- 3 лажици вински оцет
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

На даската за сечење свинските ребра ги сечеме на поголеми парчиња. Свинските ребра ги ставаме во керамичка тава за печење. Главицата кромид ја сечеме на кругови. Круговите кромид ги разлистуваме на прстени. Прстените кромид ги додаваме во тавата. Во тавата ги додаваме мајчината душичка, ловоровиот лист, сол, мелен црн пипер и масло за јадење. Потоа во тавата налеваме 500 мл вода. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 - тина минути на температура од 200 степени.
Оцетот го додаваме во садот со медот. Мешаме со лажица. Тавата ја вадиме од рерна. Ребрата ги вадиме од тавата и ги ставаме на даската за сечење. Ги сечкаме ребрата на парчиња. Парчињата ги редиме на чинија. Со алатка претходно излупениот компир го сечкаме на многу тенки кругови. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Користиме масло за јадење Брилијант. Ската за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Потоа на скарата ги редиме парчињата свински ребра. Секое парче го премачкуваме со преливот од мед и оцет. На загреаното масло во тавата ги ставаме компирите да се пржат. Откако ќе се испежат од едната страна ребрата ги превртуваме на скарата. И од другата страна ги премачкуваме со преливот од мед и оцет. Испечените свински ребра ги вадиме од скарата и ги ставаме на чИнија. Откако компирите ќе поруменат со лажица решетка ги вадиме од тавата и ги ставаме на чИнија, обложена со хартија, за да ја впие непотребната мрснотија.
Чинијата за сервирањр ја украсуваме со листови зелена салата. Од едната страна на чИнијата ги редиме Свинските ребра на канадски начИн. Од другата страна на чинијата ги сервираме испржените компири.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свински ролади

Состојки:

- 600 ГР. СВИНСКА КРТИНА
- 100 гр. шунка
- 1 главица пашканат
- 1/2Ѕ главица целер
- доматно пире
- 2 моркови
- 1 коцка за супа
- млади кромидчиња
- сенф
- малку млеко
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Го земаме месото и го толчиме со дрвен чук. Го сечеме на половина за да добиеме 2 поголеми шницли. Шницлите ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа шницлите со лажица ги премачкуваме со сенф и врз нив ставаме по едно паре шунка. Ги оставаме шницлите да отстојат за да го примат вкусот на сенфот. На даската за сечење морковот и пашканатот ги сечеме на долги стапчиња. Со нив ги филуваме шницлите и на секоја додаваме по 2 млади кромитчиња. Вака подготвени шницлите ги формираме во цврсти ролати. Ги зацврстуваме со конец за да не се растураат за време на пржењето.

На оган ставаме една тава за пржење и во неа ставаме масло за јадење. Кога маслото ќе се загрее ги ставаме ролатите во тавата. Додека ролатите се пржат преостанатиот морков како и целерот и пашканатот ги сечеме на долги стапчиња и ги собираме во еден сад.
Откако ролатите се испржени од сите страни во тавата го додаваме и зеленчукот. Уште еднаш посолуваме и додаваме мелен црн пипер. Потоа со црпалка тавата ја налеваме со претходно подготвената супа од коцка. Во тавата го додаваме и млекото, како и една лажица доматно пире. Додека тавата се крчка на оган ситно го сечкаме магдоносот, па и него го додаваме во тавата. Ја покриваме тавата со капак и ја оставаме да се динста.
Откако зеленчукот ќе омекне, а течноста речиси ќе испари ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Потоа свинските ролати ги вадиме на чинија, а зеленчукот го пасираме низ цедалка. Конецот со кој беа зацврстено ролатите го отстрануваме, а ролатите ги ставаме на чинија за сервирање. Преостанатиот магдонос ситно го сечкаме и го додаваме во сосот од зеленчукот. Со овој сос ги преливаме ролатите и ја украсувааме чинијата за сервирање. Декорираме со неколку парчиња од обарениот зеленчук. Малку варен грашок и пченка и една кисела краставичка засечена во форма на лепеза. Декорацијата ја завршуваме со една ротквица од која формираме цвет, кој го ставаме во средината на чинијата.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свински ролади со мортадела

Потребно е:

- 800 гр. свинска кртина. Користиме домашно свежо свинско месо
- 200 гр. мортадела
- 2 зелени и 2 црвени пиперки
- 1 страк праз
- 1 говедска коцка за супа
- 200 мл. павлака
- 2 лажици густин
- 2 чешниња лук
- зачин ц
- 30 гр. путер
- сол и црн пипер

Состојки:

На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките. Потоа со остар нож ги сечеме на коси кругови. Парчињата пиерки ги собираме во чинија настрана. И празот го сечкаме на коси кругови и го оставаме во чинија настрана. На даската за сечење со остар нож месото го сечеме на шницли. Секоја шницла ја толчиме со дрвен чук.
Во садот со зачин додаваме масло и со помош на четка со оваа смеса ја премачкуваме првата шницла. Врз неа ставаме парче мортадела и виткаме ролат. Ролатот го зацврстуваме со чепкалки и го ставаме на чинија настрана. Истата постапка ја повторуваме со сите 4 шницли. На оган ставаме тава и во неа путерот да се растопи. Во тавата ги ставаме ролатите да се пржат.
Во тенџере со вода на оган ја ставаме говедската коцка за супа да се вари. За време на пржењето ролатите ги превртуваме во тавата за да бидат рамномерно испржени од сите страни. На оган ставаме уште една тава и во неа маслиново масло. Потоа во тавата ги додаваме сечканите пиперки и парчињата праз. По кратко време во тавата ги додаваме и претходно испржените свински ролати и налеваме со супа. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.Оставаме да врие 10- тина минути.
Во тенџере со вода на оган ставаме путер, посолуваме и го додаваме прашокот за пире. Мешаме со жица за матење додека пирето ја добие потребната густина. Ја тргаме жицата, го исклучуваме огнот, а тенџерето го покриваме со капак за да не се излади пирето. Свинските ролати ги вадиме од тавата и ги ставаме во друга тава која ја покриваме со капак.
Во тавата со пиперките и празот ја додаваме павлаката и промешуваме. Потоа во тавата го додаваме и густинот размешан со вода. Повторно промешуваме, па во тавата уште еднаш ги враќаме свинските ролати за да попримат од вкусот на сосот.

На чинијата за сервирање на двата краја ставаме од пирето.
Ролатите ги вадиме на даската за сечење и им ги отстрануваме чепкалките. Потоа на чинијата за сервирање со лажица решетка вадиме од зеленчукот од тавата, а свинските ролати со мортадела со остар нож косо ги сечеме на половина по должина. Парчињата свински ролати ги редиме на чинијата за сервирање и со црпалка ги преливаме со сосот во кој се подготвуваа. Украсуваме со гранче магдонос на средината на чинијата.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
СВИНСКИ РОЛНИ СО ПРАЗ И КРЕМ СИРЕЊЕ

Состојки

- 4 свински шницли
- 2 страка праз
- 4 лажици крем сирење
- 50 гр путер
- 2 кафени лажици сенф
- 6 лажици хопла
- половина кафена лажица кари
- 1 чешне лук
- бел бибер
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка

Во тава на оган налеваме врела вода. Водата ја посолуваме. Празот го сечкаме на долгнавести парчиња, од околу 10 сантиметри. Парчињата праз ги сечеме на половина по должина, а потоа ги разлистуваме. Парчињата праз ги ставаме да се бланшираат 3 минути, во врелата вода. Чешнето лук со алатка го гмечиме и го додаваме во садот со крем сирењето. Мешаме со лажица. Шницлите ги редиме на даската за сечење. Ги посолуваме. Ги толчиме шницлите со дрвен чук. Ги наросуваме со мелен бел бибер. Бланшираниот праз го вадиме од тавата и го ставаме на даската за сечење. Лентите праз ги редиме на кујнска крпа. Шницлите ги премачКуваме со сенф. Потоа врз шницлите нанесуваме од крем сирењето со лук. Ја премачкуваме секоја шницла и ја свиткуваме во ролна. Ролните ги редиме на чИнија.
На даската за сечење редиме ленти праз. Врз лентите праз ја ставаме ролната од свинско месо и ја свиткуваме во празот. Истата постапка ја повторуваме со сите ролни. Ролните ги зацврстуваме со готварски конец. Претходно сварените компири ги лупиме. Со алатка ги гмечиме компирите како за пире и ги ставаме во поголем длабок сад. Посолуваме. Во садот додаваме 2 лажици брашно. Додаваме едно јајце. Мешаме со лажица. Потоа смесата продолжуваме да ја месиме со рака. Во тава за пржење на оган ставаме поголема количИна масло да се загрее. Работната маса ја набрашнуваме. На работната маса го ставаме тестото од компири. Со раце од тестото развлекуваме долгнавеста форма. Од формата со нож сечеме парчиња со должина од околу 5 сантиметри. Формите ги редиме на набрашнета чинија. Потоа формите ги пржиме на заграното масло во тавата на оган. За време на пржењето ги превртуваме за да поруменат од сите страни. Испржените крокети ги вадиме од тавата и ги ставаме на чИнија обложена со хартија, за да ја впие непотребната мрснотија.

Во тава за пржење на оган го ставаме путерот да се растопи. Преостанатиот небланширан праз ситно го сечкаме. Исечканиот праз го пржиме на растопениот путер во тавата на оган. Промешуваме. Откако празот ќе омекне во тавата ги ставаме да се пржат и ролните. Ја додаваме хоплата. Ја покриваме тавата со капак. Оставаме да се динста 25 минути. Ја тргаме тавата од оган. Ги вадиме ролните од тавата и ги ставаме на даската за сечење. Го отстрануваме готварскиот конец. Сосот од праз го ставаме на чинијата за сервирање. Потоа на чИнијата сервираме две цели Свински ролни со праз и крем сирење. Преостанатите две ролни ги сечеме на половина. Потоа и нив ги сервираме на чИнијата. На чинијата ги сервираме и крокетите од компири. Украсуваме со гранчиња магдонос.

 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Свински филети со крем

Потребни состојки:

- 1250 гр. свинска кртина од бут
- 2 корена од рен
- 250 гр. кајмак
- 4 лажици мајонез
- 200 мл. јогурт
- 250 гр. кајмак
- зелена салата
- половина лимон
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготвка..

Месото го посолуваме од двете страни и го наросуваме со мелен црн пипер. На оган ставаме тава за пржење и во неа масло да се загрее. Коренире од рен ситно ги рендаме. На загреаното масло го ставаме свинското месо да се пржи. Изренданиот рен го ставаме на чинија настрана. Откако ќе се испржи од едната страна месото го превртуваме во тавата. Во сад за матење го ставаме кајмакот и почнуваме да го матиме со миксер. Непрекинувајќи со матењето во садот го додаваме јогуртот.

Во тавата на оган налеваме 2 дл. вода и го додаваме половината од изренданиот рен. Ја покриваме тавата со капак и ја оставаме да се динста. Во садот за матење го додаваме мајонезот и повторно матиме со миксер. Лимонот го цедиме во цедалка. Во садот за матење додаваме мелен црн пипер и сол. Повторно матиме со миксерот.
Го тргаме капакот од тавата и месото го ставаме на чинија. Листовите зелена салата ситно ги сечкаме и ги ставаме во поголем длабок сад. Лимонот го цедиме во цедалка, а со сокот ја зачинуваме зелената салата. Потоа со црпалка кон зелената салата додаваме од кремот од рен. Промешуваме и салатата ја ставаме на чинијата за сервирање. Салатата со црпалка ја преливаме со кремот. Испрженото свинско месо го сечеме на филети кои ги редиме врз салатата на чинијата за сервирање. И филетите ги преливаме со кремот од рен.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Слатки работи

Баклава со лешници

Потребно:

- 500 гр. Кори за баклава
- 1 литар вода
- 100 гр. Цели лешници
- 200 гр. Толчени лешници
- 1200 гр. шеќер
- 125 гр. Маргарин
- 1 ванилин шеќер
- масло за јадење


Подготовка:

Ставаме едно тенџере на оган и во него додаваме еден литар вода. Потоа во тенџерето додаваме 1200 гр. шеќер и еден ванилин шеќер. Промешуваме со дрвена мешалка и го оставаме шербетот да врие.

На оган ставаме уште едно тенџере и во него ставаме 125 гр. маргарин. Кон маргаринот во тенџерето додаваме и масло за јадење. Кога маргаринот ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса.

Ги земаме корите за баклава и секоја една по една со четка за тесто ја намрснуваме со смесата од растопен маргарин и масло за јадење. Потоа врз кората положуваме една метална прачка и кората ја преклопуваме во должина од 10 сантиметри. И преклопениот дел го намрснуваме, па додаваме две лажици толчени лешници.Ја виткаме кората во ролат и ја оставаме на работната маса.

Со четката ја намрснуваме тавата во која ќе ја печеме баклавата. Го земаме подготвениот ролат, ја вадиме металната прачка и го пресекуваме ролатот на 3 парчиња по должина. Секое парче го виткаме во форма на полжав и го редиме во тавата за печење. Постапката ја повторуваме додека ги потрошиме сите кори и целата количина на лешници. Наредените парчиња во тавата со четка ги премачкуваме одозгора со смесата од растопен маргарин и масло за јадење. Ја ставаме тавата во рерна да се пече. Оставаме да се пече 40-тина минути на температура од 200 степени. Ја вадиме испечената баклава од рерна и ја ставаме на работната маса. Топлата баклава ја полеваме со речиси изладен шербет. На секое парче во средината ставаме по еден цел лешник.



рецептов специјално за Андроник..
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Овошна торта

Потребни состојки:

-5 јајца
- 2оо гр. шеќер
- 300 гр. Брашно
- 1 прашок за печиво
- парчиња исечкан ананас
- зашеќерени цреши
- сечкани бадеми
- 2 киви
- 500 гр. слатка павлака
- ванилин шеќер

Подготовка:

Најнапред ги земаме јајцата едно по едно ги кршиме и ги ставаме во длабок сад за матење. Со електричен миксер ги матиме јајцата кратко време. Потоа го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи . Во истиот сад постепено го додаваме брашното и за цело време матиме со намалена брзина на миксерот. Откако смесата ќе се соедини го додаваме прашокот за печиво.

Земаме една тава за печење и ја обложуваме со намрснета хартија. Потоа во тавата го истураме тестото за пандишпан. Тавата ја ставаме во рерна да се пече на 200 степени, околу 40-тина минути. Кога пандишпанот е печен ја вадиме тавата од рерната и ја ставаме на работната маса. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Потоа пандишпанот го превртуваме на работната маса и ја отстрануваме хартијата за печење. Го превртуваме пандишпанот на лице и од двете страни сечеме по една лента по должина на пандишпанот. Преостанатиот пандишпан со нож го сечеме на три дела по висина.

Во сад за матење со миксер ја матиме слатката павлака. Матиме додека павлаката добие потребна густина.

На даската за сечење со остар нож ги сечеме зашеќерените цреши на многу мали парченца. Излупеното киви го сечеме на средно големи плочки. Во готварскиот шприц ја ставаме слатката павлака. Со шприцот ја филуваме првата кора од пандишпанот. Потоа рдиме еден ред сечкан ананас, па повторно со готварскиот шприц филуваме со слатка павлака. Ја ставаме втората кора од пандишпанот и ја притискаме со раце за да се залепи. Врз неа со шприцот филуваме со слатка павлака. Потоа ги редиме парчињата зашеќерени цреши. Повторно ставаме слатка павлака, па ја ставаме третата кора од пандишпанот. Притискаме со раце за да се залепи. Најпрво со лопатка со слатка павлака ги премачкуваме страните на тортата, а потоа со готварскиот шприц и лопатката и горната површина на тортата. Страните на тортата ги украсуваме со сечкани бадеми, кои со раце ги лепиме на слатката павлака. Горната површина на тортата ја украсуваме со слатка павлака.



рецептов по барање на гижо..
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Темјанушка торта

- 5 јајца
- 125 гр. маргарин
- 200 гр. чоколада за готвење
- 200 гр. мелени ореви
- 12 лажици мелени бисквити
- 5 лажици брашно
- 4 лажици шеќер во прав
- 500 мл. хопла
- половина кесичка прашок за печиво
- 500 мл. млеко
- 10 лажици шеќер


Во тенџере го ставаме млекото и тенџерето го ставаме на оган. Во тенџерето додаваме 5 лажици шеќер и мешаме на оган додека шеќерот не се растопи. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. На даската за сечење чоколадата ја сечкаме на парчиња. Во тенџерето ги додаваме мелените бисквити и мелените ореви и промешуваме. Потоа ги додаваме и парчињата чоколада и мешаме додека чоколадата не се растопи.

Во сад за матење ги кршиме 4 -те јајцата и почнуваме да матиме со миксер. Во садот додаваме 5 лажици шеќер и матиме со миксерот додека шеќерот не се растопи. Потоа во садот го додаваме брашното измешано со прашакот за печиво и мешаме со жица за матење. Вака подготвеното тесто за пандишпан го истураме во претходно подготвена и со хартија обложена тава за печење. Со лажица го рамниме тестото и тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 180 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Потоа пандишпанот го превртуваме на работната маса и ја отстрануваме хартијата. Го превртуваме пандишпанот на лице и го сечеме на 2 еднакви кори. Првата кора ја ставаме на послужавник.

Во сад за матење го ставаме маргаринот и го додаваме шеќерот во прав. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Го исклучуваме миксерот. Го кршиме јајцето и ја делиме жолчката од белката. Жолчката ја оставаме во садот за матење, а белката во сад настрана. Повторно матиме додека жолчката не се соедини со маргаринот. Го исклучуваме миксерот и во садот го додаваме изладениот фил од тенџерето. Матиме со миксерот додека смесата не се соедини.
Со филот ја премачкуваме првата кора од тортата, а врз филот ја ставаме втората кора. Потоа и неа ја премачкуваме со фил.
Во сад за матење ја ставаме хоплата и матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната густина. Шлагот го полниме во готварски шприц со кој ги украсуваме страните и краевите на тортата.
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Aj nekoja od domakinkite da pomozi mi se jadat Ledeni kocki i ne mi se ceka so nedeli taka pls ako imate recept davajte :)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ледени коцки

Потребни состојки:

- 4 јајца
- 10 лажици брашно
- 12 лажици шеќер
- 2 лажици какао
- половина кесичка прашок за печиво
- 500 мл. млеко
- 200 мл. хопла
- 125 гр. маргарин
- 200 мл. вода
- 100 гр. чоколада за готвење

Подготовка:


Во тенџере ставаме 400 мл. млеко и го ставаме тенџерето на оган. Мешајќи со жицата за матење во тенџерето додаваме 6 лажици шеќер. Во преостанатото млеко во мензурата додаваме 4,5 лажици брашно и промешуваме со жицата. Користиме од моето брашно на мелницата Кадино, кое е без адитиви. Во зовриеното млеко го додаваме размешаното брашно и непрекинато мешаме со жицата. Вариме на оган додека кремот не ја добие потребната густина.

Во друго тенџере ја ставаме водата и го ставаме тенџерето на оган. Во тенџерето додаваме шеќер и оставаме да зоврие. Во сад за матење ги кршиме 4-те јајца и ги матиме со миксер. Во јајцата додаваме 6 лажици шеќер и матиме со миксерот додека шеќерот не се растопи. Зовриениот шербет го тргаме од оган и го ставаме на работната маса. Го исклучуваме миксерот. Прашокот за печиво и какаото ги мешаме со брашното, а потоа ги додаваме во садот за матење. Мешаме со жицата додека смесата не се соедини. Потоа смесата ја истураме во претходно подготвена и со хартија обложена тава за печење. Со лажица ја мазниме горната површина на тестото и тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 200 степени. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и ја ставаме на работната маса.

Чоколадата ја сечеме на парчиња и ја ставаме во метален сад. Садот го ставаме врз тенџере со вода на оган за да ја растопиме чоколадата на пареа. Со остар нож ги одлепуваме краевите од пандишпанот од тавата. Пандишпанот го превртуваме на работната маса и ја отстрануваме хартијата. Претходно сварениот и изладен крем го ставаме во сад за матење и го матиме со миксер. Во садот го додаваме маргаринот и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Со овој фил го премачкуваме пандишпанот.

Чоколадата која се топи на пареа ја промешуваме и додаваме масло за јадење за да има поубав сјај. Го вадиме металниот сад од тенџерето и го ставаме на работната маса. Во сад за матење ја ставаме хоплата и ја матиме со миксер. Дел од шлагот го ставаме во сад настрана, а преостанатиот го матиме додека шлагот ја добие потребната густина. Шлагот го нанесуваме врз кремот и рамномерно го размачкуваме.

Од хартија правиме готварски шприц, кој го полниме со шлагот кој го оставивме настрана. Врз шлагот на тортата ја нанесуваме растопената и изладена чоколада и рамномерно ја размачкуваме. Со шприцот наполнет со шлаг ја декорираме чоколадата.

еве ти ragazza :wink:
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Nemas predstava kolku me izradva sega ke ja zapregnam ceca da mi praj taman za posle rabota da se gotovi , a za ova imas so sakas .Fala ti !!!!!!!
 
Член од
14 мај 2005
Мислења
12
Поени од реакции
0
Ќе те биде домаќинка :lol:
Иначе,обожавам сникерс-чоколадо. Сигурно имаш рецепт и за тоа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom